Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
@boban984 Vodno Trails читам ја вратиле старата патека од лани, на 26 км. Ако ја трчаше, може малце повеќе инфо? Прва треил трка ми е, I have no idea what I am doing :D

Периодов си качував Водно од паркингот кај ДИК до крст за 1:15 некаде, без никаков поголем напор.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325

Чим си стигнал до Врв за 1:15 :) без поголем напор, немаш мука.
Би ти препорачал да си ја ставиш GPX траката на телефон или па на саат ако имаш некој Garmin.
Jас си ја ставам траката на Гарминот и цепам, покрај тоа и на мобилен за секој случај.

Ги користам овие апликации (има многу други слични можеби и подобри)
1. https://play.google.com/store/apps/details?id=menion.android.locus
2. https://play.google.com/store/apps/details?id=net.osmand

На 26ката патеката ти е сигурно позната до Крст ... се трга од полиција (по уличката лево) до средно, па Марково крувче ... и од таму нагоре до Крст.
Маркирана е патеката со ленти, мада за до Крст не ти треба нели.

Потоа од Крст се спушташ до Детско, незнам како се вика оваа патека и мислам дека малку ја знаат ама и таму значи тераш по патеката немаш каде да забегаш.

Од Детско лани имаше волонетери насочуваа, се движиш по убава широчка патека која те носи до ископината за гасоводот и од таму до Кота.
Потоа лево кај Кота до пред селото св. Петка, па се враќаш нагоре до ископината и цепаш до Крст.

Патеката е одлично маркирана, волонтерите се цареви и станиците се добро снабдени.
Носи си барем 0.5Л вода, моја препорака 1Л и ќе си надополнуваш на станиците. Јас носам 0.5 вода и 0.5 Електролити, плус чоколатца и некое гелче.

Би те советувал да не запињаш до Крст (првите 8К), терај лагано ... особено од Крувче до Крст да не се задишеш премногу.
Бидејки од Детско до Кота ти е рамниот дел. Лани таму поминав можеби 30тина луѓе.
Пошо ти е првпат, уживај во искуството и не се замарај со време.

Поздрав и лесни нозе, се гледаме на целта :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Фала за советите, имам Гармин, одма ќе ја ставам мапата :) да, нема да се замарам со оглед на тоа што и неделава нешто не бев арна со стомакот, апсолутен почетник сум, треилов повеќе ми е учење :) Лесни нозе и на тебе!
 
Член од
19 март 2014
Мислења
571
Поени од реакции
864
Дајте Гармин јузери да се следиме кој што трча на апликација :)
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.444
СпремеН :D
Тренирам висини, според некоја груба проценка околу 7часа би требало за 42ката, еве и 7:30 нека се :D
Screenshot_20200719_215749_com.strava.jpg

8:29официјално

Супер задоволен, со оглед што од вторникот ми се појави температура, а ко шо сум паничар на секои два саата мерев наредни 4 дена, де 36,8 де 37,1. Си викам смеи ќе биде термалниот скрининг ако не го поминам :D и до последен момент се тресев да не ме вратат.

Касно тргнав, луѓе по оние тесните патчиња не се тргаат, а одат. Еден па збореше имало некое огромно куче шо чувало крави и тоа сум го мислел :D

Да е денски и во март 7h30 до 8h е реално време. За повеќе треба преку еден викенд да одам по планиниве :D

Уште пред месец платив за Пелистер на 61к, денес сфатив дека ми е многу, ќе се преместсм на помалата уште утре. Почнува у 6, ако терам 10 саата ќе изгорам на сонцето. Вака 31к за 5 саата плус минус ќе се истера
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И јас ја завршив, 5 саати затоа што умрев последните 5 км :(, како за прв пат и како за тоа што цела недела јадење ми беше по еден ѓеврек на ден, супер си пројдов. Важно е што не се испогубив, маркации има насекаде, не ги сфаќам оние што се испогубија, каде отидовте бе луѓе, едно девојче ќе го згрешеше патот уште на сам старт :D

Како и што кажа Бобан, не запнував до Крст ама па таа делница ја поминав за 1:10, температурата многу влијаеше, милина беше да се трча на тоа време. Потоа исто со лев жмигавец претркав една колона ама исто како што спомна и Feisty не се тргаат луѓе да ги поминеш, ќе те закочат, ќе го изгубиш полетот. Проблемите ми настанаа онаму после Св. Петка каде што патеката е низ трња, овци, каменоломи, шљунак истурен од гасоводот, не знам таму како да ми се прекрши нешто и мислам дека последните 5 км ги минев саат и пол. :/

Ивентот е супер и го препорачувам, за завршување не е проблем, ако сакате нешто посериозен резултат, си требаат километри по планини.

Само ќе ги изругам малку волонтерите - на брифингот беше убаво специфицирано на контролните пунктови и окрепителни станици да не се зема сам ништо, волонтерите сами ќе ти дадат што сакаш. Одам јас кај таа на Крст си чекам, ме гледа, јас ја гледам и на крај и викам - "Ние си земаме?" Ми вика "Да, да". Земам банана, другата до неа ми вика „Еј, бананата ми ја зема“ :facepalm:
Исто кај Св. Петка освен чичето во години што беше што упорен беше дека нешто ме боли поради модрицава на колено што ја имам (јас пуста масичето во дневна еднаш немам пропуштено да го почешам :D )и да ме намачкале, другите не се замараа, раствориле електролити, вода, викаат турајте си сами. Како да си турам бе рацеве потечени, скаменети, осет немам на нив после 3 саата на планина, сами да сме си туреле :facepalm:

За разлика од нив, девојчињата што беа кај Кота беа врв, насмеани, пријателски настроени, прашуваа нонстоп да не ти треба нешто.. Така да или изротирајте ги волонтерите или земете ишутирајте тоа Инстаграм фаците на Крст. Организаторот сака да се однесуваш европски, ти одиш со намера да се однесуваш нели, европски и на крај испаѓа селската, кој сака, што сака си прави :D

Се надевам дека овие грешки ќе се сведат на минимум и дека тркава ќе биде уште подобра наредна година затоа што е навистина уживање пред се :)
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Браво дечки.

Јас супер си поминав :) времето додржа и не заврна, ама беше многу влажно од Крст до Кота едвај се дишеше, исто ко да врнеше .
После Кота надоле тревата беше потопена, патиките ми се наполнија со вода и шлапкаа се до крајот :)
Се на се супер беше, организација и волонтерите беа топ.
Мислам дека на полката веќе биле уморни, а и повеќе луѓе се па може имало пропусти.
На големата 42K, на Крст ни даваа волонтерите, додека на Матка беа оставени намирниците, а волонтерите беа настрана и сами си зимавме.
Волонтерите беа срцки на сите станици :) , а тоа чичето е легендата Бане трча повеќе од 90% од луѓето на ќеј.
Неофицијално време 7:52:31, толку покажува и гарминот :) ... за ден два ќе има официјални резултати.

https://www.strava.com/activities/3783523627
https://connect.garmin.com/modern/activity/5258289812

CP 01 Markovo Krufche 4.8 km
CP 02 Vrv Vodno 8.5 km
CP 03 Kota 16 km
CP 04 Matka-1 20.3 km
CP 05 Matka-2 26.7 km
CP 06 Shishevski 29 km
CP 07 Sv. Petka 31.5 km
CP 08 Nerezi 39.3 km
FINISH 42.2 km
0:36:16
1:19:00
2:23:20
3:01:22
4:39:57
5:11:58
6:02:54
7:10:06
7:52:31
IMG_20200719_104037.jpg
 
Член од
13 март 2010
Мислења
378
Поени од реакции
480
Во план сум да си го купам првиот сат за трчање, се двоумам меѓу Stratos 3 и Garmin Forerunner 45 или како најефтина варијанта Pace. Доста интересени се овие од Xiaomi заради опцијата со внатреша меморија за музика шо значи можи без да го влечкаш телефонот со тебе, исто така доста ја фалат батеријате. Па што би препорачале?
 
Ја би Гарминот

Стратосов не изгледа лошо на папир, незнам у пракса каков е, за Гарминот барем знаеш дека се ќе работи пиц пец како што е наведено во спецификација.
 
M

Macedon1um

Гостин
А кој модел на гармин е најефтин а сепак да има внатрешна меморија за музика, оти нема смисла да даваш пари за саат а во исто време да влечеш тел за музика
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А кој модел на гармин е најефтин а сепак да има внатрешна меморија за музика, оти нема смисла да даваш пари за саат а во исто време да влечеш тел за музика
Види ги на garmingps.mk тие од music серијата
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.289
Поени од реакции
4.694
Во план сум да си го купам првиот сат за трчање, се двоумам меѓу Stratos 3 и Garmin Forerunner 45 или како најефтина варијанта Pace. Доста интересени се овие од Xiaomi заради опцијата со внатреша меморија за музика шо значи можи без да го влечкаш телефонот со тебе, исто така доста ја фалат батеријате. Па што би препорачале?
Она што е битно е за што би го користел и колку од дополнителните функции ќе искористиш
Ако не се лажам гармин от што е наведен беше претежно за трчање и дека ќе имаш нешто мн функционалности екстра нема да имаш (јас пре би вивоактив 3 music одколку овој ако одиш на гармин)
Од друга страна стратосот им е налик премиум модел на хиаоми и изобилува со функционалности, и покрај тоа има солидна батерија (како што кажа Бобан на спецификација е гром, ама како е во живо немам ни познаник што го има па да ти споделам)
Од друга страна за Пејсот е она што би било од хиаоми одговор на моделот од гармин што го постираше, за него познаник го има веќе 2 месеци (окапа чекајќи го од Али нарачан околу нова година стигнат у јуни ама па од друга страна го плати 65$)
Од она што зборев со него, батеријата е супер издржлива (барем он така ја сподели), а за гпс-от два пати праќаше мапа каде трчал и беше страшно прецизен дури на детектирање локација онака како тест каде стоиш каде ќе те даде даваше боље позиција него телефон (не телефонот што беше поврзан со саатот). Заклучок да хиаоми се од вчера, ама голем дел од нивните производи не се од вчера и се доста квалитетни споредено со цената што ја плаќаш за нив. Ако си решен да посветиш повеќе време на трчање па зашто да не и да се предизвикуваш сам себе на подолги дистанци да си бркаш време (или народски кажано да навлезеш повеќе и попосветено) иди на гармин, да поскуп е ама би требало да добиеш подобар квалитет. Од друга страна ако сакаш чисто рекреативно да се занимаваш со трчање но сепак да имаш некој мотиватор за мало подобрување оди со хиаомито (би заштедил на пари, а барем за гпс не би имал голема разлика)

Ја би Гарминот

Стратосов не изгледа лошо на папир, незнам у пракса каков е, за Гарминот барем знаеш дека се ќе работи пиц пец како што е наведено во спецификација.
Чисто зашто гармин работи пиц пец имаше надградба на гармин апликацијата и вивоактив 4с на девојка ми неможеше да се поврзе со спотифај2-3 месеци. Неколку пати беше до гармин продавницата за да и го средуваат и таму не можеа после 2-3 упдејта на апликацијата се среди (не викам да се бега од гармин сеуште се една од најдобрите опции, ама и они имаат гличеви понекогаш)
 
И мене ми е порачан Pace од Али за 69$ ама поминаја веќе 3 месеци и кренав раце од него. Значи сепак има надеж дека можи ќе стигни :D. Околу трчањето сега за сега е чисто рекреативно и сатот би го користел исклучиво само за трчање.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
@boban984 друже ми искачаш цело време по галериите од Водно Матка на ФБ, си газиш (y)
Автоматски споено мислење:

И мене ми е порачан Pace од Али за 69$ ама поминаја веќе 3 месеци и кренав раце од него. Значи сепак има надеж дека можи ќе стигни :D. Околу трчањето сега за сега е чисто рекреативно и сатот би го користел исклучиво само за трчање.
Има застој на АлиЕкспрес, имаше и на Редит, некој ја залепи дискусијата и на форумов ама не ми текнува на која тема... Ќе стигне:)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom