“5 минути”– пишувам во СМС и ставам втор слој од маскарата. Лажам, секако. Треба да стигнам... Па не е далеку.. 10ина минути од мојата куќа, но.. Пред 15 требаше да стигнам. А јас.. Јас се шминкам.Ќе стигнам за неешто помалце од половина час.
Жени – Би рекол еден мој пријател сега, и би започнале дискусија без крај заради тоа што мразам генерализација. Сепак се чувствувам добро. Се смешкам. Женска вечер. Ќе лудуваме ние 3 вечерва.. Договорено е со денови, нема ништо на светов да ни ја уништи ноќта. “Шатро” причина за ова наше излегување е “лечење на моето срце”, кое јас искрено – не ни знам дали е баш скршено, но добро. Да се најде причина за чашка плус.
На радио свират евергрини, а на ТВ временска прогноза. Најавуваат – Пороен дожд. Ма дај. Облеков капут, ја зграбив торбата, телефонот, цигарите и тргнав.
Полека, но сигурно. Не заѕвонеле веќе скоро 15тина минути. Добро е, се замуабетиле, па бар на кратко ме подзаборавиле, или можеби ми даваат време, се знаеме од деца не дека ним не им е јаснодо каде навистина сум.
Си давам за слобода да одам полека и да ѕирнам во маалската теретана. Како да си пред малите екрани додека вежбаш е причината зашто не ја посетувам, но и истата зашто ја сакам. Стаклена врата, прозори до земја, нема многу ѕид да ги скрие полуголите,испотени машки тела. (Дали само момци ја посетуваат или само нив јас ги перципирам ќе остане можеби засекогаш дискутабилно
). Беше порано цвеќара, после тоа бутик, па затоа излогот остана – но сега е теретана. Скренав од темата. Можеби затоа што има некој конкретен кој подолго време упорно го барам со погледот во “излог” но.. Денеска или не дошол или порано си отишол, обично е тука и ми се смешка на поминување кога излегувам скоро секој петок навечер. Па и не само петок. Не и денес. Повеќе среќа следниот пат.
Небитно, поминав улица и по навика подзастанав пред продавницата за долна облека. Да фрлам око на можеби некој нов пар килоти и градник.. Ммм.. Нема ништо интересно.Продолжувам на ширинката и се разминувам со тројца момци.. За 30тина секунди ќе ми го коментираат задникот беше првото што помислив и се поднасмевнав горда на тоа што велам ја – Има и што да видат.
Имам уште 10тина минути пат, ајде на штикла сум, може да се 15 па ги ставив слушалките. Барам музика по телефон, веќе сум скоро на пола од ширинката и гледам.. капка.. 2,5.. уф по ѓаволите!!! Како да се отвори небото, истура како некој со кофа да фрла! А јас не така блиску до барот, на штикла од 15см, а и прилично да кажам пицната. Бар шминката ми е водоотпорна си реков во цела мака – Ја подпокрив со торбата косата и се затрчав кон маалскиот кафич. Влетав како накиснато маче внатре. Ех така ми е кога нејќам чадор да носам. А пред 3 дена купив мал за во торба. Сега ќе ми дојдеше како порачан. Ама.. Тоа е. Ајде, ќе и пишам на Маја дека ќе испијам една пијачка овде дур да подпреврне. Ќе ме причекаат.
Седнав на мало масиче во ќошот и го извадив телефонот додека да дојде некој да нарачам. Мислите ми се во општ хаос. Го бришам телефонот – Накиснал и тој, ама работи. Куцкам порака и таман пред да притиснам на копчето – Испрати, видов со ќошот на окото дека ми се приближува некој. Само што сакаше тој да отвори уста јас како навиена: “Ме фати дождов, донеси ми само кисела вода.”.
- “Ќе му пренесам на Марко. Јас дојдов само да те поздравам”– го дигнав погледот и го видов.. Дечкото заради кој одам до продавница поминувајќи покрај “излог-теретаната”, нашминкана и со средена коса и нокти скоро секој ден околу 9 часот навечер. Што вечерва го барав и го немаше. Дечкото што ми се смешка од излогот скоро на секое поминување. Неможев да поверувам.
- “Извини, јас стварно..”– промрморев изгубена, продолжувајќи да се губам во неговите зелени очи.
- “Хахах, ма во ред е, опушти се. Дарко, мило ми е.”– ми подаде рака и ме погледна некако сигурно и мило, нежно истовремено. Неописливо. Ме опушти тој поглед.
- “Марина, знам”- имаше јак стисок. И МИ ГО ЗНАЕ ИМЕТО?!?
- “Од каде знаеш?”–“Зар е битно?”– се насмевна.
- “Па незнам, битно ли е?”– го прашав и се запрашав и себеси. Колку долго го гледам, зашто јас не се потрудив да му го дознаам името порано.. Па сигурно 2 години го гледам во теретана, а штом е во овој кафич ништо чудно и да е од маалово и да ми е комшија, а јас да незнам. Хм..
- “Живеам во зградава. Се знам со Јасна од твоја зграда. Од основно уште.”
- “Мхм.. Па добро.. Мило ми е и мене”– збунета сум максимално. Неможам да зуцнам, а тој уште не ми ја пушта раката. Ми го одвлече вниманието од неговиот поглед звонењето на телефонот. Тој ми ја пушти раката, за да се јавам. Маја – Упс, изгледа не ја пратив пораката.
- “Извини стварно, ме фати дождов, а не носам чадор. Па влегов тука кај мене во кафич, чекам да преврне и ќе дојдам.”
- “Аха, ајде те чекаме ние.”– одговори Маја и спушти слушалка.
- “Те чекаат другарките?”
- “Па да, а не носам чадор, изгледа ќе мора да почекам овде.”
- “Земи го мојот чадор. Јас сум посекако во зградава. А и сеуште не планирам да си одам, оди да не те чекаат.”
- “Ма не.. Каде..”– дождот се имаште подсмирено, но сеуште не се одеше без чадор.
- “Инсистирам”– рече Дарко подавајќи ми визит карта – “А и.. Да чекам случајно да заврне и да влеташ во кафич уште 2 години за да исконтактирам повторно со тебе?”– се насмевна.
- “Вака ќе ми го вратиш чадорот некое дождливо попладне кога ќе те одведам на кафе.”– ме погледна чекајќи потврда.
- “Може”– реков со насмевка додека ми го подаваше чадорот. Ми ја отвори вратата од локалот го отворив чадорот и пројдов покрај него додавајќи несигурно – “Тешко да чекаше уште 2 години...”– го погледнав, се насмевна и.. Го чувствував неговиот поглед на себе како се одалечував од кафичот и вриштев во себе од среќа. Гледајќи во неговиот број, неговите очи не ми излегуваа од глава, а неговиот чадор го држев во рака како најголемо богатство.
2 години подоцна шетаме под неговиот чадор двајцата, во прегратка.