Убавината и паметот

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Причината е едноставна, кога имаш убава женска (манекенка) не ти е гајле шо има во глата, најбитното се цицињата, тркалезно и цврсто газе, долги прави нозе... А то дал разликува Шекспир од шестар ... н кој му е гајле. Од друга страна пак ко ќе те западни некој габор принуден си да истражуваш малце подлабоко и да видиш дал барем ја бива за муабет. Така да многу повеќе и почесто е истражувана памета на грдите отколку убавите жени. Кој стигнал да се занимава со тричарии како што е интелигенција покрај некој топ модел ?!?!
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Ајде, нова тема за филозофирање. :)



Некој мисли така, некој обратно, некој дека нема врска едното со другото итн. Што мислите вие?
Дали од старт убавиот човек го осудувате дека е глупав или без разговор не донесувате заклучок?
Дали па за понеубавите луѓе мислите дека се попаметни?
Мислите ли дека овие две работи кај човекот се во постојана борба и секогаш се трудат едната со другата да се надополнат? Кога некој е убав да се пробива низ животот со помош на својата убавина, а кога некој не е, се труди да го прави тоа со помош на својот памет?
Нема врска. Од каде убавината би имала врска со паметот? Секако дека кога двете постојат, е најубава комбинација, ама во никој случај едното не може да се поистоветува со другото. Значи има и многу убави луѓе, кои се помалку паметни и обратно..Убавината е сосема релативна работа и нема никакви допирни точки со интелигенцијата. Од старт, НЕ би можела некого да осудам без разговор, а после тоа можам да дадам мислење, кое секако нема врска со надворешниот изглед. .и не мислам дека се во постојана борба, и дека се трудат да се надополнат. Не мора да значи дека ако си убав, задолжително ќе ја употребиш САМО својата убавина за да се пробиеш.. Напротив, интелигенцијата е таа која е пресудна за пробивање, а убавината во некои случаи може само да е еден вид олеснителна околност( секако кога тоа се зема предвид при некои професии).. И кога убавината и паметот навистина би имале допирни точки, или би биле зависни една од друга, тогаш незнам како би успевале луѓето на кои природата им дала помалку(ако веќе така можам да се изразам) односно оние кои ги карактеризираме како помалку убави? Тогаш тие не би имале можности за пробив, а ете во реалноста знаеме дека тоа воопшто не е така.. што значи, дека не се во борба за да се надополнат.. Човекот сам за себе може да се труди да ги надополни, но во никој случај не се зависни едно од друго.. И секако, во моите очи далеку повеќе вредат луѓето кои се паметни, отколку оние другите, без разлика на нивната убавина!!!:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.776
Поени од реакции
12.239
Но предност при вработувањето на одредени места и пробивањето во друштво се две од повеќето типични примери каде надворешниот изглед предничи пред паметот на човекот. Сепак надворешниот изглед е првиот и најсилен впечаток кој го оставаат врз околината. Зошто инаку би се инсистирало од одредени работодавци на вработување на убави млади девојки, а не интелигентни средновечни жени (обично на шалтери, во продавници, бутици, кафулиња, секретарски и советнички позиции и слично). Исто (мислам дека и на форумов имаше тема) успехот генерално во животот е многу посигурен доколку лицето е со привлечна надворешност, а просечен мозок, отколку неугледна надворешност, а мозок од Аристотел. Ова е генерализирање, но начинот на перцепција на човекот е тој и ние не можема да го измениме-прво визуелна па сите други перцепции.

А најнакрај што подразбираме под поимот паметен човек. Реков за мојата сопруга дека е во смисол ми опонира на муабет, истражува истории, развој на јазикот, капацитет е за учење со децата :smir:, но секогаш за тоа тргнуваме од сопствен аспект. Можеби што е за мене паметен човек, за друг не е и обратно. Која е градацијата, условите, дали Ику тест или генерално? Баш би ме интересирало како некој од вас оценува што значи паметен или интелигентен човек.
 
С

Сатори

Гостин
Кога некој е убав да се пробива низ животот со помош на својата убавина, а кога некој не е, се труди да го прави тоа со помош на својот памет?
Јас сум од тие што се убедени дека треба да се искористат и двете, таму каде што работите ќе се поклопат, уште поубаво.
Но, да не се одалечувам од темата, физичкиот изглед секогаш бил и ќе биде во непосредна врска со интелектуалната надградба затоа што кога знаеш дека работите можеш да ги добиеш и без нешто интелегентно да излезе од твојата уста, тогаш немаш зошто да се трудиш.
Но, тоа е размислување на некој кој што е навистина „глупав“, не? :)

Затоа сепак би одела на индивидуализам, има секакви примероци низ светов, кој како се поставил кон себеси тоа е личен и приватен процес врз кој што да, може да се влијае, но сепак останува индивидуален. :)

Така што, не, не значи дека ако си убав мораш да бидеш глупав или паметен ако си грд.
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Но предност при вработувањето на одредени места и пробивањето во друштво се две од повеќето типични примери каде надворешниот изглед предничи пред паметот на човекот. Сепак надворешниот изглед е првиот и најсилен впечаток кој го оставаат врз околината. Зошто инаку би се инсистирало од одредени работодавци на вработување на убави млади девојки, а не интелигентни средновечни жени (обично на шалтери, во продавници, бутици, кафулиња, секретарски и советнички позиции и слично). Исто (мислам дека и на форумов имаше тема) успехот генерално во животот е многу посигурен доколку лицето е со привлечна надворешност, а просечен мозок, отколку неугледна надворешност, а мозок од Аристотел. Ова е генерализирање, но начинот на перцепција на човекот е тој и ние не можема да го измениме-прво визуелна па сите други перцепции.
добро се сложувам со тоа дека првото нешто шо ќе го видиш е убавината,надворешниот изглед....но еве пример земиме се бара убава девојка за работа во канцеларија....девојката ке се најди а памет нема како се стартува компјутерот...шо ке ти е убајната...или во бутик...ке ја најдат некоја...ама ке се најдат паметни ке се прават жаловити немаат пари па таа ке ја спушти цената толку..за да нема никаков промет од тоа дури и помалце пари од набавна цена...да не продлабувам толку мислам ме разбираш шо сакам да кажам....
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Никогаш не осудувам некоја личност според изгледот бидејќи понекогаш знае добро да не измами.
Убавината постепено исчезнува додека паметот засекогаш останува. Убава девојка може да фати дечко многу лесно, но може да го задржи само со интелигенција...
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
убавината и паметот... ретко се наоѓаат на исто место... ама кога ке се најдат луда комбинација е...

позз до една личност :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Убавината и паметот воопшто не се обратно пропорционални.
Научен факт е дека овие две работи немаат никаква поврзаност освен во нашата проста психа...тоа е тоа.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Паметот нема врска со убавината, не мора да значи секој што е убав и е глупав, тоа се само предрасуди врз одредени групи луѓе како што спомна Mean :toe:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ајде, нова тема за филозофирање. :)



Некој мисли така, некој обратно, некој дека нема врска едното со другото итн. Што мислите вие?
Дали од старт убавиот човек го осудувате дека е глупав или без разговор не донесувате заклучок?
Дали па за понеубавите луѓе мислите дека се попаметни?
Мислите ли дека овие две работи кај човекот се во постојана борба и секогаш се трудат едната со другата да се надополнат? Кога некој е убав да се пробива низ животот со помош на својата убавина, а кога некој не е, се труди да го прави тоа со помош на својот памет?
Не, паметот не се гледа на прв поглед, за разлика од убавината. Мора да зине прво, да го видам што човек е. А инаку, убавите луѓе ја имаат привилегијата која неубавите ја немаат, а тоа е да се буткаат на разни позиции со надворешен изглед. Денес, мора да си со пристоен изглед за да можеш да работиш некоја јавна работа. Особено ми пречи, што на телевизија се излезени прекрасни девојки со говорни маани, кои ја имаат работата-водител. Вистина, не можат да стават некоја мортиша, ама сепак, премногу се` цени убавината на сметка на способностите. За второто... Мислам дека понеубавите луѓе можат да се исто толку паметни или глупави колку што можат и убавите. Средината во која си растел, образованието што си го стекнал, луѓето со кои се дружиш, способноста да го изразиш својот квалитет, се пресудни за да оценам дали е некој паметен или не. И третото болдирано - за жал да... Тоа што ти е поистакнато, го развиваш.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Убавината нема апсолутно никаква врска со паметот.Точно дека најпрвин се приметува физикус ама за паметот малце потешко,т.е.потребно е да направиш муабет да видиш дали има у црпката или нема ништо.Исто точно е дека постојат предрасуди за убавите дека имаат помалце памет и за понетолку убавите дека имаат повеќе.Немаат никаква врска едното со другото,ама од друга страна па исто е точно дека за одредени работи во животот и пробивањето оди убавина пред памет..што не чини.
Не треба да се расудуваат луѓето според нивната надворешна убавина.Никогаш не можеш да знаеш што се крие под неа
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ајде, нова тема за филозофирање. :)



Некој мисли така, некој обратно, некој дека нема врска едното со другото итн. Што мислите вие?
Дали од старт убавиот човек го осудувате дека е глупав или без разговор не донесувате заклучок?
Дали па за понеубавите луѓе мислите дека се попаметни?

Мислите ли дека овие две работи кај човекот се во постојана борба и секогаш се трудат едната со другата да се надополнат? Кога некој е убав да се пробива низ животот со помош на својата убавина, а кога некој не е, се труди да го прави тоа со помош на својот памет?
Напротив. Физичкиот изглед е она што најмалку ми претставува показател на тоа дали човек е глупав или не. Лично познавам многу луѓе кои се навистина убави, а кои притоа имаат и те како памет со кој можат да се пофалат, но и обратно знам и принцези и принцеви кои се онака претерано глупи.
Понеубавите, па потполно исто како и за убавите. Интелектуалната способност не е ни најмалку поврзана со физичките карактеристики на човекот. Сето тоа е индивидуално, поточно варира од човек на човек.

Вториот болд: Мислам дека тоа е само нешто кое е прифатено како терк по кое би требало сите луѓе да се ориентираме. Убавите се пробиваат со убавина, а понеубавите со памет. Тоа и донекаде е точно. Но ни најмалку не ни дава до знаење дека убавите пошо се глупи користат убавина за успех, туку дека едноставно нашле полесен начин на кој може да достигнат до целта. Па нели колку и да се убав/а, треба да знаеш како да го изразиш тоа но и како вешто да го употребиш? Додека пак понеубавите луѓе, сметаат дека само работа и само докажување ќе им помогнат за да успеат во нешто, токму поради стереотипите дека убавите добиваат се со убавина,а оние другите МОРА да се докажуваат.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Mislam deka dosta cesto kaj lugjeto e zastapeno mislenjeto ako e ubava,mora da e glupava.Ne se soglasuvam so ova i licno mislam deka ubavinata e edno a pametot drugo i nikako ne gi povrzuvam,ako nekoj e ubav moze da e i mnogu pameten i obratno ako nekoj ne e tolku ubav ne znaci deka e pameten:pipi:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не им судам на луѓето по надворешниот изглед, туку по начинот на кои ги гледаат работите во животот. Секој човек си има сопствена убавина, уникатна за него.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
првиот впечаток не го остава лицето на човекот, туку првиот муабет што ќе ти го направи- мислам дека ова кажува доволно.
Е сега за работата знам дека во силуете на пр. не те вработуваат ако имаш некои ,,недостатоци" што до негде и има логика, како може таа што ми го чисти лицето на пр. да изгледа не негувано.
Обратно од тоа, на ораторската вечер на правниот факултет една од судиките беше така облечена и нашминкана што мислев дека Сека дошла у Скопје што се вика- и тоа не оди( на крај испадна дека жената била магистар)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom