Но предност при вработувањето на одредени места и пробивањето во друштво се две од повеќето типични примери каде надворешниот изглед предничи пред паметот на човекот. Сепак надворешниот изглед е првиот и најсилен впечаток кој го оставаат врз околината. Зошто инаку би се инсистирало од одредени работодавци на вработување на убави млади девојки, а не интелигентни средновечни жени (обично на шалтери, во продавници, бутици, кафулиња, секретарски и советнички позиции и слично). Исто (мислам дека и на форумов имаше тема) успехот генерално во животот е многу посигурен доколку лицето е со привлечна надворешност, а просечен мозок, отколку неугледна надворешност, а мозок од Аристотел. Ова е генерализирање, но начинот на перцепција на човекот е тој и ние не можема да го измениме-прво визуелна па сите други перцепции.
А најнакрај што подразбираме под поимот паметен човек. Реков за мојата сопруга дека е во смисол ми опонира на муабет, истражува истории, развој на јазикот, капацитет е за учење со децата :smir:, но секогаш за тоа тргнуваме од сопствен аспект. Можеби што е за мене паметен човек, за друг не е и обратно. Која е градацијата, условите, дали Ику тест или генерално? Баш би ме интересирало како некој од вас оценува што значи паметен или интелигентен човек.