B
babsyy
Гостин
Груевски може да донесува одлуки во полза на Албанците, само под нивна пресија, алудирам на повисоките албански инстанци. Сигурно не затоа што воспримил од исламистичкиот дух, па има афинитети кон Албанскиот народ. Протести дури и да сака не може да спречи, бидејќи тоа е загарантирано уставно право. За тоа дали е, или не националист доволно говорат извештаите од Европската комисија, еве да ги земеме нив за репер. Како и да е тој не е тема на разговор, мене ме заинтригира нешто друго. Мислам дека и повеќе од доволно ја разглабавме темата за (не)соживотот помеѓу Македонците и Албанците. Меѓутоа што е со Ромите? Конкретно соживотот помеѓу Македонците и Ромите? Имам чуено повеќе мислења од страна на Македонците на оваа тема, ама ме интересира што ќе искоментира(ш)те во врска со тоа. Ќе се изјаснам и јас потоа.Од кога па сега Никола стана националист ? Дали поради тоа што Албанците имаат буквално исти права како нас, дури и се многу повеќе заштитени како рисот ендемски видови демек. Дали поради тоа што дозволи на вехабисти да протестираат низ Скопје откако убија 4 деца и 1 возрасен човек пред Велигден, дали поради тоа што помалите етнички заедници (Турци, Роми итн) никогаш повеќе не биле застапени во локалната и државната власт. Од кај сега Никола испадна националист?