Убави локации во светски рамки кои би сакале да ги посетите

Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Велигден д'нска,случајно мене у топ 10 дестинацие ми е едно мало острофче кое букфално е у дунде си мамино,около 2000 км му е најблизак остроф,а около 3600 е одалечен од Чиле,држава под чие знаме се води.

Рапа Нуи или Велигденски острови.
Прегледај го приврзокот 245734
Полинезиски остроф, сс вулканско потекло, забутан у Тихи океан,кој е откриен у 1722 тачно на велигден,од страну на холанску експедицију на чело сс Јакоб Рогевен.Рапа Нуи су старо полинезиско племе кое живеало сс векови тамо,развило сфоју културу и култ кон божестфо Макемаке,човек птица,а и напраило чудни камени фигуре закопани у земњу.Има планета џуџе или планетоид наречен Макемаке.
Прегледај го приврзокот 245736
Моаи су едно од најчудни статуе у сфет што ги има само тамо Има тачно 887 статуе у разну големину и тежину.
Чудно е како су носени овија кипови до места куде што су закопани,ако се нагласи факт дека на Велигденски острови нема дрва, кои би служеле за влечење на тешки кипови.
Рапанујци су старо племе од камено доба,поделено меѓу себе на два клана,сфаку годину кланови се мењале сс владеење,а лидер се бира на специфичан начин.Имало куде њима една игра,натпревар у издежливост и трчање сс јајце,кој победи а да га донесе јајце неискршено,ке владее туј годину.
Сакам да га осету тј древан спирит,нешто старо и вредно,пуно сс приказне.

Не дека е велигден и сфе овој фарса,ама сакам да ги посету и Фарски острови.
Поздраф до следно мое пишување сс нову топ 10 интересну дестинацију.
Во Париз во еден музеј имаат цела статуа од Велигденските Острови довлечкано. Импресивно :)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Во Мала Азија, Турција интересен за разгледување е и Мавзолејот во Халикарнас (чие име станало и синоним за монументална гробница на благородник), односно она што останало од него.

Мавзолејот во Халикарнас е едно од седумте светски чуда на стариот свет и бил надгробен споменик на каријскиот крал Мавзол, инаку персиски сатрап. Бил изграден на површина со зафтнина од 33 х 39 м, а висок околу 50 м. Слично како и Големата Кеопсова пирамида во Египет и ова место претставува гроб на еден од античките владетели. Сепак, Мавзолејот се разликувал од пирамидите по многу работи - помеѓу останатото, убавината на овој објект е карактеристика која е многу позначајна од неговата физичка монументалност и која ја возбудувала имагинацијата на милиони луѓе од времето на нејзината изградба па сè до денес. Мавзолејот е лоциран во градот Бодрум (во старогрчка доба нарекуван Халикарнас), на брегот на Егејското Море, во југозападниот дел на денешна Турција.

Централниот дел на Мавзолејот, кој е подигнат на подиум, е поплочен со мермер и опкружен со колонади (низа од столбови) во јонски стил. Колонадите го носеле пирамидалниот кров кој исто така бил украсен со статуи. На врвот од кровот се наоѓале статуите кои претставувале кочија која била впрегната во четири коња (квадрига). Вкупната висина на Мавзолејот изнесувала 45 метри, од што централниот подиум со гробницата бил висок 20 метри, столбовите биле 12 метри, пирамидалниот кров бил со висина од 7 метри и статуите со коњите на врвот на кровот - 6 метри. Убавината на градбата не била сочинета само од неговата структура, туку и од декорациите и статуите со кои биле украсени неговите ѕидови на различните нивоа од градбата, почнувајќи од подот па сè до самиот негов кров. На градбата се наоѓале и неколку десетици статуи од луѓе, лавови, коњи и други животни во природни пропорции. Тие пак, биле направени од четири прочуени старогрчки скулптори - Бриаксос, Леохарес, Скопас и Тимотеус, при што секој од нив декорирал по една од статуите на Мавзолејот.

Модерна реконструкција на Мавзолејот

mausoleum.jpg

Мермерните статуи на кралот Мавзол од Карија и неговата сопруга Артемизија II, кои ја управувале квадригата прикажана на врвот на кровот на Мавзолејот и биле и погребани во него

0a5248b17a7a84c1c77ca99d221a8a02.jpg

Квадригата (кочија со две тркала, впрегната во четири коњи) од врвот на Мавзолејот

376ee761d3af45b0d1f27b87798992de.jpg

Еден од коњите на квадригата

415px-thumbnail.jpg

Mausoleum of Halicarnassus

Видео кое меѓу останатото визуелно го илустрира и некогашниот изглед на Мавзолејот.

 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Од Центар накај Водно - уникатно достигнување на човековата архитектура и просторно планирање - овој еклектичен предел плени со разновидност, мултифункционалност на микро-просторот и правилни црти.


Кога ќе помине кризава, би прошетал до таму, би напаравил една тура, зависно од финансиската ситуација тогаш.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Партенонот е поранешен храм на платото на Атинскиот Акропол, Грција, посветен на божицата Атена Партенос (заштитничка на градот). Неговата изградба започнала во 447 п.н.е. кога Атинската империја била на врвот на својата моќ. Тој бил завршен во 438 п.н.е., иако декорацијата на зградата продолжила до 432 п.н.е. Тој е најважната преживеана градба на Класична Грција, која генерално се смета за зенитот на архитектурата од дорскиот архитектонски ред. Нејзините украсни скулптури се сметаат за едни од најрепрезентативните остварувања на грчката уметност. Партенонот, пак, се смета за траен симбол на Античка Грција, атинската демократија и западната цивилизација и еден од најголемите и најзначајни светски културни споменици. Атињаните коишто го изградиле, Партенон и други споменици ги сметале за фундаментални за прославата на хеленската победа над персиските напаѓачи и како благодарност до боговите за таа победа.

Самиот Партенон го заменил стариот храм на Атена, кој историчарите го нарекуваат предпартенонски храм или Постар Партенон, кој бил уништен во персиската инвазија од 480 п.н.е. Како и повеќето грчки храмови, Партенон служел како градски трезор (тесаурус или ризница). Некое време служел како ризница на Делианската лига, која подоцна станала Атинска Империја. Во последната деценија од VI век од н.е., Партенонот бил претворен во христијанска црква посветена на Богородица.

По османлиското освојување, во раните 1460-ти години, тој била претворен во џамија. На 26 септември 1687 година, отпадот од муницијата во зградата се запалил од венецијанското бомбардирање во турско-венециската војна. Последичната експлозија сериозно го оштетила Партенонот и неговите скулптури. Од 1800 до 1803 година, Томас Брус, 7-миот Ерл од Елгин, ги отстранил некои од преживеаните скулптури од огромниот фриз на старогрчкиот скулптор Фидија (кои во оригинал биле полихромни, односно јарко обоени во живи бои), со наводна дозвола од Отоманската Империја. Овие скулптури, сега познати како Мермерите на Партенон, биле продадени во 1816 година на Британскиот музеј во Лондон, каде што се наоѓаат денес и таму се изложени. Од 1983 година (по иницијатива на министерот за култура, Мелина Меркури), грчката влада е посветена на враќањето на скулптурите во Грција.

Реконструкција на Акрополот во Атина и заемната поставеност на градбите и храмовите во неговите рамки.

Parthenon1.jpg

Примена на т.н. секвенца на Фибоначи, т.е. златниот пресек во конструкцијата на Партенонот.

3f9c6473cd3cdd51ac6199b70bc1344f.jpg

Позицијата на тимпанонот и 160-метарскиот фриз кој е ремек-дело на Фидија во храмот.

xParthenon-metopes.jpg.pagespeed.ic.wvoNcfajHz.webp.jpg

Реконструкција на изгледот на кровот и еден од тимпаноните на храмот какви што биле изворно, во боја.

5a58e68ca59c399e7aef944c0b2bb5bd.jpg

Дел од т.н. „Елгинови мермери“ кои денес се чуваат во Британскиот музеј, од фризот кој бил ремек-дело на старогрчкиот скулптор Фидија, изворно долг 160 метри:

Реконструкција на изгледот на скулптуралната композиција од западниот тимпанон на храмот.

Reconstruction_of_the_west_pediment_of_the_Parthenon_1.jpg

„Трите парки“ - наречнички од едниот од двата тимпанони на храмот.

Flickr_-_Nic's_events_-_London_-_14-15_Dec_2007_-_067.jpg

Коњанички претстави од фризот.

Cavalcade_west_frieze_Parthenon_BM.jpg

Реплика на колосалната статуа на Атена Партенос, ремек-дело на скулпторот Фидија, со висина од 11,5 метри, која била подигната на пиедестал со висина од 4 до 8 метри и во десната рака ја држела фигурата на Нике (божицата на победата), во левата држела штит кој се потпирал на змија, на главата носела декоративен шлем со Сфинга и два Пегази, а на градите имала штитник со главата на Медуза Горгона (наречен егида), кој имал профилактичка улога. Била изведена во техника хризелефантина, односно кожата ѝ била направена од слонова коска, пеплосот (облеката) што го носела од злато, а предниот дел од штитот од сребро.

NAMA_Athéna_Varvakeion.jpg

Модерна реконструкција која прикажува како би изгледала статуата во оригиналното издание.

Athena_Parthenos_LeQuire.jpg

Кусо видео со претстави на градбите во рамките на Акрополот.

 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Ерехтеонот е грчки храм во јонски архитектонски стил, посветен на античкиот грчки херој Ерихтониј од Атина. Изведен е од панеличен мермер во Акрополот во Атина, а бил изграден од архитектите Филокле и Архилох од 421 до 406 година п.н.е.

Зградата е комплициран и неправилен објект со неколку одделни култни места со светилишта и олтари и најпознатиот во светски рамки трем со шест статуи на млади девојки - кори или Каријатиди кои го носат рамниот покрив на тремот (денес се заменети со нивни копии). Познат е по својата структура која е во исто време и елегантна и необична. Наведнатиот нагиб на теренот и потребата од неколку светилишта, предизвикале различни нивоа на внатрешните простори и различно обликување на волуменот на градбата. Овој храм е многу поживописен, динамичен и интересен од монотоните статични дорски храмови. Ова е особено видливо во исфрлените декоративни тремови. Ерехтеонот митолошки се поврзувал со некои од најстарите и најсвети реликвии на Атињаните, како што бил Паладионот или дрвената скулптура на божицата Атена Полија (чувар и заштитник на градот), како и изворот со солена морска вода наречен Ерехтеј, кој настанал како резултат од ударот на Посејдон со неговиот трозабец, како и светата маслинка, засадена од Атена во име на нејзиното успешно ривалство со Посејдон за превласт над градот.

Во средниот век Ерехтеонот служел како црква, а во времето на Турците како стан на командантот на Атина.

Каријатидите во класичната грчка архитектура претставуваат статуи на женски фигури, чија функција ја заменува онаа на традиционалните столбови. Во мермерната доминантна архитектура, Каријатидите прво се појавиле во парови, во три мали згради во Делфи (550-530 п.н.е.). Според приказната на римскиот писател Витрувиј од IV век п.н.е., тие ги претставувале жените од Кари во Лаконија, каде жените често пати танцувале балансирајќи кошница на главите во чест на Артемида, а потоа биле осудени на тешка работа за време на опсадата на Персијците над Грција, во 480 година п.н.е. Најрепрезентативниот пример на Каријатиди е токму тремот со шест фигури во храмот на атинскиот Акропол - Ерехтеон (420-415 п.н.е.). Интересно е тоа што тремот на Ерехтеон се потпира над она за што се верувало дека е гробница на митскиот крал Кекропс и можеби Каријатидите и нивните садови за течност се доказ на овој факт - либациите (течните жртви) се истурале на земјата во чест на мртвите.

Северната страна на Ерехтеонот:

Видливи се различните нивоа на поединечните делови на храмот како резултат на архитектонското прилагодување кон неправилната конфигурацијата на теренот.

1920px-Erechtheion_in_Spring.jpg

Светото маслиново дрво лоцирано на запдната страна на храмот, кое божицата Атена тука го посадила во чест на својата победа над Посејдон за превласт над градот.

4857590095_99882e56d1_b.jpg

Северниот трем со репликите на Каријатидите.

Karijatide.jpg

Две од оригиналните Каријатиди во Акрополскиот музеј во Атина.

Cariátide.JPG

Реконструкција на изворниот изглед на Каријатидите во боја.

f6.i-prostasi-toy-erehtheioy-me_-tis-karyatides.jpg
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Епа тогаш дај некоја локација.... партиципирај... не туку мрчи.... тоа изгледа вака....


Пештера на кристалите или џиновската пештера кристал е пештера поврзана со рудникот Наика на длабочина од 300 метри во Наика , Чихуахуа , Мексико.

Најголемиот кристал во пештерата откриен до денес е во должина до 39 метри и 55 тони во тежина.

Без соодветна заштита, луѓето можат да издржат приближно десет минути....

Прегледај го приврзокот 245560

Прегледај го приврзокот 245561
Јас тука би приумрела. Ќе треба амбулантно-возило да ме чека надвор. :D
Одлична тема иначе. (y)
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Во Кападокија, покрај турата со балоните, прво треба да се видат подземните антички градови...... ги има повеќе...

Најпознати се Кајмакли и Деринкују.

image.jpeg

cappadocia-turkey.jpg

Најголем е Деринкују.... можел да прими дури 20 000 луѓе и ги имал сите вообичаени удобности пронајдени во други подземни комплекси низ Кападокија, како што се вино и масло преси, штали, подруми, простории за складирање, рафинерии и капели.

derinkuyu_underground_city_featured.jpg

Underground-Cities-In-Cappadocia.jpg

Derinkuyu-1.jpg

derinkuyu-underground-city.jpg

IMG_9650-2.jpg

derinkuyu-magarasi.jpg

Повеќе тука.

А за искуството да биде комплетно, треба да се преспие во такво хотелче...

yunak_evleri_cave_hotel_turkey_01.jpg
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Пештерата Фингал во Шкотска е дел од националниот природен резерват на оваа држава. Таа е природна формација од хексагонални здружени базалтни столбови формирани од палеоценската лава. Оваа пештера е исполента со морска вода и по својата стуктура е слична на Гигантскиот премин во Ирска.

Прегледај го приврзокот 245521

Прегледај го приврзокот 245522

Светлечките пештери на Ваитомо се лоцирани во Нов Зеланд и се познати по својот светлечки фасцинантен природен феномен, кој се должи на одредена габа која продуцира сино-зелена биолуминисценција. Оваа туристичка атракција има центар за посетителите на својот влез, конструиран од дрво. Во нејзините рамки постојат и организирани тури со бротчиња кои се движат под нејзините светлечки сводови.

Прегледај го приврзокот 245529

Прегледај го приврзокот 245525

Мистичниот пештерски комплекс во Бату, со пештерскиот храм во Куала Лумпур, Малезија, се состои од три главни пештери и уште неколку споредни. Најголемиот меѓу нив, наречен и Катедрален или Пештерски храм има многу висок кров кој прикажува хиндуистички светилишта. За да стигнат до него, посетителите мораат да се искачат по стрмна нагорница преку 272 скалила. На подножјето на ридот има уште два храма - Уметничката галерија и Музејската пештера, кои се исполнети со хиндуистички слики и статуи. Рамајана пештерата е ситуирана на крајната лева негова страна, на чијшто пат се наоѓа 15 метри високата статуа на Хануман, како и храмот посветен на него, кој инаку бил приврзаник и помошник на врвното индиско божество Рама. Церемонијата на осветување на овој храм се случила во 2001 година.

Едно од скалиштата во пештерата

Прегледај го приврзокот 245538

Еден од пештерските храмови

Прегледај го приврзокот 245539

15 метри високата статуа на Хануман

Прегледај го приврзокот 245541Ед
Јас минатава година сосема непланирано имав шанса неколку денови да престојувам во Куала и првото што го направив беше посета на храмов. Да стоиш пред толку импозантна (иако не толку стара) и толку колоритна градба е вистинско доживување! Храмот е активен и скоро секој ден има кратки служби.

1587361461375.png

1587361495008.png 1587361520104.png

Исто ме фасцинираа животинчињата таму. Пештерата е дом на десетици мајмуни, лилјаци во подножјето имаат направено комплекси со вода каде жто има разновидни птици. Навистина е прекрасно да се следи цел тој систем и соживот.
1587362014018.png
1587362033184.png


Инаку и општо ја препорачувам Куала Лумпур. Има огромни комплекси со галерии и разни музеи. Градот е релативно чист за разлика од некои помали места каде што не се води многу грижа. Има пркрасна река а околу реката се разместени повеќе џамии, со прекрасни бои. Луѓето се пријатни и голем дел од нив зборуваат англиски.


Од местата кои би сакала да ги посетам се:
1. Kathmandu - Nepal
1587362478796.png

2. Lhasa - Tibet

1587362571078.png

3. Kyoto

1587362661028.png
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2011
Мислења
840
Поени од реакции
819
300px-Taj_Mahal_in_March_2004.jpg
Таџ Махал немам време сега да пишам ако има некој нека напише поопширно
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Храмот на Зевс во Олимпија бил антички грчки храм лоциран во Олимпија, Грција, посветен на богот Зевс. Храмот кој бил изграден во втората четвртина од V век п.н.е., бил врвно достигнувае на целосно развиен класичен грчки храм од дорскиот архитектонски стил. Храмот бил изграден на веќе постоечко и постаро религиозно место во Олимпија.

Изградбата започнала околу 470 година п.н.е. и се проценува дека е завршена во 457 година п.н.е., архитект бил Либон од Елеја, кој работел водорски стил. Храмот бил со периферна форма, со преден пронаос (трем), кој бил огледална слика на сличен аранжман на задниот дел на објектот, опитодомосот. Зградата се издигнувала на крепидома (платформа) од три нееднакви скалила, надворешните столбови била позиционирани во аранжман од шест до тринаесет, а два реда од седум столба ја делеле целата (наосот) на три бродови. Павзаниј (крал на Античка Македонија) го посетил овој локалитет во II в.н.е. и изјавил дека висината на храмот до тимпанонот изнесувала 68 метри, неговата ширина 29,0 метри, а должината 70,1 метри.

Бидејќи главната структура на објектот била изведена од локален варовник кој бил непривлечен на изглед и со слаб квалитет, тој бил дополнително обложен со тенок слој на штуко со цел да се добие изглед на мермер, кој на тој начин би одговарал на скулптуаралната декорација на храмот. Тој бил покриен со плочки од Пентелеички мермер, пресечени доволно тенко за да биде транспарентни, така што во летен ден, „светлината споредлива со конвенционалната сијалица од 20 вати ќе заблескаше подеднакво низ сите илјада плочки“.

Остатоци од колонадите на храмот.

olympia-temple-of-zeus-top-1-1280.jpg

Реконструкција на оригиналниот изглед на храмот со полихромните фризови и тимпанони.

zeus.jpg

Скулптуралната декорација изведена во увезен Паријски мермер, се карактеризирала со фризови сочинети од наизменично поставени метопи и триглифи, а во тимпаноните исполнета со скулптури изведени во строг стил, кои му се припишуваат на „мајсторот од Олимпија“ и неговото студио.
Источниот тимпанон ја прикажувал трката со кочии помеѓу Пелопс и Еномаус, додека, пак, западниот ја илустрирал кентавромахијата (борбата на луѓето со кентаврите) меѓу Тезеј и Лапитите. Богот Аполон е прикажан на западниот тимпанон, покажувајќи кон човечката засегната страна во борбата, којашто тој ја фаворизирал. Метопите (плочите од фризот) од храмот ги прикажуваат дванаесетте задачи на Херакле.

Скулптурите од источниот тимпанон на храмот.

central-group-4.jpg

Скулптуралната композиција од западниот тимпанон.

29857793730_b268fae35b_b.jpg

Фигурата на богот Аполон од западниот тимпанон.

1200px-Zeus'_temple_in_Olimpia,_frontone_west,_Apollo.jpg

Некои од метопите (плочи од фризот) со претстава на дванаесетте задачи т.е. подвизи кои Херакле ги извршил под казна:

Херакле ги чисти шталите на Авгиј; Херакле и Стимфалските птици.

Herakles’ Fifth Labor.png CHeraclesZTAugeanStables.jpg Herakles’ Sixth Labor.png CHeraclesZTBirds.jpg

Во 426 година од н.е., Теодосиј II наредил уништување на светилиштето за време на прогонството на паганите во доцното Римско Царство. Археолозите одамна претпоставуваат дека веќе руинираниот храм бил дополнително уништен од земјотресите во 522 и 551 година, за кои се знае дека предизвикале масовни оштетувања на Пелопонез, иако постојат и основани историски претпоставки дека неговите столбови можеби биле намерно срушени со јажиња во текот на раниот византиски период.

Статуата на Зевс на Олимпија која се наоѓала во рамките на храмот, била огромна седечка фигура, висока околу 12,4 метра, изведена од прочуениот старогрчки скулптор Фидија околу 435 п.н.е., за светилиштето на овој бог во Олимпија, Грција.

Хризелефантинската скулптура била сочинета од слонова коска и златни панели на дрвена рамка и го претставувала богот Зевс седнат на тронот од кедрово дрво, украсен со слонова коска, злато и скапоцени камења.

Едно од седумте чуда на стариот свет, оваа статуа била изгубена и уништена во текот на V век од нашата ера; детали за нејзината форма се познати само од антички грчки описи и нејзини претстави на монети.

Статуата на Зевс била нарачана од Елејците, чувари на Олимписките игри, во втората половина на V век п.н.е., за нивниот новоизграден храм на Зевс. Барајќи да ги засени нивните атински ривали, Елејците го ангажирале познатиот скулптор Фидија, кој претходно ја направил масивната статуа на Атена Партенос во Партенонот, која била изведена во истата хризелефантинска техника. Статуата зафаќала половина од широчината на бродот на храмот, кој бил изграден со цел нејзе да ја смести. „Се чини дека ако Зевс застане “, забележал географот Страбон во I век п.н.е., „тој ќе го уништи храмот.“

Според римскиот историчар Суетониј, римскиот император Калигула дал наредби дека „ваквите статуи на боговите што биле особено познати по нивната светост или нивните врвни уметнички достигнувања, вклучително и онаа на Јупитер од Олимпија, треба да бидат донесени од Грција, за да им се отстранат рацете и да се замент со неговите лични претстави”. Пред тоа да се случи, императорот бил убиен во 41 година од н.е., а неговата смрт наводно била прорекната од самата статуа, која „одеднаш испушти таков громогласен смев, што скелињата се срушија и работниците од страв избегаа колку што ги носеа нозете“.

Изгледот на статуата во просторот на наосот на храмот, кадешто се гледа и реконструкцијата на тронот.

statue-of-zeus_1.jpg

Модерна реконструкција на оригиналниот изглед на статуата на Зевс од неговиот храм во Олимпија.

d2u2l6sk99x21.jpg
 
Последно уредено:

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Друго место на кое многу би сакала да одам, е на било кој вулкански нарив. Идеално - за време на ерупција. „Последна“ желба ми е да гледам вулкан како еруптира и да се доближам опасно блиску до лава. Сите вулкани сакам да ги видам еднаш смирени, еднаш во ерупција. Или накратко, да се преселам Италија ќе треба. Така да еве неколку локации:

Етна, Италија.


Стромболи, Италија.


Еребус, Антарктик.


Амбрим, Вануату.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom