Укинување на визите = иселување

Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Каква немачка какви бакрачи :)), и Германија е дел од Европска унија една држава од тие што ја основале ЕУ, така што сега се 27 земји членки. Помини словенска граница и кај сакаш оди низ европа никој не те чепка освен во В. Британија дека таа не е дел од ЕУ и Ирска. Значи можеш да шеташ низ сите земји членки на ЕУ и да работиш но на црно, бидејќи ние не сме членки на ЕУ. Кога ќе станеме еден ден е тогаш ке биде легално со работава и со престојот, колку сакаме и каде сакаме. :vozbud:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653

Од кога Британија не е дел од ЕУ? :kesa:
И пробај работи на црно... па да видиш што казни ќе јадеш и ти и твојот газда, се разбира ако те фатат :raz:
 
gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Од кога Британија не е дел од ЕУ? :kesa:
И пробај работи на црно... па да видиш што казни ќе јадеш и ти и твојот газда, се разбира ако те фатат :raz:
Британиа е дел од ЕУ ,ама не е и дел од шенген зоната ,така да за УК се уште ни требаат визи
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Британиа е дел од ЕУ ,ама не е и дел од шенген зоната ,така да за УК се уште ни требаат визи
Tоа знам... ама членот над мене напишал дека Британија не е дел од ЕУ :)
 
Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Tоа знам... ама членот над мене напишал дека Британија не е дел од ЕУ :)

Моја грешка сакав да кажам дека не е дел од шенген зоната, и немаме право да патуваме во В. Британија без визи. :helou:

Од кога Британија не е дел од ЕУ? :kesa:
И пробај работи на црно... па да видиш што казни ќе јадеш и ти и твојот газда, се разбира ако те фатат :raz:

Па сеа јебига на ризик одиш, инаку како ке преживееш таму и како ке извадиш некој денар ако не работиш на црно, од кај пари за кирија и за јадење освен ако не си сместен кај некој роднини, или не заминеш само на шетање, а за во ЕУ додека да влеземе ке поминат уште 5-8 год. :salut:
 
H

^HITMAN^

Гостин
Мислам дека темите кои со тек на време се покажале како неточни треба да се избришат. Ова важи за оваа тема поготово. Незнам како и помисливте дека ќе има иселување од државата? Уште пред да ни дадав визна либерализација се знаеше дека таа ќе има рестрикции и дека не ќе може да се работи ниту пак да се престојува во ЕУ земја повеќе од ограничениот период. Глупа тема.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имаше масовно иселување од земјава и масовно враќање во комплет со просјачкиот стап. :)
 
sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Тие што требаше да се иселат (поголем дел од работоспособното население) се иселија пред либерализацијата.... Тоа беше предуслов. Да се осигураат дека немаме луѓе што можат да направат навалица.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Ништо од иселувањето , заминаа некои и се вратија , дури мислам дека оваа година помалку ке излезат од прошлите години.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Безвизниот не ја исели Македонија

Повеќе од 100.000 македонски државјани ја напуштиле земјава без да се вратат назад во месеците по 19 декември, кога стапи во сила визната либерализација, откриваат податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР). Во периодот од 1 декември 2009 година до 31 март 2010 година 823.893 македонски државјани излегле од државава, а влегле 722.417, што е разлика од 101.476.

Сепак, според МВР, ова не треба да се смета за индикатор за иселување од Македонија, зашто тенденциите за излез и за влез во земјава биле слични како во истиот период лани кога се' уште беа потребни визи за патување во шенген-зоната. Од 1 декември 2008 до 31 март 2009 година Македонија ја напуштиле 703.231 државјанин, а се вратиле 614.661, што е разлика од 88.570. Со споредба на бројките, сепак, се доаѓа до заклучок дека по укинувањето на визите е зголемена фреквенцијата на патувања, како и дека е благо покачен бројот на македонски државјани што излегле и во меѓувреме не се вратиле во земјава.

Во анкета на Центарот за истражување и креирање политики, една третина од испитаниците рекле дека имаат роднина во некоја од земјите во ЕУ. Меѓу Македонците, 20 отсто имаат роднини во ЕУ, а меѓу Албанците дури 65 отсто одговориле дека имаат близок во Унијата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F8A74E5A5A77274EB4CE14D85F918740
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Да иселување но ако ти издадат пасош.Сега нема пасоши а камо ли патувања.
Кој е го тоа направил.:baeh::baeh::baeh::baeh::baeh::baeh::baeh:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom