Z
zmej gorjanin
Гостин
Мртов озбилен. Не без заебанција, дали вие луѓе имате попаметна работа освен да седите на нет и да се занимавате со тоа дали нечива слика е монтажа или не. Еве гледам постојат многу приврзаници на некакви теории на заговор кои веруваат дека Осама бин Ладен не бил убиен и дека е тоа човек на Амриканците и дека Американците ја основале Ал Каеда и.т.н. Еве да речеме дека е тоа така, зошто тие Американци не би го убиле тој човек кога претходно официјално го прогласија за "лице на теророт", не ми е јасно каква корист би имале од него? Или веруваш дека некој човек е до толку недопирлив што Американците морале да го исценираат неговото убиство за да не се посрамотат?Брат, ти тоа озбилно ?
Па како тоа Американците можеле да го убијат? Па Американците сами си ги срушија зградите и истиот ден кога беа срушени зградите фамилијата на Бин Ладен безбедно беше пренесена во Саудиска Арабија. Па вие не знаете ли дека кралската фамилија Бин Ладен има инвестирано во компании на Џорџ Буш? 9/11/2001 очигледно се случи по одлука на Билдерберг групата. А таму главен е се знае кој друг ако не член на фамилијата на Ротшилдови. А пошто они се истовремено и илуминати тогаш мора да се гз и гаќи со вонземјаните рептилоиди кои уствари цело време стојат позади оваа работа и ги држат конците во рака. И не само што се гз и гаќи туку они и се мешаа со вонземјаните па така се добија хибриди кои кога се пред камера имаат човечки лик а потоа у рептили се претвараат, таков пример беше Џорџ Буш. Ајде да ги разгледаме и знаците на илуминатите кои потајно сакаат да ни испратат порака. Еден од знаците е бувот. Ако сте го гледале филмот The fourth kind ондак ќе видите што им се случува на сите жртви пред да бидат киднапирани од вонземјани. На дрвото лоцирано веднаш до прозорот од спалната квачи утка и им праќа провокативни погледи, тоа се уствари вонземјаните маскирани у таа мистична птица такозвана сибирски був. И таман пред да заспијат им влагаат рептилоидите и ги носат у нивниот спејсшип кај што им прават најразлични експерименти, некои се дури и силувани. Тука режисерот очигледно сакал да ни ја покаже врската меѓу илуминатите и рептилоидите. Еве ритуали на илуминатите од Scull and bones. Тука членуваат исклучиво студенти од Јеил а членувал лично и Џорџ W Буш, го гледате сигурно споменикот на бувот
а еве го бувот и на американскиот долар
Друг знак на илуминатите е сонцето
Александар најверојатно бил еден од првите илуминати поради тоа Македонците за свој симбол го земале сонцето. Ова го има кажано еден лик по име Стојмир во емисијата на Миленко Неделковски. Александар кога отишол во Египет и кога влегол во пирамидата таму биле стационирани вонземјаните. Тие се понудиле да му помогнат во неговиот поход кон Персија па така настанал пакт помеѓу нив. По што Александар добил енергетски меч од типот на оние од Стар Ворс и поради тоа за еден ден Македонците кои биле 30000 ги победиле Персијанците кои биле 100000 - 200000. Стојмир пресметал дека со обичен меч не било возможно да се испозаколат толку луѓе пошто нашол податоци дека на кланиците во Шведска не се колеле толку пилиња колку што Александар со неговата војска заклале луѓе па поради тоа мора да го користел енергесткиот меч.
Мислам да не се разбереме погрешно, и мене ми се интересни теориите на заговор но сепак да не забегуваме.