Јас сум цврст подржувач на секуларизмот како општествено уредување во овој момент од цивилизациската еволуција. Секуларизам е буквално одвојување на црквата од државата, значи црквата неможе да се поистовети со државата. Меѓутоа демократски е да има влијание во мислењето. Неможе тоа прави да и се прекрати. Ако една религија може да достигне такво влијание да се рече во уставот дека таа религија е доминантна во една држава, тоа не значи дека таа држава се води по црковните закони, или дека црквата се поистоветува со државата. Да пробаш да го исклучиш влијанието на религиозна заедница е сосема недемократски чекор и може да доведе до контраефект.
Викаш дека си
цврст поддржувач, ама малку би дозволил
дискриминација врз основа на верска припадност. Мене не ми изгледа ова демократски.
Основните идеали на секуларното општество се:
1.
Длабока почит за индивидуата и заедниците на кои таа припаѓа
2.
Рамноправност на сите луѓе
3.
Подршка за достигнување на лична извонредност за
сите луѓе
4.
Рушење на бариерите на класи и касти
Со ваква интервенција (интерес на
религиозна група) во
Уставот на една
секуларна демократска држава, таа престанува да биде секуларна. И тоа е страшно. Се кршат
сите 4 идеали на секуларната држава. Се фаворизира, сегрегира, се поттигнува ксенофобија и радикален национализам. И тоа е тажно за земја од Европа во 21 век.
И друга работа, зошто на пример го сметате секуларизмот за придобивка на атеизмот. Ајде еве размисли во државите кои се секуларни на западот, колку има атеисти во процент? Дали е тоа поголемиот процент на луѓето? Ако секуларизмот го сметаш за придобивка на атеистите, не ли се западните општества тогаш атеистички диктатури?
Јас мислам дека тука сосема не си во право. Цивилизацијата дошла до степен на еволуција каде што моралните нормативи се целосно еволуирани, префрлени и контролирани од страна на државата, а од друга страна манипулацијата на религијата е маргинализирана, тоа е моментот на секуларизацијата. За да дојде до овие две точки кога ќе ги погледнеш реално ќе видиш дека најголема улога има самата црква.
Атеизмот
не е идеологија. Престани да го третираш како такво нешто. Ако сакаш да покажуваш на идеологија, збори за
секуларизам. .... Секуларизмот, викаш самиот, го почитуваш. Затоа твојот
избран стереотип за wошите атеисти е многу контрадикторен.
Претпоставувам дека си накурчен на
антитеистите. Сепак, дури и да е тоа случај, сметам дека не ти дава за право
свесно да генерализираш и
сите атеисти, па дури и антитеисти да ги поистоветуваш со
антисемитисти,
антиглобалисти, екстремни либерали или педери. Тоа е ограничено и педерски. Најмалку третина од популацијата на западна Европа не верува во богови.
Секуларизмот е прибобивка за
разумното/
рационалното размислување. Религиозното размислување не се користи со оваа алатка.
Друга придобивка на разумот е атеизмот -
ставот дека во овој универзум нема простор за богоби и божества какви што луѓето ги опишуваат во своите „свети“ книги и преданија.
Генерализацијата не е игнорантност сама по себе, туку избрана игнорантност. Јас не го пренесов само мојот став тука, туку и ставот на некои научници тука, кои не веруваат во бог, но не сакаат да се движат во круговите на атеистите. Стереотипот си го гради самата заедница. Тие што преќутуваат на злобата на своите само заради тоа што се нивни се и нивни учесници.
Кои се тие научници чиј став го пренесе тука? Кои се тие „кругови на атеисти“ кои се избегнувани. Џамејка, сеуште оперираш со
својата дефиниција за атеизам како за идеологија или заедница на луѓе кои
дејствуваат религиозно или политички. Ти можеш свесно да одлучиш да имаш негативен стереотип, можеш да имаш и измислени „лични“ категории, ама ако еднаш пишеш на форум, мора да се корегираш во терминологијата. Иначе, џабе муабет.
Зошто палестина не доби држава, а Израел доби после војната знаеш ? Дека Ерусалемскиот муфтија бил еден од најголемите подржувачи на Хитлер, а притоа имал подршка од огромно мнозинство на Палестинците, и истовремено бил водач на најозлогласените СС одреди.
Зошто дури и православните и Евреите (да не зборам за муслуманите) гледале негативно кон крстоносците?
Шо знам зошто. Може дека евреите сакаа да си одат дома после покољот што им го направи
во име на Јахве Големиот Водач Хитлер - гољам верник, гољам другар сос Црквите и господ. Ова со палестинците му е ко кец на десетка.
Лично, ич не ми е гајле како религиозните групи си се мрзат и како се требат во име на својот, а неретко и заедничкиот бог. Јас во божества не верувам. Меѓудругото, не верувам ниту во насилство, во национализам или лажни авторитети. Овие нешта не се воопшто непознати за религиите.
Генерализацијата се гради со континуирани потврди, за жал атеистите го имаат изградено тој имиџ тука на западот.
Јас стварно не знам во каков круг на луѓе се движиш, но
моите искуства со Европа се сосем поинакви. Речиси сите луѓе кои јас ги познавам, а се на возраст од 20-70 години, во принцип
воопшто не се замараат со религија. Нит со Црква, нит со муабет за. Некои се изјаснуваат како традиционални протестанти или католици, но
речиси никој од нив не се декларира како верник - може дека се претежно луѓе од Образование.
Во дискусиите за атеизам, милитантен атеизам (антитеизам) и растечкиот религиозен фундаментализам (христијански и муслимански), не забележувам негативни стереотипи против антитеистите (за атеистите па да не зборувам). Од друга страна, без исклучок
, сите го осудуваме растечкиот религиозен фундаментализам.
Реакција на последниве е
Новиот атеизам. Мислам дека на ова се курчиш:
"religion should not simply be tolerated but should be countered, criticized, and exposed by rational argument wherever its influence arises."[1]
Дали сум во право?