Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Слаба точка
Сериозност,дисциплина,одговорност.Карактеристика на жената која ретко се смееше.Знаеше само за нејзината работа и ништо повеќе.Не беше во добри односи со нејзината фамилија затоа што сметаше дека тоа само ќе и попречува во кариерата.
- Немам време за фамилија и за овие ваши фамилијарни собиранки. - рече и излезе од куќата.
Но,тоа беше пред 20 години.Таа беше заборавила на својата фамилија,на своите пријатели.Беше сама,не осамена.Нејзиниот начин за забава беше креветот и некоја книга која ќе и паднеше во раце.
Живееше во еден голем стан во центарот на Менхетен.Немаше животен партнер.Впрочем,не ни ја интересираше тоа.Беше оперирана од чувства.Имаше само едно мало куче,кое го најде на дождот пред неколку месеци.И пополнуваше простор,барем нешто живо да има во својот живот.
Добиваше награди и успеси.Немаше пријатели,само непријатели кои ги стекна за време на својата кариера.Луѓето ја мразеа,но тоа не ја погодуваше особено.Се занимаваше со своето куче.
На чуден,неортодокен начин,го засака тоа животинче,па целото слбодно време кое и онака го немаше баш,му го посветуваше нему.
Ја доби наградата за дизајнер на годината.Прегази многу луѓе,за да ја добие.Не ја интересираше ништо.Беше самозадоволна.
Беше на коктел забавата,која следуваше.
Стигна во нејзиниот стан.Забележа дека нешто не е во ред.Вратата беше отворена,а во станот неред.Забележа крв и го виде безживотното тело на кученцето на подот.
Падна на колена.Почна да плаче и да го гушка,почна да вика.Нејзиниот сосед дојде,проба да ја утеши,но не му успеа.Не сакаше да го испушти од своите раце.Тоа беше единствената светла точка во нејзиниот социјален живот.Немаше никој освен тоа кученце кое секоја вечер и мафташе весело со опашката.
Лошото кое што го правеше ја удри по глава.Ја удрија по единствената слаба точка која ја имаше,ја удрија во нејзината Ахилова пета.
Не го пријави случајот во полиција.
Знаеше дека тоа е заслужено и дека си ја заслужи одмаздата.
Само проблемот беше што и онаа мала светлина и позитивна енергија ја снема.Веќе немаше причина за живот.
Го продлжи својот беден и патетичен живот.
Упешна,но празна внатре.