Храмот на Зевс во Олимпија бил антички грчки храм лоциран во Олимпија, Грција, посветен на богот Зевс. Храмот кој бил изграден во втората четвртина од V век п.н.е., бил врвно достигнувае на целосно развиен класичен грчки храм од дорскиот архитектонски стил. Храмот бил изграден на веќе постоечко и постаро религиозно место во Олимпија.
Изградбата започнала околу 470 година п.н.е. и се проценува дека е завршена во 457 година п.н.е., архитект бил Либон од Елеја, кој работел водорски стил. Храмот бил со периферна форма, со преден пронаос (трем), кој бил огледална слика на сличен аранжман на задниот дел на објектот, опитодомосот. Зградата се издигнувала на крепидома (платформа) од три нееднакви скалила, надворешните столбови била позиционирани во аранжман од шест до тринаесет, а два реда од седум столба ја делеле целата (наосот) на три бродови. Павзаниј (крал на Античка Македонија) го посетил овој локалитет во II в.н.е. и изјавил дека висината на храмот до тимпанонот изнесувала 68 метри, неговата ширина 29,0 метри, а должината 70,1 метри.
Бидејќи главната структура на објектот била изведена од локален варовник кој бил непривлечен на изглед и со слаб квалитет, тој бил дополнително обложен со тенок слој на штуко со цел да се добие изглед на мермер, кој на тој начин би одговарал на скулптуаралната декорација на храмот. Тој бил покриен со плочки од Пентелеички мермер, пресечени доволно тенко за да биде транспарентни, така што во летен ден, „светлината споредлива со конвенционалната сијалица од 20 вати ќе заблескаше подеднакво низ сите илјада плочки“.
Остатоци од колонадите на храмот.
Реконструкција на оригиналниот изглед на храмот со полихромните фризови и тимпанони.
Скулптуралната декорација изведена во увезен Паријски мермер, се карактеризирала со фризови сочинети од наизменично поставени метопи и триглифи, а во тимпаноните исполнета со скулптури изведени во строг стил, кои му се припишуваат на „мајсторот од Олимпија“ и неговото студио.
Источниот тимпанон ја прикажувал трката со кочии помеѓу Пелопс и Еномаус, додека, пак, западниот ја илустрирал кентавромахијата (борбата на луѓето со кентаврите) меѓу Тезеј и Лапитите. Богот Аполон е прикажан на западниот тимпанон, покажувајќи кон човечката засегната страна во борбата, којашто тој ја фаворизирал. Метопите (плочите од фризот) од храмот ги прикажуваат дванаесетте задачи на Херакле.
Скулптурите од источниот тимпанон на храмот.
Скулптуралната композиција од западниот тимпанон.
Фигурата на богот Аполон од западниот тимпанон.
Некои од метопите (плочи од фризот) со претстава на дванаесетте задачи т.е. подвизи кои Херакле ги извршил под казна:
Херакле ги чисти шталите на Авгиј; Херакле и Стимфалските птици.
Во 426 година од н.е., Теодосиј II наредил уништување на светилиштето за време на прогонството на паганите во доцното Римско Царство. Археолозите одамна претпоставуваат дека веќе руинираниот храм бил дополнително уништен од земјотресите во 522 и 551 година, за кои се знае дека предизвикале масовни оштетувања на Пелопонез, иако постојат и основани историски претпоставки дека неговите столбови можеби биле намерно срушени со јажиња во текот на раниот византиски период.
Статуата на Зевс на Олимпија која се наоѓала во рамките на храмот, била огромна седечка фигура, висока околу 12,4 метра, изведена од прочуениот старогрчки скулптор Фидија околу 435 п.н.е., за светилиштето на овој бог во Олимпија, Грција.
Хризелефантинската скулптура била сочинета од слонова коска и златни панели на дрвена рамка и го претставувала богот Зевс седнат на тронот од кедрово дрво, украсен со слонова коска, злато и скапоцени камења.
Едно од седумте чуда на стариот свет, оваа статуа била изгубена и уништена во текот на V век од нашата ера; детали за нејзината форма се познати само од антички грчки описи и нејзини претстави на монети.
Статуата на Зевс била нарачана од Елејците, чувари на Олимписките игри, во втората половина на V век п.н.е., за нивниот новоизграден храм на Зевс. Барајќи да ги засени нивните атински ривали, Елејците го ангажирале познатиот скулптор Фидија, кој претходно ја направил масивната статуа на Атена Партенос во Партенонот, која била изведена во истата хризелефантинска техника. Статуата зафаќала половина од широчината на бродот на храмот, кој бил изграден со цел нејзе да ја смести. „Се чини дека ако Зевс застане “, забележал географот Страбон во I век п.н.е., „тој ќе го уништи храмот.“
Според римскиот историчар Суетониј, римскиот император Калигула дал наредби дека „ваквите статуи на боговите што биле особено познати по нивната светост или нивните врвни уметнички достигнувања, вклучително и онаа на Јупитер од Олимпија, треба да бидат донесени од Грција, за да им се отстранат рацете и да се замент со неговите лични претстави”. Пред тоа да се случи, императорот бил убиен во 41 година од н.е., а неговата смрт наводно била прорекната од самата статуа, која „одеднаш испушти таков громогласен смев, што скелињата се срушија и работниците од страв избегаа колку што ги носеа нозете“.
Изгледот на статуата во просторот на наосот на храмот, кадешто се гледа и реконструкцијата на тронот.
Модерна реконструкција на оригиналниот изглед на статуата на Зевс од неговиот храм во Олимпија.