Убави локации во светски рамки кои би сакале да ги посетите

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.416
Поени од реакции
4.248
Кава Иџен, индонезија(вулкан со сини пламења од сулуфур)
1587409393877.png

Данакил етиопија(геотерманла локација, се смета за нај неопогодно место за живот)
1587409432629.png
Неколку локации во атакама(чиле, перу) и околу андите каде што има локалитети со кактуси
1587409464750.png
боцкавите шуми на мадагаскар
1587409552959.png
камените шуми на истиот остров
1587409571721.png
Мадагаскар е чудно место само по себе
улуру и ката тјуда, Австралија(монолит, камени формации, абориџински ствари)
1587409598917.png
1587409651271.png
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Гробницата на Тутанкамон во Египет, која ја има заробено имагинацијата на милиони луѓе во светот, е откиена релативно во поновата човекова историја.

Тутанкамон, чие вистинско име било Тутанкатон, бил египетски фараон (1333-1323 година п.н.е.) од XVIII египетска владејачка династија. Дошол на престолот на околку осумгодишна возраст и бил советуван да се пресели назад во Мемфис од страна на Аменхотеп III Ахенатон, неговиот татко и претходник. За време на неговото владеење била вратена традиционалната полиеистичка религија, по монотеистичките реформи на Ахенатон, а Тутанкатон (Атон - монотеистичкиот сончев култ кој го воспоставил неговиот татко Аменхотеп III) си го сменил оригиналното име во Тутанкамон, со цел да ги смири разгневените поданици и свештенството. Кратко пред неговата смрт, сѐ уште во своите тинејџерски години, Тутанкамон испратил војска во Сирија, со цел да обезбеди помош за сојузот против една група поврзана со Хетитите.

Бидејќи неговото име било меѓу „проколнатите“ на кралските списоци од XVIII династија, локацијата на неговиот гроб била заборавена, а просторијата во која бил закопан не била отворена сѐ до 1923 година, кога била пронајдена од страна на ахеологот Хауард Картер (1873-1939). Благодарение на неговите богатства, Тутанкамон веројатно останал најпознатиот меѓу фараоните и покрај неговата рана смрт и ограничените остварувања.

Не е сосем сигурно кои биле родителите на Тутанкамон; се спомнува дека е кралски син, но не се знае точно од кој крал. Најголемиот број научници смета дека му бил син на Аменхотеп III или на Аменхотеп IV Ахенатон. Кога Тутанкамон го наследил престолот од Ахенатон, Аменхотеп III бил веќе мртов. Тутанкамон вледеел со Египет меѓу 9 и 10 години. Испитувањата на неговата мумија покажале дека тој бил многу млад кога умрел. Се претпоставува дека во моментот на смртта имал само 19 години, а до овој заклучок се дошло од испитувањата направени на неговите заби.

Тутанкамон бил оженет со Анкесенпатен, Ахенатовата ќерка и претпоставена негова полусестра. Анкесенпатен подоцна своето име го сменила во Анкесунамон. Познато е дека тие двајца имале две ќерки кои биле родени мртви, веројатно како резултат на инцестуозниот однос од кој биле зачнати и нивните мумифицирани фетуси биле пронајдени во гробницата на Тутанкамон. Анкесунамон инаку била ќерка и на Нефертити, која надалеку била позната по својата убавина.

Во третата година од владеењето на Тутанкамон (веројатно во 1331 година п.н.е., кога тој имал 11 години (веројатно под влијанието на везирот Ај), старата египетска религија повторно станала официјална, а Теба повторно била прогласена за главен град на Египет. Младиот фараон своето име го променил од Тутанкатон во Тутанкамон. Се претпоставува дека поголемиот дел од неговите одлуки ги донеле други во неговото име, бидејќи тој бил сè уште многу млад за тоа.

По смртта на Тутанкамон, Анкесунамон се омажила за Ај, возможно под присила и набрзо потоа ја снемува од пишаната историја. Тутанкамон бил наследен од Ај, а набрзо потоа и од Хоремхеб, кој ги отстранил поголемиот дел од трагите од владеењето на Ахенатон, Тутанкамон и Ај.

Причината за смртта на Тутанкамон долго време не била позната. Телото прв пат било испитувано од тимот на Хауард Картер, во деведесеттите години на XX век. Во 2005 година египеткиот археолог Заки Хавас ги изнел резултатите од истражувањата на Тутанкамоновата мумија кои не укажуваат на фактот дека е тој убиен. Постоела дупка на главата, но се смета дека настанала за време на обредите на мумифицирањето. Постојат истажувања кои укажуваат на тоа дека Тутанкамон ја скршил ногата и можно е да умрел како резултат од компликации предизвикани од нејзината инфекција. Тутанкамон умира во деветнаесеттата година од својот живот. Има и други претпоставки за неговата смрт, од маларија во комбинација со наследната болест на коските - некроза.

Истражувањето на гробницата на Тутанкамон го вршел Картер, а финансирањето на истражувањето било од Лордот Карнавон. Истражувањето траело 5 години. Кралската мумија била откриена во октомри 1925, а последниот предмет од гробницата бил изнесен во ноември 1927 година. Во гробницата морало да се донесе електрично светло и таа морала добро да се обезбеди од кражби, бидејќи била преполна со злато. Само изнесувањето на златото траело 84 дена. Златото на Тутанкамон денес сега се наоѓа во Египетскиот музеј во Каиро и сместено во 12 простории. Тутанкамоновата гробница е сега достапна за набљудување под неонско светло и во неа се наоѓа саркофаг со златната маска на фараонот, во кого е сместена и самата негова мумија. На Тутанкамоновата гробница пишувало: „Смрт ќе дојде за оние кои го нарушуваат сонот на Фараонот...“. Во рок од шест години по ископувањето на гробницата на Тутанкамон, умреле 12 луѓе коишто присуствувале на тоа откритие. По 7 години биле живи само уште двајца од првобитната екипа. И други 22 луѓе кои биле во врска со експедицијата умреле предвреме. Меѓу нив била и Леди Карнарвон и полубратот на лордот, кој најверојатно извршил самоубиство зашто бил умствено растроен. Еден од преживеаните бил коорганизаторот на експедицијата на Хауард Картер. Тој продолжил да му се потсмева на легендарното проклетство и умрел во 1939 година од природна смрт.

Виртуелна тура низ гробната комора на Тутанкамон.


Пресек низ гробницата на фараонот со интегралните простории содржани во нејзините рамки.

section-of-tutankhamen_s-tomb.jpg

Дел од златните наоди затекнати во гробницата.

33799989846_83a9246b61_b.jpg

Картушите со хиероглифи на кои е испишано името на Тутанкамон.

800px-Tutankhamun_cartouches.svg.png

Златниот саркофаг во кој е погребано мумифицираното тело на Тутанкамон.

tutankhamun-tomb-sarcophagus-egypt-ftr.jpg

Златната погребна маска на Тутанкамон со апликации на обоен емајл и скапоцени камења, вклучително и лапсули лазули (линиите околу очите и веѓите), кварц (очите), опсидијан (зениците), карнелијан, фелдспар, тиркиз, амазонит, фајанс, како и други видови камења. Лицето ја претставува стандардната слика за фараонот, на главата носи капа - немес, на чиј врв се наоѓаат кралските инсигнии на кобра (Ваџет) и мршојадец (Нехбет), симболизирајќи го неговото владеење и во Долен и во Горен Египет. Ушите му се продупчени за да носат обетки, карактеристика којашто се чини дека инаку била резервирана само за кралиците и децата, во речиси сите преживеани антички египетски уметнички дела.

Mask_of_Tutankhamun_2003-12-07.jpg

Скиптарот и жезолот од саркофагот, наречени хека и нехака, кои биле симболи користени во античкото египетско општество. Тие првично биле атрибути на божеството Озирис, а подоцна и кралски инсигнии на фараонскиот авторитет. Овчарскиот скиптар го означувал царството, а жезолот плодноста на земјата.

crook and flail.jpg


Интимна сцена меѓу Тутанкамон и неговата сопруга Анкесунамон од наслонот на тронот на фараонот, со приказ на сончевиот диск, односно божеството Атон над нив.

5f4105e0e8b8edade44a7a8202799754.jpg

Интимна сцена меѓу Тутанкамон и Анкесунамон во внатрешноста на пехарот од калцит, која се гледа само доколку однатре се запали светлина.

82e803c4bcecf02d5aaa82efeb41c49c.jpg

Насликаниот дрвен ковчег од гробот на Тутанкамон, кој го прикажува кралот во битка против Сиријците.

ChestA2.jpg

Исклучителниот железен бодеж на Тутанкамон, кој тесно се поврзува со метеорски состав и е првично откриен во 1925 година од страна на археологот Хауард Картер, во гробницата на фараонот лоцирана во Долината на Кралевите, датиран од XIV век п.н.е. Во времето на мумификацијата на кралот Тутанкамон, приближно околу 1323 година п.н.е. (бронзеното време), топењето и производството на железо било многу ретко. Железото се користело само за уметнички, украсни, ритуални и церемонијални цели, како и за пигментација. Оттука, железото за време на ова доба се сметало за повредно и поскапоцено дури и од златото.

iron_dagger1050x700.jpg

Уште еден редок куриозитет - пекторалната огрлица на фараонот која централно ја содржи светата египетска бубачка - скарабеј, кој е изработен исто така од стакло, кое настанало како продукт на колизија на метеорит со пустински песок, кој од екстремно високите температури се стопил во стакло.

breastplate.jpg

Канопиското светилиште е високо шест и пол метри. Рамката со четири натписи испишани со хиероглифи го опкружува надворешниот храм, на чиј врв се лоцирани позлатените и обоени кобри, крунисани со златни дискови. На санката се прикажани како стојат и четирите божици-заштитнички, Селкет, Нефтис, Нит и Изис, при што секоја од нив ги шири рацете за да ја заштити страната на светилиштето на која е прикажана.

Во внатрешноста на ова светилиште се наоѓал уште еден помал храм изведен во алабастер, кој имал улога да ги чува четирите канопи со виталните органи на фараонот. Дополнителната слободностоечка статуа на статуата на Селкет е изведена целосно од злато - очите и веѓите ѝ се обложени со црна боја, капата од ткаенина ѝ поддржува скорпија, а нејзиното тело е сензуално обвиткано од драпериите на фустанот.

53b51e3dc009096a45fd033c30fcb206.jpg

Малиот ковчег со четирите канопи (садови) кои ги содржеле виталните органи на фараонот.

Canopic chest with canopic jars.png

Златниот ритуален кревет со лавовски претстави, кои биле важен симбол поврзан со силата и мажественоста. Египќаните замислувале дека хоризонтот го врамуваат два лава меѓу коишто сонцето изгревало секое утро. Телото на кралот според преданијата можело да се прероди од овој кревет, инаку направен од позлатено дрво, а носот и областите под очите биле изведени од сино стакло, додека пак, самите очи од проѕирен кварц.

0ef52d64c6d4b32b1cb5cc2931c51f47.jpg

Мини-серија за животот на Тутанкамон.


Мини-серија за животот и откритието на Хауард Картер на гробницата на фараонот.

 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.416
Поени од реакции
4.248
Го видов ова на ТВ, во сингапур
1587413479107.png
1587413500044.png
Gardens by the bay. Огромен парк-ботаничка градина, каде во стакларникот температурата е помала од надворешноста
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Xатшепсут (1473.п.н.е - 1458.п.н.е.) била била првата жена-фараон и воедно петтиот фараон од осумнаестата египетска династија во стариот Египет и во нејзините слики и скулптури постојано била претставувана како машки фараон. Хатшепсут посалада биде претставена на статуите и сликите од тоа време како машки фараон со брада и мускуларна анатомија. Земајќи ја титулата фараон, Хатшепсут го сменила своето име од женската верзија на Хатшепсут, што значи „Најдоброто од благородните дами“, во машката верзија Хатшепсу.

Во текот на XVIII династија, кралската куќа на Аксмос I била соочена со трагедии коишто се случувале во текот на три генерации, бидејќи неколку машки престолонаследници од XVIII династија умреле. Кога умреле сите синови на Аменхотеп и неговите главни жени, Тутмес I станал фараон (син на другата жена Сенсенеб). Тој се оженил со својата полусестра Аксмос, но и неговите пет синови исто така умреле. Во времето на смртта на Тутмес I единствен негов наследник со кралска крв бил неговиот незаконскиот син Тутмес II, но тој бил малолетен и фараонот немал друг избор освен на престолот да ја постави неговата ќерка Хатшепсут. Меѓутоа, пред болеста на нејзиниот татко, Хатшепсут кога имала 15 години се омажила за нејзиниот полубрат Тутмес II, кој тогаш имал 12 години. Поради роднинските врски и инцестуозноста тој бил и физички и ментално заостаната личност. Хатшепсут и покрај тоа му родила две ќерки Нефру-Ра и Мерит-Ра-Хатшепсут. Бидејки не му подарила машки наследник, тој со другата своја жена Изис добил син познат по името Тутмес III. За да се осигура за опстанокот на владетелската лоза Нефру-Ра како и својата мајка се омажила за својот полубрат Тутмес III. Во времето на смртта на на Тутмес II, неговиот наследник Тутмес III бил малолетен, така што Хатшепсут била законскиот владетел. Хатшепсут била првата жена која била крунисана со сите свечености како крал, а не кралица и ги добила сите пет почесни имиња на фараон што ни на една друга кралица пред неа, а ни подоцна не ѝ успеало. Се облекувала и се однесувала како машко. Во споредба со другите женски фараони, владеењето на Хатшепсут било многу подолго и просперитетно. Таа била успешна во војувањето рано во нејзиното владеење, но генерално се смета дека е фараон кој инаугурирал долга мирна ера на владеење. Таа повторно воспоставила трговски односи изгубени за време на странска окупација и му донела големи приливи на богатство во Египет. Тоа богатство ѝ овозможило на Хатшепсут да иницира градежни проекти коишто го подигнале калибарот на античкатаегипетската архитектура на стандарден, споредлив со класичната архитектура, што нема да му конкурира на ниту една друга култура илјада години.

Хатшепсут одлучила да биде погребана со својот татко Тутмес I во Долината на Кралевите. Во врска со поврзувањето со Долината е ископан тунел долг повеќе од 700 метри и околу 300 метри под земјата. Нејзиниот саркофаг е пронајден, но во него не била нејзината мумија, туку мумијата на една принцеза од XIX династија. Околностите на нејзината смрт биле сомнителни, но по истражувањата сепак се смета дека умрела од природна смрт. Последниот запис за неа е на десеттиот ден од шестиот месец во дваесет и втората година од владеењето, кога дознале дека жената-фараон починала. Невозможно е да се зборува за големата кралица, а да не се спомене нејзиниот верен слуга, архитект и пријател Сененмут. Неговиот татко му служел на кралското семејство, а и тој самиот ѝ бил многу верен на Хатшепсут. Тој дури бил и задолжен за нејзината приватна одаја и се зборувало дека меѓу нив имало и нешто повеќе од пријателство, односно и дека нејзината прва ќерка е всушност негова, но тоа никогаш не било потврдено. Неговото ненадејно исчезнување од дворската сцена во најмала рака било чудно, бидејќи причините за него до ден-денес остануваат неразјаснети. Хатшепсут поседувала дури две гробници, но нејзината нејзината мумија долго време не била пронајдена и идентификувана, сè до 2006 година, кога била реоткриена Египетскиот музеј во Каиро. Оваа мумија била пронајдена во мала гробница во Долината на Кралевите и транспортирана во Каиро во 1906 година, а изворно се сметала за мумија на Сат-Ра, медицинската сестра на кралицата.

Деир ел-Бахари или Дејр ал-Бахри (на арапски „манастирот на северот“) е комплекс на гробници коишто се наоѓаат на западниот брег на реката Нил, спроти градот Луксор, Египет. Тој е дел од Тебанската Некропола на кралевите и кралиците.

Првиот споменик изграден на местото каде бил посмртниот храм на Ментухотеп II од XI династија. Конструиран е за време на XV век п.н.е. За време на XVIII династија, Аменхотеп I и Хатшепсут исто така граделе огромнен споменик на тоа место. Храмот на Харшепсут, познат како Дјеспер-Дјесперу (антички египетски со значение „Свето на светињата“), е фунерарен храм лоциран во антички Египет, поточно во Горен Египет. Изграден за осумнаесеттата династиска жена-фараон Хатшепсут, која починала во 1458 година п.н.е., храмот се наоѓа под карпите кај Деир ел-Бахари, на западниот брег на Нил, во близина на Долината на Кралевите. Овој посмртен храм е посветен на Амон и Хатшепсут и се наоѓа веднаш до фунерарниот храм на Ментухотеп II, кој послужил како негова инспирација, а подоцна бил претворен во каменолом. Се смета за еден од „неспоредливите споменици на античкиот Египет“. Полската академија на науките во Варшава е одговорна за проучување и обнова на трите нивоа на храмот. Од почетокот на 1995 година, првите две нивоа биле скоро завршени, а највисокото ниво сè уште било во реконструкција.

Канцеларот на Хатшепсут, кралскиот архитект Сенемут, ја надгледувал изградбата на храмот. Иако соседниот, порано посмртен храм на Ментухотеп II се користел како образе цза храмот, двете структури сепак се значително различни на многу начини. Во храмот Хатшепсут се наоѓала долга, тераса со колони која отстапувала од централизираната структура на моделот на Ментухотеп - аномалија која можеби била предизвикана од децентрализираната локација на нејзината погребна просторија. Постојат три слоевити тераси кои достигнуваат висина од 29,5 метри. Секоја од нив е артикулирана со двојна колонада од квадратни столбови, со исклучок на северозападниот агол на централната тераса, во која се користат протодорски столбови во капелата. Овие тераси се поврзани со долги рампи, кои некогаш биле опкружени со градини со недомицилни растенија, вклучувајќи и темјан и мирта. Храмот вклучувал столбови, дворани, хипостил, сончев двор, капела и светилиште.

Релјефната скулптура во храмот Хатшепсут ја раскажувал приказната за божественото раѓање на женскиот фараон - прв од ваков вид. Текстот и сликовниот циклус, исто така, раскажуваат за експедицијата во земјата на Пунт, егзотична земја на брегот на Црвеното Море. Додека статуите и украсите оттогаш се украдени или уништени, храмот некогаш бил дом на две статуи на Озирис, авенија на Сфингите, како и многу скулптури на кралицата во различни ставови - стоечки, седечки или клечечки. Многу од овие портрети биле уништени по нарачка на нејзиниот наследник и посинок Тутмес III по нејзината смрт.

Главната и оската на храмот се поставени на азимут од околу 116½ ° и се усогласени со изгрејсонцето на зимскиот солистициум, кој во нашата модерна ера се јавува околу 21 или 22 декември секоја година. Сончевата светлина продирала до задниот ид на параклисот, пред да се пресели надесно за да се потенцира една од статуите на Озирис, која стои од едната страна на влезната врата до втората комора. Дополнителна суптилност на оваа главна тераса се создава со светлосната кутија, во која продираат зраци на сончева светлина, која полека се движи од централната оска на храмот за прво да ја осветли статуата на богот Амон Ра, а потоа да заблеска и на клекнатата фигура на Тутмес III, пред конечно да го осветли богот заштитник на Нил, Хапи. Дополнително, заради засилениот агол на сонцето, околу 41 дена од која било страна на солстициумот, сончевата светлина може да навлезе преку секундарна кутија за светло до најдалечната комора на храмот. Оваа внатрешна капела била обновена и проширена во Птоломејската ера и има култни референци за Имхотеп, градителот на пирамидата на Џосер и Аменхотеп, син на Хапу и надзорник на делата на Аментотеп III.

Храмот на Хатшепсут се смета за најблизок во Египет кој се приближил до достигнувањата на класичната архитектура. Претставник на фунерарната архитектура во Новото Царство, тој го глорифицира фараонот и вклучува светилишта за да ги испочитува боговите релевантни за нејзиниот задгробен живот. Ова означува пресврт во архитектурата на антички Египет, кој ја напуштил мегалитската геометрија на Старото Царство за храм што овозможил активно обожавање, барајќи активно присуство на учесниците, кои на тој начин би создале култ на величање. Линеарната аксијалност на храмот на Хатшепсут се огледува и во решенијата на подоцнежните храмови на Новото Царство. Архитектурата на оригиналниот храм е значително изменета како резултат на погрешна реконструкција во почетокот на XX век од нашата ера.

Претстави на глава на Хатшепсут и нејзин скулптурален приказ како фараон.

глава на хатшепсут.jpg Queen-Hatshepsut-Egypt-Tours-Portal.jpg

Картушот со хиероглифскиот натпис на името на Хатшепсут.

Cartouche-obelisk-Hatshepsut-Egypt-Luxor.jpg

Денешниот изглед на фунерарниот храм на Хатшепсут.

Temple_hatchepsout.jpg

Модерна реконструкција на храмот на владетелката.

DSR-DSRW-Thutmose-III-temple-Reconstruction-due-to-new-insights-from-Campaigns-2012-2013-2.jpg

Реконструкција на погребниот храм на Тутемс III во рамки на комплексот во Деир ел-Бахари.

DSR-DSRW-Thutmose-III-templejpg.jpg

Статуите на Хатшепсут во облик на богот Озирис.

озирис-хатшепсут.JPG

Капители на столбовите од храмот обликувани во форма на главата на божицата Хатор.

img_1173.jpg

Алеата со сфинги пред светилиштето.

sphinx.jpg

Колосална сфинга која ја прикажува Хатшепсут со тело на лав и човечка глава, облечена во фараонска капа-немес. Скулпторот внимателно ги набудувал моќната мускулатура на лавовското тело како спротивставени на згодното, идеализирано лице на оваа жена-фараон. Ова била една од најмалку шесте гранитни сфинги коишто стоеле во посмртниот храм на Хатшепсут во Деир ел-Бахари.

main-image.jpg

Скулптурална претстава на Хатшепсут во вид на сфинга изведена од варовник со лавовска грива и уши.

main-image.jpg

Обелиск од храмот на владетелката.

28a4617a5490fe63efca0a7cddd1666a.jpg

Хатшепсут претставена како крал, нудејќи му храна на богот Хорус.

Hatshepsut_temple38c.jpg

Релјефна претстава на египетски војници од времето на владеењето на Хатшепсут, на нивната експедиција во земјата на Пунт.

punt.jpg

Уништени хиероглифски натписи од страна на нејзиниот посинок Тутмес III од храмот, кои имале за цел да го отстранат и проколнат споменот за Хатшепсут од египетската историја.

Скршени натписи во храмот за да го проколнат сеќавањето за владеењето на Хатшепсут.JPG
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.416
Поени од реакции
4.248
Океј. Дел 3. Овда ќе да бидат ботанички градини...
1- Хантингтон , калифорнија. Се смета за една од најголемите градини за кактуси и сукуленти во европа. Ако се спомне на кактусариски форум, тие што ја посетиле не затнуваат муцка за нејзе
1587492760576.png
2. Кју кралска ботаничка градина, Англија. Отидоа пријатели одамна, им се допадна. Исто така , сниман е докиментарец на Атенбуро The private life of plants
1587492882904.png
3.Ботаничка градина и музеј на берлин. Овдека имаат идено пријатели од факултет. И нејзе ја имаат фалено.
1587492982586.png
4. Градина на кактуси, ланзароте. Ако хантингтон е најголема, ова ќе да биде најуредна
1587493096068.png
Автоматски споено мислење:

Ja бев таму лани. Еве ти две-три фотки - 20190428_191744.jpg 20190428_101158.jpg
20190428_133659.jpg 20190428_124112.jpg
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Ајде малку и Лежр, би сакал да го осетам Елисиумот....

Tropical Islands најголемиот затворен воден парк во светот ... во близина на Берлин....

1408363866726_wps_63_Pictured_is_a_view_of_the.jpg

5909e151dd0895876d8b4bcd.jpeg

url8.jpg

Изобилува со интересни атракции, тропска шума, куќарки во различни теми, во кои може да се преспие....

236640.jpg

csm_2.1.6bg_thaihaus3_7f172b3dd9.jpg

Tropical-Islands-23-740x493.jpg

csm_2.1.3bg_balitor_418a54147f.jpg

original_ti_spa_angkor-wat5-5780f3c15b531.jpeg

Се разбира, ако не го затворат перманентно после ситуацијава....

Официјален сајт

Wiki
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Двајца членови тука веќе изразија желба да го видат ова монументално здание во Перу, мал историјат околу него:

Мачу Пикчу (кечуански: Machu Pikchu – стара планина) е претколумбовски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу. Градот, а денес археолошко наоѓалиште, се наоѓа на планинскиот венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Голем број археолози веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден како одморалиште на Сапа Инка Пачакути. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како изгубениот град на Инките и претставува најпознат симбол на некогашната нивн империја.

Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на нивните владетелите еден век покасно. Иако градот и наоѓалиштето биле познати за мештаните, тој долго време останал непознат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирано кон наоѓалиштето во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман му го претставил Мачу Пикчу на светот. Оттогаш, Мачу Пикчу е важна светска туристичка атракција.

Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за перуанско историско светилиште и во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Бидејќи не бил чепнат од Шпанците, Мачу Пикчу има доста голема историска, археолошка и културна важност и се смета за свето место. Мачу Пикчу бил изграден во класичен инка стил, со полирани камени ѕидови. Главни градби во наоѓалиштето се Интихуатана, Храмот на Сонцето и Собата на три прозорци. Овие три градби се наоѓаат во делот кој археолозите го нарекуваат и „свет округ“ на Мачу Пикчу. Во септември 2007 година, Перу и Универзитетот Јејл се договориле да се пренесат сите артефакти во Перу кои биле пренесени за време на американската експедиција на чело со Бингам.

Кога шпанските освојувачи го уништиле најголемиот дел од Инките, а последниот нивен владател Атахуалпа го убиле, останатите жители побегнале во една оддалечена ридска тврдина на Андите. Оттаму уште 39 години тие храбро ги напаѓале конквистадорите. Шпанците никогаш не успеале да го пронајдат нивното тајно засолниште. Кога исчезнале и последните Инки, тврдината била заборавена. Пред неколку децении била пронајдена, иако уште многу поодамна се знаело дека мора некаде да постои: Мачу Пикчу, слично на орелско гнездо, на висина од 2000 метри, била огромна изградена тврдина.

Крв и многу злато биле потрошени за патот на 188 војници кои под раководство на генералот Франциско Пизаро тргнале со цел за припојување на државата на Инките кон шпанската круна. Тие дошле во најповолниот можен момент, имено, последниот владател Хуајна Капак, ја поделил државата на своите синови Атахуалпа и Хуаска. Наследниците се искарале, поради што настанала граѓанска војна од која Атахуалпа излегол како победник. Својот брат го заробил во Куско, познатиот главен град на Инките, чиешто име во превод значи „папокот на светот“. Во својата престолнина Кахамарка, очекувал да надојдат голем број на Шпанци, а пред неговиот град Пизаро првпат се појавил во 25 ноември 1532 година.

Неговите чети никогаш нема да можат да започнат војна против најмалку 30000 неуништливи Инки. Генералот Пизаро го намамил владетелот во неговиот главен штаб и го заробил. Тој ден, животот го загубиле 4000 Инки. Атахуалпа, кому добро му била позната жедта и алчноста на Шпанците по злато, се обидел да ја плати и откупи својата слобода. Тој предложил просторијата во која бил затворен да ја наполни со злато, до висината до која рацете можат да досегнат. Но, Шпанците за возврат на тоа морале да му ја вратат слободата“, а (Франциско де Херез) Пизаро на тоа и номинално се согласил.

Иако Атахуалпа го исполнил своето ветување, сепак тој никогаш не ја видел повторно својата слобода, затоа што генералот Пизаро наредил да го убијат. Пред да биде погубен, Атахуалпа ги проколнал своите убијци, а клетвата и се исполнила. Веднаш по овој настан сите учесници во неговото убиство, вклучувајќи го и самиот Пизаро умреле од болна и сурова смрт, а Инките организирале лов на виновниците. Генералот Манко Капак, еден од браќата на Атахуалпа, се прогласил за крал на Инките и ги повел огорчените Индијанци во борба против тиранинот. По една неопислива борба меѓу двете завојувани страни, победиле Шпанците по што Манко Капак се повлекол назад со своите верни луѓе, меѓу кои биле и „ќерките на сонцето“ (според верувањата тие биле посебно облечени девици) и заедно се повлекле назад во ридската тврдина која била наречена Мачу Пикчу.

Одовде, тој и неговите следбеници ги предводеле нападите врз Шпанците кои траеле со децении. Иако Шпанците упорно се обидувале да го откријат нивното засолниште, сите нивни обиди за тоа останале неуспешни. Но, еден ден кога престанале нападите, поради тоа што изумреле жителите на Мачу Пикчу или поради тоа што се иселиле, Шпанците престанале да се интересираат за нивното засолниште. Во XIX век освојувачите, авантуристите, ископувачите на злато и учесниците во истражувачките мисии започнале да спороведуваат активности за пронаоѓање на Мачу Пикчу, но без успех, сè дури професорот по историја Хирам Бингам, предводникот на една експедиција од Универзитетот Јејл, не наишол на траги поврзани со престолнината.

На ден 24 јули 1911 година, Бингам за првпат ги видел ѕидините на Мачу Пикчу, кои била прекриени од вегетацијата на прашумата. Целокупната градба била откриена година дена подоцна. Тогаш неговата експедиција пред себе видела огормен сплет од тераси и скали, при што придружникот на Бингам престанал да ги брои скалите кога стигнал до 3200, а пред нив наизменично продолжиле да се нижат ѕидини и кули, бунари и храмови, како и гробови со мумии и свети камења.

Единствено местоположбата на градот во кој некогаш живееле околу 1000 жители, претставувала причина зошто Шпанците не успеале да стигнат до Мачу Пикчу. Врвовите на ридот биле прекриени со тераси и опколени од трите страни со 700 метри длабока и стрмна клисура во која беснела брзата река Урубамба, додека пак, четвртата страна била затворена со гребен од еден рид. Сосем е извесно дека во времето на Инките постоеле и мостови преку реките, кои тие можеле во одредени моменти на опасност и да ги повлекуваат и уништуваат.

Ѕидовите кои биле прецизно изработени од блокови на камења, ги правеле поцврсти и им давале можност да се одбранат од надворешните влијанија и покрај тоа што немало пронајдено никакви докази дали градот некогаш бил нападнат од страна на непријатели. Во врска со градот постојат и голем број на други мистерии кои останале неразјаснети и покрај големиот број на гробови и материјални остатоци кои таму биле пронајдени. Зошто Инките го напуштиле Мачу Пикчу? Од кога датираат огромните ѕидини? На кој начин тие ги имаат донесено овие камења на ридот?

Можеби еден ден ќе бидат потврдени претпоставките дека Мачу Пикчу бил изграден илјада години пред нашата ера, како и тврдењата дека светот настанал за време на владеењето на првиот владетел на Инките.

Браќата Хуаска и Атахуалпа.

Huáscar-Atahualpa.jpg

Шпанскиот конквистадор Франциско Пизаро.

pizarro.jpg

Манко Капак и приказ на фамилијарното стебло на Сапа Инките (Хуринска династија) чијшто основач бил самиот тој, инаку брат на Атахуалпа.

Ayarmanco1.JPG 800px-Sapa_inkakuna.jpg

Мапа на Мачу Пикчу.

Karta_MachuPicchu.PNG

Поглед на Вајна Пикчу над руините од Мачу Пикчу.

За разлика од многуте симболи на Мачу Пикчу, јасната сличност сo машко лице на планините може да се види на прв поглед. Сосема природната формација се чини дека ги покажува носот, устата и челото на човекот којшто гледа кон небото. Ако треба да се следи дуалноста што ја покажуваат митските слики на Инките, нема да ве зачуди кога ќе чуете дека на неа е претсавена и жена што спие.

Примероците земени од површината на карпата покажале траги од злато, со гравури на неговата површина, за коишто некои археолози веруваат дека можеби била целосно покриена со злато во еден момент.

Ако навистина била целосно покриено со злато, светиот и скапоцен метал на Инките, таа ќе заблескаше на сончевата светлина, можеби обезбедувајќи воздушен сигнал за божествата погоре над неа. Овие лица на Мачу Пикчу и нивната симболика не треба да се пропуштат за време на вашето патување кон урнатините.

1024px-80_-_Machu_Picchu_-_Juin_2009_-_edit.2.jpg

Храмот на кондорот:

Кондорите на Андите се огромни птици и нивниот огромен распон на крилјата од 10 метри е една од нивните суштински карактеристики. Кога ќе стигнете до Храмот на Кондорот кај Мачу Пикчу, можеби ќе започнете да се прашувате зошто андскиот кондор извајан на подот има само глават и тело. Направете неколку чекори наназад и целата слика ќе ви биде откриена, птицата има огромни крилја претставени со две гигантски карпи. Вниманието на деталите е спектакуларно со тоа што карпата од лево не ја допира земјата, на тој начин симболизирајќи го кондорот што лета низ воздухот.

templo-condor-machu-picchu-2.jpg

Светата карпа во Мачу Пикчу и куќите во облик на планини:

Мачу Пикчу и ориентацијата на нејзините најважни структури биле под силно влијание од локацијата на блиските свети планини или Апус. Низ урнатините на Инките во Мачу Пикчу, има голем број „ехо камења“ кои се усогласени со обликот и формацијата на Апусот што го опкружува Мачу Пикчу.

Светата карпа на Мачу Пикчу, долга 25 метри, тешко е да се промаши, па дури и се наоѓа на пиедестал со цел да се обезбеди подобро да јазабележите. Исто така позната и како Олтарот на репликата на Апусот, Светата карпа потсетува на силуетата на група важни планински врвови, поточно Јанантин Планина.

machupicchu-sacred-rock-3.jpg

Модерна реконструкција на Мачу Пикчу.

bd85d0837a8133efd6700d004ce29326.jpg

Ѕидините на тврдината изведени од изделкани и фино обработени камени блокови.

31680909448_8440ef06d2_b.jpg

Тераси коишто се користеле за земјоделство во Мачу Пикчу.

Machu_Picchu_(3833992683).jpg

Правилните геометриски решенија на објектите во рамките на тврдината.

Geometric-architecture-of-Machu-Picchu.jpg

Храмот на Сонцето или „Тореонот“.

1280px-Machupicchu_intihuatana.JPG

Скулптурите издлабени во карпестото дно на Храмот на Сонцето коишто се толкуваат како „Водени огледала за набљудување на небото“.

1280px-Pachamama.jpg

Кралскиот дел со градби во рамките на тврдината.

89_-_Machu_Picchu_-_Juin_2009.jpg

Внатрешноста на една зграда на Инките, во која има трапезоидни прозорци.

Прегледај го приврзокот 246454

Артефакти собрани за време на експедицијата на Бингам во 1912 година, на изложба во Музејот на Мачу Пикчу:

Осликан глинен сад (арибалос) за парфем со антропоморфна претстава на глава на неговото грло и длабок сад со рачки со стилизирани прикази на пеперуги.

800px-Artifact_collected_on_Bingham's_1912_expedition_to_Macchu_Picchu.jpg 1920px-Another_artifact_collected_on_Bingham's_1912_expedition_to_Macchu_Picchu.jpg

Сребрени тупуси, игли кои жените кај Инките ги користеле за прицврстување на текстилот од облеката.

1920px-Silver_tupus_collected_on_Bingham's_1912_expedition_to_Macchu_Picchu.jpg

Игла за шал од изрезбана коска, украсена со две птици.

A+bone+shawl+pin+adorned+with+two+birds,+one+of+the+Inca+artifacts+unearthed+in+Hiram+Bingham'...jpg

Артефакт со приказ на антропоморфна фигура со мачкини обележја, изведена од позлатена бронза, злато, седеф и тиркиз, Моше период.

machu-picchu-artifact-feline-figure1.jpg

Виртуелен преглед на збирката артефакти и човечки остатоци пронајдени во Мачу Пикчу.
 
Последно уредено:

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.414
Поени од реакции
19.483
Абу Симбел,езеро Насер,Египет.

1008.jpg


Абу Симбел е храм изграден у јужан Египет,блиско до границу сс Судан,блиско до стар антички град Асфан.До град може да се стигне преко асфалтиран пут од Асфан, што иде покрај езеро, а и само езеро Насер е пловно,што значи може да се дојде до њега и сс брод, а и сс реплику на стар египетски брод наречен Дахабија.
Храм е изграден пред около 3000 године, забравен сс тек на време, а одново откриен у 1813 од страну на шфајцарски аванурист Жан Луис Буркхард.Шпекулира се дека овј антички компкекс, име га добило по некое детенце кое га одвело Буркхарда до овој место, кое сс тек на време, слично и на сфингу у Гизу,било скоро закопано сс песак.
Храм иначе е посфетен и изграден од страну на Рамзес 2, за његову омилену жену Нефертари,за коју се сматра дека има нубијско потекло,у част на богови Ра,Птах и Хатор, како и да се слави победа над Хетити,Нубијци, како и цртежи од битку у Кадеш.На два дна у годину,22 вефруар и 22 октомври,што според некои историчари се софпаѓаф сс датуми на Рамзесово крунисување и раѓање,први јутарњи сончеви зраци продираф по целу должину на храм па сфе до внатрешно сфетилиште или поточно до четири статуе од кои една е на Рамзес 2.
download.jpg 53812.jpg

Значи ако некад некој сака да га посети храм, најубаво би било на овј спектакал што се дешава два пут годишно.
Мора да се напомене дека цел комплекс е реконструиран и пребацен на брег на езеро Насер у период од 1963 и 1968.Нова брана гу поплави јужну Нубију, а за да не се полави храм,покрената е иницијатива од Унеско и од разни други сфетски друштва и владе, за да се спаси овј монументалан антички храм.Цел копплекс е расклопен на около 16 000 блока и преместен на брег од Езеро Насер.Браос за потег. А и бравос како су га прецизно преместиле за да га има ист соларан ефект. Затој се сматра и како мегалолитска опсерваторија.
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
KRIVA KULA VO PIZA
piza-2-.jpg
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
MARAKANA STADION BRAZIL maracana-riotur-ascom.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom