Унгарците со устав се бранат од исламизација

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.420
Поени од реакции
5.097
Ако одиш по таа логика, и ако ги изброиме жртвите, на пример на тие што не станале „од милиње“ атеисти. Тогаш без проблем можеме да дојдеме до заклучок дека атеизмот нанел повеќе зло во светот отколку било која религија.
ЕДИТ:
Атеизмот нанел повеќе зло во светот од сите религии заедно!
Досега немам слушнато некој да убива во име на атеизмот.
Додека во име на религијата.... масакр се прават и до ден денес. Да не зборуваме за минатото.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Веста е сосема погрешно пренесена станува збор за стапување во сила на новиот Устав од 1 јануари 2012

Од 1 јануари стапи на сила новиот Устав на Унгарија

Поранешните комунисти и либералите го сметаат за контроверзен. Еве што се главните работи во новиот Устав на Унгарија:

На 1 јануари 2012 година во сила стапи новиот Устав на Унгарија, прв Устав во пост-комунистичката ера на Унгарија.

Поранешните комунисти и либералите го сметаат за контроверзен. Еве што се главните работи во новиот Устав на Унгарија:

- Се признава историската улога на Христијанството;

- Бракот се дефинира како заедница на еден маж и една жена;

- Животот се дефинира од зачнувањето до смртта;

Уставот е донесен со легално мнозинство, односно повеќе од две третини од пратениците.

Воведните зборови во Уставот се „Господ да ги благослови Унгарци“, а во преамбулата се потенцира гордоста дека првиот крал Стефан (975-1038) ги поставил темелите на унгарската држава и ја направил да биде дел од христијанска Европа.

Уставот изразува почитување на останатите религии во Унгарија, но потенцира дека унгарските граѓани ја признаваат клучната улога на христијанството во создавањето на нацијата.

Групите што се залагаат за одобрување на абортусот се противат на членот од Уставот што го заштитува фетусот од моментот на создавањето. Амнести интернешнал и Центарот за репродуктивни права соопштија дека Уставот води кон забрана на абортусот.

Амнести интернешнал исто така го критикува изоставањето на сексуалната ориентација и заштитата на традиционалната дефиниција за брак бидејќи може да се користи за забрана на „бракови помеѓу ист членови на ист пол“ со што според нив се нарушувале европските анти-дискриминаторски стандарди.

Но, според членот на унгарскиот европратеник Ѓеорги Шопфлин во срцето на новиот Устав има „слобода“.

- Уставот ја зајакнува посветеноста на Унгарија за индивидуална слобода, демократија и владеењето на законот, вели европратеникот.

Извор
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Carl Sagan фала за веста сега уште повеќе го поддржувам Орбан. Запамтете се што ги возбудува и иритира евробирократите од Брисел и оние од Вашингтон значи дека е добро! Загрижени биле за демократијата а нас не д**** со години и не не признаваат за живи! А сега се грижат за исламофобијата и гејофобијата во земја каде што нема ни 1% од тие категории луѓе. народот во Европа се буди, а евробирократите сеуште спијат.

--- надополнето: 3 јануари 2012 во 03:59 ---
Инаку коалицијата на Виктор Орбан има 2/3 мнозинство во парламентот на Унгарија, се разбира на пацовите од Брисел и Вашингтон тоа не им е битно, за нив народот е ништо-нула кој не треба да биде прашан за ништо. За нив постојат планови/агенди кои треба да се исполнат и не ги интересира кој што мисли! Затоа ми е смешно кога истите тие обвинуваат некого за неофашизам.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Уништувале вредности и традиции.
Секогаш како пример ги земам “злосторствата“ на Варг Викернес во Норвешка и неговото палење на цркви како знак на револт поради „глобализацијата наречена Христијанство“ која се наметнала дури до Норд Кин, постилајќи се врз вредностите на цивилизациите кои претходеле на христијанскиот бран.
Затоа не гледам некоја поента при оправдувањето на таквите „блокади“ за исламот од христијански побуди, баш заради историското пресликување на настаните.
Вистина е дека исламот би ги уназадил вредностите и афинитетите на европските (христијански) општества, меѓутоа исламизацијата на Европа е повеќе од геополитичка и демографска реалност.
Дјуд, сериосли?

Каква поврзаност има твојот коментар “Истото го правеа и Христијаните за да создадат таква култура и традиција.“ со Варг Викернес, кој палел цркви и за кој се верува дека бил сатаниста?

Исламизацијата ако е правена по природен пат, по прифаќање на верата, не би имал ништо против. Меѓутоа да се поставува како противтежа за отфрлање на Христијанството е далеку од прифатливо и претставува верско узурпирање, обид да се истисне другата религија.

Тоа не е исто што и релативизирање на религиите и нешто што води кон секуларност.
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 08:45 ---
Крстови по школите, или било кој друг религиски симбол, не само што не е во духот на секуларноста (одвоеноста на државата / школото од црквата), туку е и најстрашно злосторство врз децата
А кој тоа ја поставил секуларноста како универзална вредност? Има некои виши стандарди според кои секуларноста е една од нив?

Не можеш да уништуваш култура и традиција бидејќи не е во согласност со „модерните“ трендови.

Децата стануваат верски припадници со нивното крстење, поимањето на верата го земаат од нивните родители.
Според тоа, злосторството, кое го серијски го повторуваат нашите родители треба да биде осудено и окончено?

Бегајќи од дождот можеш да паднеш во река - стара изрека.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А кој тоа ја поставил секуларноста како универзална вредност?
Здравиот разум. Секуларноста е најголемата придобивка на модерната цивилизација. Таа едноставно значи дека не може некој во името на своето измислено пријателче да ти одредува кои се вистинските вредности во животот. Мислам дека придобивките од секуларизацијата на државата се self evident, и дека секоја дискусија на оваа тема е депласирана...

Он топик, мене некои одредби во новиот устав на Унгарија, онака како што се пренесени ми се допаѓаат, некои не.
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 09:18 ---
Децата стануваат верски припадници со нивното крстење, поимањето на верата го земаат од нивните родители.
Според тоа, злосторството, кое го серијски го повторуваат нашите родители треба да биде осудено и окончено?

Бегајќи од дождот можеш да паднеш во река - стара изрека.
Тоа е номинално припаѓање на одредена вера, нема никаква суштина. Човекот треба сам, во моментот кога ќе биде способен за тоа, да одреди на која вера да и припаѓа, и дали воопшто му е потребна некаква вера. Никој не смее да го узурпира тоа право во името на некоја припадност...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Здравиот разум. Секуларноста е најголемата придобивка на модерната цивилизација. Таа едноставно значи дека не може некој во името на своето измислено пријателче да ти одредува кои се вистинските вредности во животот.
Првин научи што е тоа секуларност.

Мислам дека придобивките од секуларизацијата на државата се self evident, и дека секоја дискусија на оваа тема е депласирана...
Пробај да ги наведеш, без да бегаш од дискусија со своеволни лични заклучоци.

Тоа е номинално припаѓање на одредена вера, нема никаква суштина. Човекот треба сам, во моментот кога ќе биде способен за тоа, да одреди на која вера да и припаѓа, и дали воопшто му е потребна некаква вера. Никој не смее да го узурпира тоа право во името на некоја припадност...
Тоа се нарекува традиција.
Кога ќе бидеш возрасен, никој не те присилува или одзема правото да смениш вера или да станеш атеиста.

Како и да е, да не одиме надвор од темава. Јас потполно го оправдувам и го поздравувам уставот на Унгарија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Атеизмот сам по себе никогаш не нанел никакво зло на светот, туку само напредок.
А религијата сама по себе нанела зло?
Тие што го практицирале во недостаток на човечност тоа го направиле. Погледни ги злосторствата на тие што практицирале Атеизам и изброј ги жртвите за 1 век, и спореди ги со жртвите во изминатите 2000 години во име на религијата. Па ќе ти стане јасно што зборам. Ниту оружјето не убива само по себе, некој треба да го употреби.

Комунизмот не е исто со атеизам. Атеизмот е едноставно отсуство на вера во постоење на бог. Точка
Не е исто де, далеку е од исто. Но е првата идеологија што го практицирала Атеизмот. И се покажала како далеку покрвава од сите што практицирале било каква религија, вклучувајќи ја и инквизицијата и од фундаменталистичкиот ислам. Творецот на најголемите терористички движења во дваесетиот век, чие делување сеуште се осеќа со одредени флуктации беше атеистичкиот комунизам.

Атеизмот сам по себе е толку агресивен, радикален и нетолерантен во праксата, што говорот на омраза е толку општ што опфаќа огромен дел од популацијата. Догмите кои се користат во Атеизмот и нивното претворање во егзактност од страна на приврзаниците, го прави Атеизмот многу сличен на религиозно движење.

За да се смени устав потребни се 2/3 од легитимно избрано пармламентарно мнозинство на западна и просперитетна земја, далеку попросперитетна од Македонија. Самата осуда на тој чин ме подсетува на некои други времиња кога една структура што практицираше Атеизам вршеше терор врз своите неистомисленици.
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 11:40 ---
„Европската унија го предупреди Орбан дека новите закони не се во склоп со законите на Европската унија. Исто така Вашингтон изрази стравување за демократијата во неговата земја.“

Масовни протести против новиот устав.
Нормално е четвртата интернационала да излезе да протестира. Сепак комунизмот владееше таму со години, има по некој носталгичар и кодош кој ги изгубил привилегиите што ги имал тогаш и сега ја користи секоја прилика да плука и да се надева дека ќе направи нова револуција.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Првин научи што е тоа секуларност.
:vozbud::vozbud:

Чекај, чекај, ти мене ми рече да научам што е тоа секуларност?

:icon_lol:

Земи избриши го тоа, потоа ќе заклучиме дека историјата во тој момент отиде во клозет, па тој твој бисер нема да остане забележен...
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 13:53 ---
Не е исто де, далеку е од исто. Но е првата идеологија што го практицирала Атеизмот. И се покажала како далеку покрвава од сите што практицирале било каква религија, вклучувајќи ја и инквизицијата и од фундаменталистичкиот ислам. Творецот на најголемите терористички движења во дваесетиот век, чие делување сеуште се осеќа со одредени флуктации беше атеистичкиот комунизам.
Ова се тешки глупости. Жртвите во тоталитарните држави не се убиени во името на атеизмот, туку во името на политичките идеологии.

Жртвите во религиозните прогони се директна последица на религиозните убедување и несогласувања.

Ниту еден софизам на светот нема да може да на прави равенство помеѓу тие две врсти на прогони...
 
F

Frankie Yale

Гостин
Првин научи што е тоа секуларност.
Нема тука што да се научи, очигледно е дека во секуларните општества никој не може да ти ја форсира религијата на мнозинството, верувај или те палам.

Кои се придобивките? Па можеш да ги погледнеш разликите меѓу теократските општества и секуларните, како прво. Погледни ги исламските земји денес, погледни ги христијанските земји во времете кога религијата ја диктирала политиката и ќе заклучиш дека тоа време се нарекувало мрачно доба! Dark ages, друже...

Хм, придобивките се очигледни...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.166
Поени од реакции
83.988
Има само два примери на атеистички држави, во историјата до сега. Само во две држави беше забранета религијата. Царство на слободата, според форумскиве атеисти претпоставувам.
Едната беше Албанија на Енвер Хоџа, а другата Камбоџа на Пол Пот. Народот и во двете, за време на нивното владеење, беше презадоволен, оти религијата ја немаше, за да го затупува. Но просперитетните општества кои навистина ветуваа, беа однадвор поткопани од ватиканските масонски сиви еминенции кои у слободно време се претвараат у гуштери. Масонски гуштери.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
:vozbud::vozbud:

Чекај, чекај, ти мене ми рече да научам што е тоа секуларност?
:icon_lol:
Земи избриши го тоа, потоа ќе заклучиме дека историјата во тој момент отиде во клозет, па тој твој бисер нема да остане забележен...
Имаш магистрирано секуларистика, така? :facepalm:

Ајде уште еден поглед да фрлиме на твојот бисер:
Здравиот разум. Секуларноста е најголемата придобивка на модерната цивилизација. Таа едноставно значи дека не може некој во името на своето измислено пријателче да ти одредува кои се вистинските вредности во животот. Мислам дека придобивките од секуларизацијата на државата се self evident, и дека секоја дискусија на оваа тема е депласирана...
Очигледно мешаш основни значења, бидејќи секуларизмот не значи одрекување од религијата.

Секуларизам =/= Атеизам

Со извршувањето на државна функција никој човек не постанува автоматски атеиста, како што се чини дека си претставуваш, а вистинските вредности не ги претставуваат законите објавувани во Службен Весник.
 
Не би да изигравам адвокат, ама како го изведе тој заклучок од цитатот... is beyond me.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Нема тука што да се научи, очигледно е дека во секуларните општества никој не може да ти ја форсира религијата на мнозинството, верувај или те палам.

Кои се придобивките? Па можеш да ги погледнеш разликите меѓу теократските општества и секуларните, како прво. Погледни ги исламските земји денес, погледни ги христијанските земји во времете кога религијата ја диктирала политиката и ќе заклучиш дека тоа време се нарекувало мрачно доба! Dark ages, друже...

Хм, придобивките се очигледни...
Мојата реплика не се однесуваше на себе.

Ти наметнуваш теза за која воопшто не стана збор на темава, бидејќи Унгарија никогаш ниту била, ниту пак сега претставува некаква теократија.

Како што реков и претходно, традицијата мора да се почитува и ако е потребно законски да заштити.

Поради истата причина поради која црквите, базиликите и сл. сакрални објекти се дел од културно-историското богатство на секоја една земја, тие најнормално се ставаат под заштита на разни институции, се реставрираат од буџетот и ја промовираат земјата како доказ за длабоката историја и духовност.

Доколку некому на самиот видок му смета крстот, тогаш зошто воопшто се нафатил да доаѓа во мнозински христијанска земја?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom