Гром
-Ајде легни си, доцна е...(23:45)
-Немој да одиш таму, опасно е, се може да се случи, не е безбедно...
-А бе од каде да знам какви луѓе се тоа...
-(во 00:30 петок навечер т.е сабота наутро) Кога ќе си дојдеш, доцна е...
-што правиш?
*ништо.
*аха а што правиш?
*Ништо.
*НЕ УЧИШ?
Мојот живот. Единица. Галениче. Единствено девојче помеѓу најблиската фамилија, а за да биде уште поинтересно и најмала. И се разбира јас сум совршена во очите на другите. Јас најубавата, јас најпаметната. И секогаш бев чувана како во стаклено ѕвоно. Се со најдобра намера. Да бидам заштитена, да не ми се случи ништо лошо. Како да се трудеа да ме изолираат од светот, да ме прават да живеам во свет кај што јас сум ангел.
И се додека не видов дека не сум најубавата ниту пак најпаметната. Како што растев, не бев ни малку оставена на мир, ниту малку немав свој избор. Не ми беа дозволени некои ризици. И? Станав плашлива, претерано одговорна, со грижа на совест дури и ако не решам една задача од домашното математика.
А не ми беа забранувани работи и секогаш го добивав она што го посакував. Но таа опсесивна контрола, каде сум, со кој сум, јавување по 10 пати на денот, почна да ми пречи.
Стакленото ѕвоно ми е мало. Го надраснав. Почнува да ме гуши. И заради тоа сум заглавена измеѓу. Ниту девојченце, ниту девојка. Но, јас се уште сум мало девојче. Се уште прават муабет како да сум дете од 10 години, што ме фрустрира... што не ми оставаат крилја да летнам малку, да бидам слободна, да ризикувам, да паднам, да се изгребам.
Се било ризично, па ако сум отидела таму, ќе ми се случело ова, заговори што би било кога би било. Не ме оставаат некогаш ни да пробам.
Премногу ме заштитуваат. А тоа ме нервира, ме гуши, ме потиснува. Прави да се чувствувам дека немам живот. Дека мојот живот е празен, дека немам ништо значајно и дека мојата младост ја поминав однесувајќи се премногу одговорно, премногу сериозно. Во моментите кога требаше да бидам откачена и да правам глупости кои ми личат на годините, јас не ги правев. Затоа што бев научена да бегам од опасни работи, од глупости...
И сега ми велат: Удри грижа на веселење. Смеј се, дружи се, зезај се, глупирај се...
Го правам тоа, ама се чувствувам како да имам 35 години понекогаш. Зашто немам ништо видено. Дури и кога ќе направев нешто имав грижа на совест.
И дали ми направи некој услуга со тоа што беше премногу заштитнички настроен кон мене?
НЕ! Затоа што реалниот свет ме удри по глава, зашто долго време ме убедуваа друго и јас не можам да се опоравам.
Сакам да викам на цел глас, да се дерам, да отидам на планина и да го изгубам целиот глас викајќи, зашто не можам, премногу негативна енергија имам во себе.
А ја сакам повеќе од се. Таа е мојот живот. Жената која ми е се, мој идол, мој ангел. Ја сакам повеќе од животот, се би направила за неа, мојата болна точка. Ја сакам премногу.
Но претера со заштитничката улога. А знам дека го прави со најдобра намера. Знам дека се има изгорено многу во животот и дека не сака да ги повторам нејзините грешки. НО,сакам да грешам. Сакам да ризикувам. Сакам да правам глупости. Но,доцна е за тоа.
Само се надевам дека ќе го увиди тоа и дека некој гром ќе го скрши стакленото ѕвоно и јас ќе бидам слободна.
Но, веќе е доцна. Јас сум научена на тоа. И сега кога ми вели:Не биди толку здрвена, сериозна...не реагирам. Зашто кога така бев научена да се плашам и да бегам, сега нема назад. Кога сум со друштво, секој збор што ќе го кажам, отпосле го размислувам и се прашувам што ли сега мисли човекот за тоа. А за да не испаднам глупава,ќутам.
Мојот воз помина, мојот живот е празен.
И други работи на кои се надевав и се уште скришно се надевам - знам дека нема да се остварат.И за џабе е мојата надеж, моите скриени желби...Се е залудно...
Јас сум сосема сама. Без разлика што некои ќе го одречат тоа. Сама сум и не, никој не ме разбира иако велат дека ме разбираат. Не, драги мои, не се залажувајте себе, не ме разбирате. И не, не ве ни обвинувам, не ни треба да се трудите да ме сфатите.
И за крај од овој долг,за повеќето веројатно патетичен текст, неколку стихови од една песна која ја сметам како автобиографска:
I've learned the hard way
To never let it get that far
I'm forced to fake
A smile, a laugh everyday of my life
My heart can't possibly break
When it wasn't even whole to start with
And now I cry in the middle of the night
For the same damn thing
Because of you
I never stray too far from the sidewalk
Because of you
I learned to play on the safe side so I don't get hurt
Because of you
I try my hardest just to forget everything
Because of you
I don't know how to let anyone else in
Because of you
I'm ashamed of my life because it's empty
Because of you
I am afraid
За оние кои го прочитаа ова,благодарам на вниманието.