Интересна тема. Да бидеш паметен е едно а да бидеш убав е нешто сосема друго. Е сеа што е што?
Да бидеш убав значи да имаш убаво лице и убава градба (за машки, гледано од женска страна) и да имаш добри "атрибути" (за женски, гледан од машка страна) т.е убавината претставува надворешен изглед. Е сега оваа "дефениција" за убавина може да се раздели уште на неколку категории, односно, како ние ја перцепираме убавината?
Некои личности се: "ахам, имаш мускулесто тело, убаво лице.. убаФ си ми" или "мхмм, имаш добар задник, предобри гради, убава си" оценување без никаков контакт (во смисла, запознавање и разговор, оценување на карактер т.е интелигенција).
Некои се: "изгледаш добро физички но ќе ти дадам вистинска оцена откако ќе ти го запознаам подобро карактерот".
Значи има луѓе кои за да те стават во нивната листа на убави доволно е да имаш само физички изглед, додека пак другиве за да те стават во истата листа треба убавината и интелигенцијата да бидат правопропорционални (што би рекле физичарите).
Да бидеш паметен значи да имаш високи познавање од одредена област или просечни познавања од повеќе области. Е додатно во паметноста има и емоционално IQ и уште многу видови на IQ кои би те ставеле во листата на паметњаковци. Секој различно оценува. Границата за да те смета некој за паметен зависи од неговиот коефициент на паметност. За некој што нема некои си многу познавања лесно е да почне да те смета за паметен, а некои што имаат многу познавања (дали од една или повеќе области) е тука веќе е проблемот за докажување на паметноста.
Дали е поврзан паметот со убавината: И да и не, познавам доста преубави личности а памет за ништо, и обратно.
Што повеќе е привлечно (секси): За кого како и за што. За авантури и не ти е потребен некој/а "доктор на науки", а за озбилна врска и заеднички живот добро е да се најде 50/50 или 40/60 во водство за паметот.
Е сега дека темава е филозофија, секој си има право да исфилозофира нешто и накрај да си го даде своето мислење.
Лично знам многу што се убави и паметни, но исто така знам некои што се ептен убави (ептен) а памет за ништо.
Но како и да е сите сме луѓе, никој не е совршен па така да без осудувања (барем не директни осудувања). А во себе можеш секој да си го оцениш според твои принципи.