Турски / Индиски / Шпански и останати „Ш“ серии - тема само за хејтери!

Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Пазете ова:

Турските серии се виновни за зголемувањето на криминалот и разводите на Блискиот Исток, тврди телевизијата Ал Арабија, алудирајќи на сериите „Ѓумуш“ и „Долина на волците“.

Според Ал Арабија, турските серии ја туркаат арапската младина кон насилство. Арапските жени, од друга страна, очекуваат нивните мажи да бидат исто толку „романтични и со стил“ како ликовите од омилените серии, а кога очекувањата нема да се остварат во стварноста тие бараат развод, тврди Ал Арабија.

За очекувањата на жените на Блискиот Исток најголем модел е турскиот актер Киванч Татлитуг и неговиот лик во серијата „Ѓумуш“.

Маж (31) од Јемен убил пет лица, инспириран од Полат, лик од серијата „Долина на волците“, додека жена побарала развод бидејќи мажот не бил како ликовите од турските серии и не носел фармерки, тврди Ал Арабија. :pos::pos::pos:

Извор: http://www.idividi.com.mk/stil/woman/784881/index.html
И јас гледам Наруто, и се обидувам техниката на ветрот да ја совладам да го турнам ѕидов во двор без да употребам казма... :вонзем:
 
Член од
17 јули 2012
Мислења
21
Поени од реакции
23
Катастрофа е програмата на нашите а богами и балканските телевизии во однос на сериите.. всушност и дали и може да се нарече серии тоа што моменално се дава:tapp: . Латиноамеричките беа небулоза на небулозите, а турските, барем од тоа што го имам видено одат во ист правец- иста приказна- микс од традиционални врености+турски мафијаши+ латиноамерички клишеа,се е едно исто сценарио со некои запуштени квартови и милионерски вили. дури и тие клишеа што ги позајмуваат од теленовелите тука се уште поиздраматизирани, пример само земете го разводот како тематика, што во светски рамки па и кај нас веќе е нормална појава, они уште го сметат како табу тема па околу еден обичен развод кога ја испреплетат и нивната традиција, стварно срашно...земете пример љубов и ... што ја даваа целиот проблем ќе се решеше со еден развод, а тие по 200 епизоди одвај се разведоа... ми се :sick: додега го пишувам ова...
Во бурни времиња не можам да ја видам претрогателната приказна што другите ја гледаат, првите неколку епизоди беа ок, и тоа е тоа- ништо повеќе од префорсирана драма само плачење + плачење+плачење....Џемиле ко најтрагичната протагонистка на телевиза ... no comment...
Во однос на Зет домазет се сложувам со еден од претходните постови - не можам да видам некои големи елементи на комедија во неа ни па е толку смешна (ако грешам поправете ме- имам гледано само 3 - 4 епизоди - но тоа беше и повеќе од доста да приметам ако е комедија). За жал не верувам дека брзо ќе престане овој бран на Ш класа серии.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Барем денес не ли можеа нашите „национални“ ТВ да не емитуваат турски серии, мислам чисто симболично за празникот, вака ептен е гротескно.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
КОЛКУ РЕТАРДИРАН,УТЕПАН,ОЧАЕН и НЕПИСМЕН можеш да бидеш па да го пуштиш величенствениот најдобриот султан за време на празнување на ИЛИНДЕН?

Све најлошо за Анал5,гром да ги мавне
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
До кога ќе трае оваа голгота, до кога ќе трае ова измачување?
Мислам дека единствена причина за моментов да си одам од државава се овие серии...
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
» 07:00 Јунска ноќ, Сериски филм
11:15 Доктори, Сериски филм
13:30 Каде е ќерка ми, Сериски филм
14:55 Метео 5, Временска прогноза
15:00 Вести, Информативна програма
15:25 Каде е ќерка ми, Сериски филм
17:55 Метео 5, Временска прогноза
18:00 Вести, Информативна програма
18:40 Очајни домаќинки, Сериски филм
20:40 Чек за исплата, Игран филм
22:40 Метео 5, Временска прогноза
22:45 Вести, Информативна програма
23:20 Луминисценција , Игран филм - р
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.393
Поени од реакции
85.338
Значи во темава може да ги пцуеме максимално серииве а?
Додуша и не се сериите толку за пцуење колку народов.
Нормално телевизииве во МКД пробаа со 1 серија и кога видоа успех ај ќе напнеме максимално.
Ова е само период што ќе помине некој пат. Ама кога?
И Турците беа во Македонија одреден период.500 год.
Ако ни треба уште 500 да се ослободиме од нивните серии..
Едно време беа шпанските серии.Ама не до волку.
Сега кога ги снема А1 тотално ТВ состојбава во МКД е КАТАСТРОФА !!
Споредете како беше кога А1 беше на врв и сега.
Порано од Понеделник до Недела странски хит серии. После 1 епизода од серијата следеше мега хит филм.
Викенд на сите телевизии.Топ филмови,4-5 топ фудбалски лиги + останати спортови.
Сега:
Пон-Петок-Турско-индиски серии ол деј ол најт.Од сабајле репризи навечер премиери.Преку лето репризирани цели серии.
Добро ајде гледани се. И ова е премногу ама ајде.
Викенд-Репризи од сериите.
Значи буквално во МКД се даваат само турски серии и вести.
А спорт? А филмови? Каде отидоа забавните емисии?Милионер,Опуштено и останати забавни програми?

Да заклучиме: ММЕ кој прв почна. (а со оглед на тоа што А1 почнаа со турскиве серии... )
 
Член од
12 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
8
Значи, овде на Сител некој од зафрканција коментира или стварно постојат луќево подоле?
Па ова мене ми е посмешно од сите изведби на нашиве т.н стенд-ап комичари.
После неколку минутно смеење, почнуваат солзи да ми навираат на очиве од вакви тешки гов*арии, особено кога девојката се вика ТУРКАН(без навреда за било кој од турска националност - ние од Вучиќ, Лила и компанија патиме, Турицте патат од овие најверојатно и затоа треба да си сочувствуваме) .
Патем, дали има кај некој по дома случај кога постарите ги гледаат и репризите од серииве?
Кај мене иако ја изгледаа целата сезона што заврши на Канал 5(од почеток до крај), за жал сега околу 3 попладне репризите одново ги гледаат.:facepalm:
Да не зборам па за индискине серии што им „сецкаат“ со бедни обработки и бркати девојки.:facepalm:
Дали е ова нормално што се случува. Ги отруја луѓево веќе со вакви глупости и тралалајки од „серии“. Секој ќе ви каже дека нема време до Водно или пак на кеј да отиде, да се размрда малку (онака пензионерски, иако има исклучоци) ама битно за маратонско гледање серии имаат време секогаш. Ај излагам од темава за да не ми рипне притисоков на моиве 20 години.
пратено на 25.08.2012 - 22:00
да поцне да се емитува серијава секој ден и за време на викендот.Многу убава серија

Turkan

испратено на 25.08.2012 - 16:22
Turkan e mnogu ubava serija i ne propustam ni edna epizoda

Turkan

испратено на 25.08.2012 - 16:18
Turkan e ubava i talentirana devojka no me nervira toa ednas na Orhan mu veli deka go saka a ednas mu veli deka ne go saka

Серијата е прекраснаа!

испратено на 14.08.2012 - 21:00
Серијата е прекрасна! Сакав да ве замолам ако може серијава да ја емитувате од понеделинк до петок а под сенката на врбите во савота и недела ве молам!
Ве моламм!

repriza

испратено на 14.08.2012 - 10:40
ke davate li repriza na dosegasnite epizodi??????
»
turkan

испратено на 12.08.2012 - 22:51
pisuvam turkan na google ne mi izleguvaat sliki od serijava... ne se vika isto i na turski?
»
****** turkan

испратено на 09.08.2012 - 17:11
turkan e mnogu ubava serija ako moze od ponedelnik do petok

Laznata princeza

испратено на 12.08.2012 - 13:20
Ako moze povtorno da se emituva srijata "Laznata princeza“
Bidejki zavrsi sezona moze da prodolzi????

turkan

испратено на 07.08.2012 - 20:07
ako moze epizodite da gi stavite na internet, ili davajte gi reprizno sekoj den

DV

испратено на 06.08.2012 - 18:39
AKO MOZI SERIITE OD FILMOV TURKAN DA GI STAVITE NA INTERNET I DA IGRA OD PONEDELNIK DO PETOK INTERESEN FILM
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
http://www.tvpaket.com.mk/serii/telenoveli/1055-2012-09-03-13-13-51
:facepalm:

Значи лугенца мои најмили колку и да мрчеме на овие маки и понатаму нема да им дојде крајот.
Можеме да кукаме до утре наутро ама залудно.
Бабите со пуканки пред телевизор ке се караат со својот сопруг кој да зафати поудобно место за да не дај боже пропушти некоја ситница.
Што би се случило доколку пропушти?Па нормално,затоа се овде репризите по бараност на гледачите:rolleyes:
Што дочекавме драги мои?Стигнавме до дереџе на секој македонски к-анал да гледаме турски и индиски хит серии кои го потресоа балканот.Tрагично.Очекувам да почнат идните новороденчиња да ги крстаат по овие "јунаци".Јеј,кај ке им биде крајот.
Единствено решение е да се избришат сите македонски канали на кои има вакви серии ако така можам да ги наречам.



:icon_mrgr:
 
Член од
12 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
8
^Езел, Бурни времиња исто така. Исрено попрво би гледал нешто од шпанските (ако веќе сум нафатил) или пак хрватските, тие понормални беа, не беа толку „драматични“, имаше некаква логика во приказната. Навистина, колку кичерај се шитка на Балканот, а највеќе кај нас.:tapp:
Од северно-соседски певаљки чии кариери се во изумирање па се до серииве. Како којзнае какви настани и појави да се, па ги рекламираат до тој степен.
Дефинитивно најубава слика даваат коментарите за серииве на нивните матично-телевизиски веб страни. Интернетот како да стана добра алатка за препознавање на културното ниво на еден човек, кој онака низ град да го видиш изгледа сосема ОК, ама кога ќе ти напише некаков си беден коментар во стилот на овие ми оди да си ја акнам главата од ѕид. Колку само поразлични вредности се форсираат кај нас - страшно. Иако многу велат дека државата ни е векови наназад од поразвиените европски земји, па еве нека биде и САД, јас сепак си стојам на своето дека токму овие „вредности“ се тоа што не бутка назад, самиот ментален склоп на народот.
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Еее златни шпански серии ги бараме сега..
турските до душа не се до толку тупи мозок освен онаа Зет домазет е таа веќе :tapp:
А за индиските шта да причам, па во историјата на сите можни филмски остварувања не се видело толку срање колку што го има во една индиска..
особено ова малечкото невестуле е жива напаст,
тоа сцени, глума... од такт да те извај... остај тоа што на секој збор ја даваат таа хорор музика ти се чини се случува апокалипса а уствари невестичето го истурило оризот :facepalm:
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Колку се дерат овие од тоа Зет домазет на живци ми иде таа турчинка стварно што е што ја синхноризира:mad:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.644
Поени од реакции
11.735
Сами сме си криви. Таков ни е менталитетот, затоа и ќе страдаме. Кога имаш еден куп неписмени луѓе во државата ништо друго не би требало да очекуваме. Па ова стариве пак......па тие се убиј боже. Не би била лоша идејата на секое старо лице да му се спроведат тестови за да се види колку му чини паметот, и ако не ги положи - да се фрли во некоја провалија. Така барем и државата ќе заштеди на пензии, бесплатен превоз, бесплатни бањи, итн итн
 

Kajgana Shop

На врв Bottom