Убавината и паметот

Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Ко ќе видиш, се е минливо, па и паметот, ќе излапе човек. Но паметот можеби и да го имаш, но недоволно да го користиш. Релативно е, а релативно е и тоа колку е човек паметен, во однос на тестови или во однос на други луѓе (со која популација се споредува и слично). Но гледајќи ги сите недостатоци (физички и психички) кај луѓето и болештините би требало да сме задоволни со она што го имаме, па дали е малку памет или малку убавина, не е битно. Зборот ми е боље да сум поглуп, но да сум здрав :smir:, а тоа ви посакувам и вам (не да сте поглупи, но да сте здрави).
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Убавината и паметот.
Она што на прв поглед кај нас паѓа во очи или се вели дека убавината и паметот не одат заедно и во поголем број на случаи така и расудуваме . Овие предрасуди кои како и многуте предрасуди во животот се создадени од причина да ги надминат комплексите на некои луѓе што не се задоволни од својата убавина и постојано како добра страна го истакнуваат својот памет пред оние што за нив се поубави но мислат дека пак не е доволно паметни. Инаку во основата на нештата е човекот како природно суштество дадено онака како што е. А нормите за тоа што е убаво и што е паметно ги создал самиот човек сакајќи на друг човек да му покаже дека тој е повреден од него.
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Убавината и паметот си немаат допирна точка..
Што логика е тоа дека ако си убав си и паметен или глуп нема везе..
Дал си убав или грд е една работа.. А паметен или глуп скроз друга..
Неможе да се генерализира во никој случај.
 
Demon_Lord

May the force be with you!
Член од
11 септември 2008
Мислења
428
Поени од реакции
9
Како што рекле луѓето, убавината е во очите на посматрачот, а за поврзаност на убавината со паметта е до некаде точна, бидејќи секој човек за се не го бидува (освен некои супер таленти) можеби една убава жена нема да биди глупа, ќе има и факултет и се, ама еве незнај да направи муабет повеќе од едно обично озборување, или пак некој грд и малку приглуп одвај свајќа што се случува околу него, го бидува неверојатно за ораторство, па станува политичар... СЕ Е РЕЛАТИВНО и во врска со оваа работа... :jaj:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
83
Поени од реакции
2
Е шо супер тема за разговор. Баш денес другар ми ми рече како некој мозок пред него рекол: Не постојат убави и грди, туку богати и сиромашни. Мислам дека ова е и повеќе од точно. Е сеа да се навратам на темата. Мислам дека мора да се признае дека за да се биде убав или паметен потребни ти се средства (материја). А повеќето "копачи" се од село. Зарем не е така? Јас сум човек со предрасуди, али во врска со ова не. Ова сум го пишал неколку пати, но јас сум истотака човек на дела. Постои латинска поговорка која гласи: Res, non verba. Или на нашки: Дела не зборови. За разлика од ДИВАЈН, јас мислам дека убавата личност, не само жената, може а и во повеќето случаи е и глупава. Зошто? Затоа што парите го вртат светот. Ти со пари ќе купиш диплома, татко ти ќе ти купи работа, но мозок никој нема да ти купи! И сеа за последната теза. Мислам т.е. не мислам туку сум сведок дека убавината дозволува да лесно се пробиваш во животот. Еве факултетска случка од сестра ми. Сите знаеле подобро од таа X, но бидејќи таа му била убава на професорот, добила осмица, а сестра ми и другарките седмици. И што повеќе сакате од ова?
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Мислам дека нема врска едно со друго. Ако си убав то е зошто така те напрајле шо е зборот, а паметот си доаѓа со текот на годините, со самото изградување на личноста. Значи, да има некои шо се убаваи а немаат три чисти во мозокот,ама јас не се раководам по то дека ако некој е убав,значи е и глупав.. сепак познавам многу кои се убави,а сепак се многу паметни.
Сепак овој стереотип да го наречам, го направиле тие понеубавите луѓе,поради голем комплекс и вана би убав/а, па сега ајде ќе солиме памет како тие се глупи.
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Се е релативно. Убавината не се состои од фиичкиот изглед, туку ако ти е мила личноста одввнатре, таа ке ти е убава и однадвор
 
Член од
14 февруари 2007
Мислења
108
Поени од реакции
13
И мрам, да додадам дека ако си убава а глупава ти нема спас,вештачка интелегенција не може некој да ти даде,а ако си грда под хируршки нож и можеби ќе исападне и некоја лепотица,ако не друго барем поубава од предходно.....
Колку погрешно...Немој со вакви размислувања, губиш од интелегенција во мои очи, па потоа ќе ти остане само убавина и после, според тебе, ќе ти нема спас..:wink: Интелегенцијата се потхранува секој ден, не е нешто вродено па ти останува засекогаш. Така да јас имам верба во убавите и глупави и знам дека и тие можат да бидат паметни еден светол ден, како што и грдите можат да станат убави.
Јас повеќе би направила корелација помеѓу преценетоста и глупавоста..Значи обично преценетите луѓе, без разлика на физичкиот изглед, заглавуваат во нивниот ограничен свет и тешко им оди проширувањето на гледиштата. Тоа според мене, ама остајте ме, јас сум грда и глупава, што знам јас. :nesum:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44

Не секогаш можеш да ја дополниш интелегенцијата..Едноставно има неколку што ги знам стварно се преубави,ама за мабет тапа и за други работи,едноставно смотани се,а не се ни трудат да се поправат..Тоа е за мене глупаво....А да не знаеш нешто и да се труди да дознаеш тоа јас не го викам глупавост во никој случај...:smir:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ајде, нова тема за филозофирање. :)

Некој мисли така, некој обратно, некој дека нема врска едното со другото итн. Што мислите вие?
Дали од старт убавиот човек го осудувате дека е глупав или без разговор не донесувате заклучок?
Дали па за понеубавите луѓе мислите дека се попаметни?
Мислите ли дека овие две работи кај човекот се во постојана борба и секогаш се трудат едната со другата да се надополнат? Кога некој е убав да се пробива низ животот со помош на својата убавина, а кога некој не е, се труди да го прави тоа со помош на својот памет?
Значи, ако ги земеме овие два параметри, убавина и памет, постојат 4 типа луѓе. Убави и паметни, убави и непаметни, неубави и паметни, неубави и непаметни. Убавината и паметот апсолутно немаат врска едно со друго. Кај првите, може од една страна да има едни, што се паметни поради тоа што се очекувало од нив во текот на животот, може да се поради тоа што, искуствата ги натерале на снаодливост, може да се и природно со висок коефициент на интелигенција. Кај вторите, во некои случаи поради убавината, другите не очекувале некој посебно висок коефициент на интелигенција или снаодливост, или не било очекувано ништо посебно, па немале потреба да се напнат со паметот да се истакнат. Кај третите, направиле компензација на физичкиот изглед со паметот, се обиделе да надокнадат она што го немаат од надвор, да дојде до израз од внатре. Или едноставно имале висок коефициент на интелигенција па не им бил потребен не знам колкав труд за да потигнуваат успеси. И кај четвртите, мислам дека се јавува најлошата можна комбинација. Зашто, не праиме муабет толку за коефициентот на интелигенција, туку можеби повеќе за ставови, мислења, однесување. Овие луѓе најчесто се жалат зашто немаат успех во љубовта, а не ни гледаат што можат да превземат околу тоа. Значи не е интелигенцијата пресудна, повеќе ставовите, начинот на размислување. Не дека не можат да се подобрат на двете полиња. Не постои апсолутно неубав човек, на изгледот секогаш може да се работи. И не постои апсолутно непаметен човек, и на тоа може да се работи. Пак ќе речам, не збориме тука за коефициент на интелигенција пошо тој е повеќе вроден отколку што може да му се влијае во текот на животот, туку повеќе на работи што се менливи.
Јас лично, никогаш не донесувам заклучок според физички изглед, пред да направам муабет со некого гледам да сум што понеутрална можам, за да не дозволам на личната пристрасност да ми влијае на впечатокот што ќе го добијам за личноста каква е реално. Секако физичкиот изглед може да е некогаш стимулатор за да пријдеш некому, да сакаш да го запознаеш, но не е пресуден. Зашто ако некого прв пат го гледаш некаде, прв впечаток градиш не само според изгледот, туку и според однесувањето, ако лично немаш контакт со него, тогаш како се однесува со другите. Ако првиот тест го пројде кај мене, има основа да прејдеме на следниот чекор, потемелно запознавање...
 
Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Како прво дискутабилно е што е всушност убавина..Има една изрека Убавината Е Во Очите на Тој Што Ја Гледа....значи релативно е што е убавина за секого различно...но да речеме општо прифатливи убави луге од околината дали иде со паметот...Тоа е тешка глупост! Убавина и памет немаат врска едно со друго тоа се два различни поима...Жал ми е што преовладува она убав/а а глуп/а или паметна/паметен а ружна/ружен!..По мене оваа предрасуда настанала поради одбивноста и љубомората кај човекот кога ќе види убав човек кој физички нема мани и одма се бара маната во паметот.Мора да се најде некоја мана веднаш за да се задоволи зависта и пакоста дека ете џабе е убав/а кога е глуп/а и обратно..и мирно ке спие послем ;) .бар се надева ..:)
Јас знам многу убави луѓе (кои се паметни) кои имаат проблем со таа предрасуда која доаѓа од околината...прво ги гледаат физички и одма почнува он/а глуп/а е гарант..а кога ќе го кажат мислењето сите немо ќутат!!..
Тоа е човечката завидливост и љубоморство што не дава да се прифати спојот на убавина со памет затоа што тоа би било претешко за варење за нивниот желудник..Затоа најбоље суди пред време и терај..(иронично бесе последното)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Tи си ем убава ем паметна, претпоставувам. :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom