Турција се подготвува ново реално шоу во кое четворица духовни водачи ќе се обидат да убедат барем еден од десет тврдокорни натпреварувачи-атеисти да ги прифатат нивните аргументи и да преминат на страната на религиозните.
Турската телевизија Kanal T во октомври ќе започне со емитирање на помалку бизарна емисија насловена „Натпревар на покајаниците“ (Tövbekarlar Yarışıyor). Станува збор за риалити шоу во кое четворица духовни водачи (еден имам, еден православен свештеник, рабин и будистички монах) ќе се обидат да уверат барем еден од десетте натпреварувачи (атеисти) да прифатат една од споменатите вери.
Оние атеисти кои духовните водачи ќе успеат да ги „преобратат“ ќе бидат наградени со аџилак - новопечените муслимани ќе ја посетат Мека, христијаните и евреите ќе одат во Ерусалим, а будистите во Тибет.
Целта на емисијата, како што објаснува заменик-директорот на телевизијата Ахмет Оздемир, е неверниците да се свртат кон Бога, а ќе има и едукативна цел - верниците уште подобро ќе ја запознаат својата религија. Емисијата се рекламира со слоганот „Ви ја даваме најголемата награда било кога: ви ја претставуваме верата во Бог“ надополнет со „Во нашиот натпревар ќе најдете мир“.
Во емисијата ќе може да се пријават само тврдокорни атеисти, чии атеистички убедувања ќе ги испита осумчлена комисија на теолози. Натпреварувачите ќе бидат внимателно набљудувани со цел на натпреварувањето да не се „протне“ некој кој сака единствено бесплатно да патува. Некои верски претставници веќе ја искритикуваа идејата за ова риалити шоу како „тривијализирање на Бог и верата“.
Интересно, и кај нас да има вака