Веста е сосема погрешно пренесена станува збор за стапување во сила на новиот Устав од 1 јануари 2012
Од 1 јануари стапи на сила новиот Устав на Унгарија
Поранешните комунисти и либералите го сметаат за контроверзен. Еве што се главните работи во новиот Устав на Унгарија:
На 1 јануари 2012 година во сила стапи новиот Устав на Унгарија, прв Устав во пост-комунистичката ера на Унгарија.
Поранешните комунисти и либералите го сметаат за контроверзен. Еве што се главните работи во новиот Устав на Унгарија:
- Се признава историската улога на Христијанството;
- Бракот се дефинира како заедница на еден маж и една жена;
- Животот се дефинира од зачнувањето до смртта;
Уставот е донесен со легално мнозинство, односно повеќе од две третини од пратениците.
Воведните зборови во Уставот се „Господ да ги благослови Унгарци“, а во преамбулата се потенцира гордоста дека првиот крал Стефан (975-1038) ги поставил темелите на унгарската држава и ја направил да биде дел од христијанска Европа.
Уставот изразува почитување на останатите религии во Унгарија, но потенцира дека унгарските граѓани ја признаваат клучната улога на христијанството во создавањето на нацијата.
Групите што се залагаат за одобрување на абортусот се противат на членот од Уставот што го заштитува фетусот од моментот на создавањето. Амнести интернешнал и Центарот за репродуктивни права соопштија дека Уставот води кон забрана на абортусот.
Амнести интернешнал исто така го критикува изоставањето на сексуалната ориентација и заштитата на традиционалната дефиниција за брак бидејќи може да се користи за забрана на „бракови помеѓу ист членови на ист пол“ со што според нив се нарушувале европските анти-дискриминаторски стандарди.
Но, според членот на унгарскиот европратеник Ѓеорги Шопфлин во срцето на новиот Устав има „слобода“.
- Уставот ја зајакнува посветеноста на Унгарија за индивидуална слобода, демократија и владеењето на законот, вели европратеникот.
Извор