Универзитет "Гоце Делчев" - Штип

Член од
8 декември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
dali nekoj moze da mi pomogne i da mi kaze kaze moze da ja spustam ovaa kniga Zoologija na 'rbetnite zivoptno od ALEKSANDAR DIMOVSKI.HITNO E
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Универзитетот „Гоце Делчев“ е на второто место во државата според рангирањето од најрелевантната листа за рангирање на универзитетите. Рангирањето се спроведуваше на сите 19 високообразовни институции во државата, а траеше повеќе од една година.

Според официјалните информации од Министерството за образование и наука, Универзитетот „Гоце Делчев“ е на втората позиција, според неколкуте критериуми кои ги зема предвид Универзитетот „Џио Тонг“ во Шангај.
Листата рангира според 60-тина критериуми кои за работата на универзитетите, а дел од критериумите беа: научноистражувачката дејност на научниот кадар, процентот на професорите со повисоко звање, квалитетот на наставата, достапност до литература, колку од студентите нашле работа по дипломирањето и многу други.
По долгите и опсежни анализи на шангајскиот универзитет, според сите критериуми, УГД се искачи на второ место на една од најрелевантните ранг-листи во светот. За четири години постоење УГД успеа да биде на второто место од 19 високообразовни институции во државата. Ова е доказ дека работата на Универзитетот е потврдена како правилна од страна на најрелевантната институција во светот. Рангирањето на универзитетите беше ангажирано пред повеќе од една година од страна на Министерството за образование и наука. Шангајската листа ги рангира 500 најдобри универзитети во светот, засега на таа листа нема македонски универзитет.
Ова истражување кое го спроведе Универзитетот „Џио Тонг“ имаше за цел да им помогне на идните студенти во изборот на нивниот факултет, односно универзитет. Студентите ќе имаат прецизни податоци за тоа на колку квалитетен универзитет студираат, што можат да добијат за време на студиите и по завршувањето на факултетот.

http://www.ugd.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=807:2012-02-10-11-11-46&catid=38:2008-05-14-08-42-14&Itemid=79
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.187
Поени од реакции
21.329
А каде може да се види листата? Пошто во Дневник поинаку пишува:

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=EE7B99EF65E3B440A30A83FAF4B9493B

Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“ од Скопје има ранг 1.468, а Универзитетот „Свети Kлимент Охридски“ 3.457. Нареден е Европскиот универзитет во Македонија кој има ранг 4.862. Следува Универзитетот на ЈЕ (ранг 7.580), Универзитетот „Гоце Делчев“ (8.022), фон 8.127 и на 11.456 место се наоѓа Универзитетот „Американ колеџ“.
 
Член од
3 април 2010
Мислења
260
Поени од реакции
41

Овој ранг од Дневник е препишан од http://www.webometrics.info/rank_by_country.asp?country=mk (сега гледам ја имат и рефреширано), кој дава рангирање на универзитетите во светот но не е релевентен, така да не ја земај оваа листа здраво за готово. Пред месец време беше тој ранкинг кој ти го имаш напишано, а сега има ново рангирање.
А рангот на македонските универзитети сеуште не е објавен довечер или утре сигурно ќе го објават на дневникот на сител или канал5. Сигурно надлежните од УГД веќе ја имаат добиено листата па затоа се и избрзале да објаваат статија на страната на универзитетот, иако официјално сеуште ја нема никаде објавено.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
На правен сум 4 во Кочани, некои викаат демек било потешко во Скопје, сега незнам дали е или не е но знам дека во Кочани ако не учиш нема да положиш и многу е различен начинот на полгање од Скопје што мислам дека е и потежок, за професорите има повеќето од Скопје така да јас лично задоволен сум, а сигурен сум во работата дека многу е подобар од Скопскиот во врска со трошоците, сега на нас ни направија 4 година да плаќаме исто по 200 евра, а во Скопје мислам дека е 800, така да на кого му е учи оваа област нема да се заебе ако се запише тука!!!
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
На правен сум 4 во Кочани, некои викаат демек било потешко во Скопје, сега незнам дали е или не е но знам дека во Кочани ако не учиш нема да положиш и многу е различен начинот на полгање од Скопје што мислам дека е и потежок, за професорите има повеќето од Скопје така да јас лично задоволен сум, а сигурен сум во работата дека многу е подобар од Скопскиот во врска со трошоците, сега на нас ни направија 4 година да плаќаме исто по 200 евра, а во Скопје мислам дека е 800, така да на кого му е учи оваа област нема да се заебе ако се запише тука!!!​
PRIJATEL VERUVAJ DEKA SKOPJE E MN MN POTESHKO BEZ OGLED NA SE VIDI SAMO KOJ DRUG UNIVERZITET E 8000 SO ZIMBAMVE SME PODOLU :p
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Студенти/ки на УГД, што имате да кажате за новото правило околу презапишувањето на предмети, кое почна да се спроведува од изминатиов семестар ??

За оние кои не се запознаени, правилото гласи вака : Студентот што нема да освои најмалце 35 поени од предавања, вежби, семинарска и двата колоквиуми, автоматски го презапишува истиот предмет наредната година.

Според мене ова е повеќе од сурово. Лани дел од профе. не им дозволуваа на тие кои немаат 35 п. да полагаат завршен испит, што и до некаде го оправдувам и се 'јаде' преку тоа. Ама ова со дирекното презапишување на предмет, без можност да се полага истиот во било која од сесиите е во крајна линија сурово и драконски. Меркава особено доаѓа до израз откако од годинава на професорите им дале дискреционо право сами да решаваат околу поените за вежби и семинарски (значи асистентите се речиси со пасивна улога) и + имаат право да поставуваат долни граници на завршните, што лани не беше случај. Значи правилото што го зборуваа на почетокот : Како знаеш и умееш собери 51 поен за 6ка, паѓа во вода. Без разлика дали претходно имате освоено поени за 6ка или 7ца, ако не освоите одреден квантум на поени (најчесто бараат 15) на завршен може слободно да ве бутнат, што од моја страна е крајно неоправдано и бесмислено.

Во Струмица по Монетарна Економија на примиер, од 50-60 студенти само 20ина имаа право на завршен (што значи 30-40 од старт веќе го имаат презапишано), а со границава од минимум 15 поени на завршен, прашање е дали и пола од тие 20те ќе го земат предметот.

Мислам дека ова се' паѓа на плеќите на студентите, нереално, необјективно и во одредена мера пристрасно ќе се одлучува од страна на професорите кој колку поени ќе зема т.е. кој ќе положи, а кој не. Мислите ли дека треба ние да превземеме нешто и да се избориме ова да не пушти подлабоки корени. Работава оти не ја бива ....
 
на глупостите на УГД им нема крај,што е следно бркање неподобни студенти?
 
Член од
23 април 2012
Мислења
27
Поени од реакции
21
Јас завршив на овој универзитет,и искрено не сум нешто најзадоволна.Имаше професори што навистина си ја знаеа својата работа,а имаше и такви што немаат никаква врска.
Можеби во Скопје е поголема партиципација,ама тука пак плаќавме за некои глупости(како на пр.за семинарски).И на крајот нема да можеш да си го земеш уверението ако не платиш тоа што ти изгубиле
 
Член од
25 мај 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Нова сум тука на форумов, сакам да ве прашам затоа што планирам да се запишувам на стоматологиjа во штип..
Да ми кажете како е, што е, дали ке ми биде тешко, затоа што општа учев средно??
Што предмети има и такви други инфорации... Некое советче не е на одмет :)
 
На линков ги имаш студиските програми на Фак. за Медицински Науки (на стр.9 ти е конкретно за Стоматологија) и кратки објаснувања околу предметите и начините на полагање по сите.

http://fmn.ugd.edu.mk/images/stories/file/pdf/studiski programi/studiska_programa_2010_11.pdf

Јас не сум на тој факултет и не можам поконкретно да те упатам околу истиот. Ако некој член овде е запишан на Стоматологија, сигурно ќе сподели повеќе инфо .. ;)
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
48
Поени од реакции
44
Sakam da prasam dali nekoj znae dali ima studii po istorija i arheologija
 
iww

Член од
30 мај 2012
Мислења
15
Поени од реакции
4
здраво! :) нова сум на форумот па сакав да прашам бидејќи планирам да се запишам на очна оптика и оптометрија ...доколку има некој кој што е запишан на ова да ми објасни нешто што како е . Фала однапред :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom