МА КАКОВ СВИНСКИ ГРИП - ПОЛОВИНА МИЛИОН МАКЕДОНЦИ НА ЛЕТУВАЊЕ КАЈ НАШИОТ ЈУЖЕН СОСЕД
Македонките кинисаа на летување во Грција!
Во Грција има 290 случаи на заразени со вирусот А (Х1Н1), а секој ден бројот на заболени се зголемува, што предизвикува вознемиреност, објавуваат грчките медиуми.Вчера, грчкото Министерство за здравство потврдило нови 32 случаи на лица заболени со новиот грип
Иако нашиот јужен сосед Грција, викендов, прогласи епидемија на свински грип, поради забрзаното ширење на новиот вирус А (Х1Н1) меѓу населението, но и туристите главно од Америка, македонските граѓани, сепак, не се премислуваат па и понатаму се упатуваат на летување на грчкото море. Изминатиот викенд 10.684 македонски граѓани ја преминале границата со соседна Грција. Бројот на македонските туристи е зголемен дури за десет отсто во споредба со првата недела од јули, кога немаше најави за пандемија на грип во јужното соседство. Дневно македонско-грчката граница ја преминуваат 14-16.000 патници, а за време на викендите од 20 до 22.000. На релација Македонија-Грција дневно преминуваат 10 до 15 автобуси, а за време на викендите на еднодневни тури и над 20 македонски автобуси.
- Со ваквото темпо на промет очекуваме месечниот биланс на патници во текот на јули да достигне рекордни половина милион, истакна Никола Стамнов, командир на Полициската станица на ГП "Богородица".
Туристичките работници потврдуваат дека откажувањата на аранжманите се минимални, речиси незначителни.
Според Стеван Пешевски од туристичката агенција Савана ако лани Турција беше топ дестинација, годинава тоа со сигурност е Грција.
- Многу е мал бројот на граѓаните кои дојдоа да ги откажат патувањата за Грција, вели Пешевски. Тој појаснува дека очигледно нема паника меѓу населението поради грипот. За Пешевски многу поголемо влијание на туризмот изврши светската криза отколку грипот.
- Кризата ни го намали прометот годинава од 20 до 30 проценти, споредено со истиот период лани - нагласува Пешевски. Тој додава дека почнувајќи од почетокот на јуни, па се досега, сите туристи што преку нивната агенција патувале во Грција, ниту еден од нив не заболел од новиот грип.
Со истиот став е и Туристичката агенција Орфеј. Тие велат дека граѓаните знаат за грипот, но сепак патуваат и досега немало никакви проблеми, ниту еден од нив не се вратил со знаци дека има грип. Во Грција има 290 случаи на заразени со вирусот А (Х1Н1), а секој ден бројот на заболени се зголемува, што предизвикува вознемиреност, објавуваат грчките медиуми.
Вчера, грчкото Министерство за здравство потврдило нови 32 случаи на лица заболени со новиот грип.
Во земјава за последниве три дена се регистрирани уште три нови сомнителни случаи од новиот грип А (Х1Н1). Првиот пациент допатувал викендов од Црна Гора, а вториот вчера од Лондон. По прегледот извршен од лекарската екипа на скопскиот аеродром, вториот пациент е донесен на Клиниката за инфективни болести со покачена температура, кашлање, треска и изнемоштеност. Третиот пациент, пак, е по потекло и живее во Соединетите Американски Држави. Тој неколку дена по пристигнување во Македонија е примен на Клиниката за инфективни болести со болка во грлото, главоболка, изнемоштеност.
Како што информираат од Министерството за здравство, во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 7 пациенти. За двајца од нив се добиени негативни лабораториски резултати, а за двајца се уште се во тек лабораториските анализи. Здравствената состојба на сите хоспитализирани лица е стабилна и покажува прогресивно подобрување.
Досега во земјава се потврдени четири случаи на заболени од свински грип. Од Министерството за здравство информираат дека момчето од Македонија кое претстојувало во Нови Сад на музичката манифестација Егзит, а од неделата е хоспитализирано на инфективната болница во Белград се чувствува добро. Тој веднаш е ставен под терапија со тамифлу и најмалку пет дена ќе биде сместен на белградската клиника.Здравствените власти информираат дека момчето е со позитивен наод на новиот тип на вирус А(Х1Н1).
Само некако не ми се верува дека отишле 500 000.