Ако си извозел толкава релација како што велиш од Минхен до Скопје и не си активен мотоциклист (зашто ако си сигурно би ме познавал и ти мене и јас тебе, барем ние активните речиси сите се познаваме во државава) туку само обесувач по форуми, навистина жално. Секој има свои сфаќања за мотоциклизмот и никој немора никого во нешто да убедува. Јас најчесто избегнувам како што велиш „да си го мерам“ посебно кога знам дека ми е поголем. Ама кога мафта некој со 2 цм куренце како во случајов, тогаш само главчето го подизвадувам како опомена
Еден од основните принципи на бајкерството е меѓусебното почитување и ненавредување во кругот на „браќата“, како и почитување на повозрасните и поискусните за сметка на изминатите километри, искуство и подвизи. Ако не би биле авторитет повозрасните и поискусни, тогаш веројатно не би биле ни присутни на овој свет туку би возеле со ангелите или ѓаволите. Е видиш, бидејки ме натера да го вадам на маса, ќе морам да ти кажам дека возам подолго од 30 години и зад себе имам речиси половина милион километри поминати на мотор. Ако си седнал во животот на 5-6 различни модели и си извозел 30-тина илјади километри, верувај, неможеш да знаеш подобро од мене кој мотор е за долго возење попогоден и повеќе ги задоволува потребите. Ако имаш амбиции да глумиш тркач, тогаш набави си брз спорташ и оди ка Владе - Тумацот да се зачлениш. Но, запомни пред да продолжиш да ми продаваш муда за бубрези дека секој брзинец е конструиран за со него да се извози квалификација и трка не подолга од 2 саати. Значи, дефиниран сам по себе, не е создаден за долго возење. Иста е приказната со моторот кој го изпофали погоре кој веројатно има одлични карактеристики, но според конструкцијата иако е голиштарец, не е мотор за туринг-возење.
Биди поздравен и седи со здравје