Турбо фолк

  • Креатор на темата Macedonian-Sun
  • Време на започнување
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
Би те викнал, али строго македонска ќе трешти од онаа изворната и чат пат може да се удри некое денсерско рокче, но тука је ќе си го отпеам :D
Абе кај го има тоа да ти пее некој беспари?? [НИКАДЕ] + ме праша ли дали знам мак народно/забавно :)?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Абе кај го има тоа да ти пее некој беспари?? [НИКАДЕ] + ме праша ли дали знам мак народно/забавно :)?
еее пријателе тоа е разликата меѓу рокот и турбофолкот. Порано бендовите свиреле за ич пари, вие одма на заработката :D

Инаку чекај прво да се оженам....после че ја редиме, дотогаш учи народни.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
еее пријателе тоа е разликата меѓу рокот и турбофолкот. Порано бендовите свиреле за ич пари, вие одма на заработката :D

Инаку чекај прво да се оженам....после че ја редиме, дотогаш учи народни.
Посакај само желба.. -за жал тоа важи само за жители од ск...
се надевам дека си со мене во борба против хејтерите на народна музика иако ја напоменуват и забавната како турбо фолк за некои песни?им објавувам војна доколку некој сака да се придружи нека пише.. па ако сме доволно голем број ќе поставите тема да им докажеме дека ништо поразлично немаат од нас освен различен стил на музика што слушаме:
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Јас турбо-фолкот не го сметам за музика. Па, нема никаква уметност во него...Не ниту убав за слушање...
Па како и се очекува да изгледа мешавина од лигав поп (велам лигав поп, бидејќи се однесува на некои екстремно глупави и лигави поп песни, а сите поп песни не се такви) и застарена народна музика. Па и разголените жени со силикони, па и идиотските текстови во кои се раскажува за некоја старинска љубов, или пак за пари...Не, едноставно, НЕ!
Не сакам да ги навредам луѓето кои слушаат турбо-фолк, но мене тоа не ми се допаѓа.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Јас турбо-фолкот не го сметам за музика. Па, нема никаква уметност во него...Не ниту убав за слушање...
Па како и се очекува да изгледа мешавина од лигав поп (велам лигав поп, бидејќи се однесува на некои екстремно глупави и лигави поп песни, а сите поп песни не се такви) и застарена народна музика. Па и разголените жени со силикони, па и идиотските текстови во кои се раскажува за некоја старинска љубов, или пак за пари...Не, едноставно, НЕ!
Не сакам да ги навредам луѓето кои слушаат турбо-фолк, но мене тоа не ми се допаѓа.
Лигав поп? Јас само се чудам како е можно од толку музички жанрови во едно нешто да склопат тоа е навистина за пофалба :D Шала на страна со ова пофалба не го моабетот ми е што како музички правец јас не го ни сметам а најмалку уметност.


:pos: :pos: :pos: Еве зошто зборувам како е можно од толку жанрови да склопат нешто...
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.491
Поени од реакции
58.975
Лигав поп? Јас само се чудам како е можно од толку музички жанрови во едно нешто да склопат тоа е навистина за пофалба :D Шала на страна со ова пофалба не го моабетот ми е што како музички правец јас не го ни сметам а најмалку уметност.


:pos: :pos: :pos: Еве зошто зборувам како е можно од толку жанрови да склопат нешто...
Тоа што не ти се допаѓа како жанр, не е причина да не го вброиш меѓу нив.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Тоа што не ти се допаѓа како жанр, не е причина да не го вброиш меѓу нив.
Ама чек малце сега кажи ми дали на песнава музиката ти се допаѓа?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.491
Поени од реакции
58.975
Ама чек малце сега кажи ми дали на песнава музиката ти се допаѓа?
Не. Музикава е типична електронска музика.
Но гласот на Миле и дава народњачки шмек :D

Многумина според пејачот го одредуваат стилот на музиката, а не според мелодијата.
Конкретен пример имате на претходната страна со песната на Џенан.
Јас сум сигурен дека членот песната ја смета за турбо фолк само затоа што ја пее Џенан, без разлика што музиката абер си нема од турбо фолк.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.902
Знам, Synthpop и Trip Hop се премногу хипстерски. Ајде да видиме каде ќе не одведе еден далеку по-mainstream правец во музиката (колку и да не го сакам, и колку и да се обидувам да не го сметам за музика, туку за шунд од највисок ранг, Турбо-фолкот е музички (под-)правец, кој во класификацијата на AllMusic за која веќе зборував, е класифициран како поджанр на Eurodance музиката, заедно со неговите братчиња и сестрички - Bubblegum Dance, Eurotrance и Italo-Dance).

За појавата на Турбо-фолкот сите по нешто знаеме: потеклото му е во Србија, но иако е генерално поврзуван со изведувачи од Србија, забележува огромна популарност и во Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Македонија, Албанија, Бугарија, Турција и Црна Гора. Турбо-фолкот е всушност категоризиран како мешавина на Фолк и Dance, со Eurodance и/или Pop елементи. Слични стилови, независни од него се имаат развиено и во другите балкански држави: Skiladiko и Laiko во Грција, Manele во Романија, Tallava во Албанија, Arabesque во Турција и Chalga и Pop-Folk во Бугарија.

Терминот Турбо-фолк е креација на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус кој е првиот кој го вовел во употреба за да ја опише музиката која полека почнувала да се раѓа во последните години од постоењето на поранешна Југославија. (Значи да заклучиме - целата онаа новокомпонирана музика која се појавувала во поранешна Југославија пред 1985 година, де факто не е и не може да биде Турбо-фолк). Рамбо Амадеус можне живописно дал и дефиниција за (под-)правецот: „Турбо-фолкот не е музика, туку какофонија на сите вкусови и мириси поврзани во една звучна промаја која има задача да ги задоволи најшироките вкусови и најниските страсти.“

Реков - потеклото на Турбо-фолкот е во таканаречената „Новокомпонована музика“ (македонски: новокомпонирана) од периодот пред 1985. Во тоа време (пред 1985) пристапот кон музиката од страна на авторите и изведувачите бил далеку поразличен - се користеле исклучиво хармоники и кларинети за музицирање, а тектовите на песните биле љубовни (речиси без исклучок). Како најпознати изведувачи на Новокомпонована музика, се спомнуваат: Шабан Шаулиќ, Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ. Значи - уште еднаш да напоменам: примерот подолу НЕ Е и НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ карактеризиран како Турбо-фолк!


Подоцна, во почетокот на ’80-тите се појавуваат изведувачи како Лепа Брена, Весна Змијанац и Драгана Мирковиќ, чија музика не е се уште Турбо-фолк, но со се позачестената употреба на поп елементи, ориентална музика и други жанрови, истите го пробиваат патот кон конечното оформување на „омразениот“ (под-)правец.


Вистинскиот почеток на Турбо-фолкот е со комерцијалниот успех на пејачи кои на традиционалната српска фолк мелодија почнале со додавање на бесмислени текстови (пр. „Чачак, Чачак“ и „Миле воли диско“ на Лепа Брена).


Во периодот по распадот на поранешна Југославија (1991-1994) музиката во Србија се карактеризира со значајна промена на тематиката на текстовите: хедонизмот и патриотизмот (со политичка конотација, но најчесто имплицитно) стануваат најзастапени теми. Таков пример е „Не може нам нико ништа“ на Митар Мириќ кој позади приказната за пар чија љубов преживува се и сешто крие имплицитна порака славејќи ја српската изолација во тој период.


За вистински почеток на феноменот наречен Турбо-фолк, сепак се смета песната на Иван Гавриловиќ, „200 на сат“. Истиот ден кога песната е за прв пат пуштена на белградската телевизија Палма, веднаш по неа е пуштена песната „Гори море, топе се планине“ на Жељко Шашиќ. Овој момент, кој го нарекуваат манифест на Турбо-фолкот, се смета за официјалниот почеток на оваа музика, а овие две песни се официјално - првите 2 Турбо фолк песни.


Набргу стилот го прифаќаат редица нови, и некои веќе оформени „ѕвезди“ како: Цеца, Мира Шкориќ, Снежана Бабиќ-Снеки, Драгана Мирковиќ, кои освен музиката, ги поврзува уште едно нешто - кратките здолништа и покажувањето нозе. :vozbud:


Турбо-фолкот многу наликува и на грчката Laiko музика, и на турската Arabesque, и на музиката на српските брас-бендови, но поодделни композиции можат и комплетно да се класифицираат како Eurodance или дури и Rock and Roll. Единствените разлики меѓу сите овие правци и Турбо-фолкот лежат во визуелната презентација (донесени со експлицитна сексуалност од изведувач(к)и со полуголи тела), во вокалната интерпретација и во текстовите (банални љубовни приказни и предвидливи текстови). Друг тренд кој се прати кај Турбо-фолк музичарите е „крадењето“ на мелодии од соседните земји, па така никој не е изненаден ако една иста песна, во ист или различен аранжман, потпишана од различни автори ја чуеме во Србија по појавувањето во Грција претходно (да речеме), дури и ако оригиналната песна не е Турбо-фолк или некој од правците слични на Турбо-фолкот од соседните држави. Еве еден таков пример:

ОРИГИНАЛ:
УКРАДЕНО:

Иако паралелно со развојот на Турбо-фолк музиката, генерација музичари се обидуваат да го негуваат фолкот (Лепа Лукиќ, Халид Бешлиќ, Харис Џиновиќ и др.), понекогаш е многу тешко да се направи дистинкција помеѓу нив, па затоа обично ги ставаат во ист кош. Постои и таква теорија дека Турбо-фолкот не е посебен правец, ни под-правец, туку само логичен развој на Фолк музиката која се разликува низ генерациите. Истите веруваат дека логично - по трендот за постепено фокусирање кон визуелното, во одредена точка од иднината Фолк музичарите целосно ќе ја занемарат музиката и текстовите, зошто тогаш единствено важен ќе им биде само изгледот. Ако! Не е лошо понекогаш да се изгледа некое вакво видео. Само предупредување за тие со слаб желудник: стиснете MUTE пред PLAY. ;)

 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
турбо фолк слушам повремено и неам проблем да слушам такава музика,мислам дека музика ко музика не е ништо поразлична од некој прозападни групи лед зепелин ролкингстонес и сл, на кои као нешто продуховни музика уметнос ова она као покул.на народот не муе својствена таков тип музика.повеќето деца кај нас се растени со турбо фолк музика ,звезде гранда :)како шо напиша членот погоре потекнува од турција или оринетални арапски влијание и е мешавина од се и сешто.:)сега кај нас зашто толку заживеа кој го промовираи и со која цел.дали сме тоа попримитвни од остали сфет или не се раазбираме многу од музика
 

Kajgana Shop

На врв Bottom