Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Абе кога тогаш и ќе се направи вакво време и во официјална трка. Според мене за 5, максимум за 10 години маратонот ќе се спушти под 2 часа во официјална трка.
 
Кипчоге делува како фин лик, но мене сето ова ми изгледа на алчност на Најк кој сака да ќари од публицитетот што се создава со такво достигнување и очигледно успееја во тоа. Рекордот на официјална трка е 2:01:39, овој стои 1:59:40 или околу 1,5% побрзо. Кипчоге имаше на користење:
  • Патики што даваат наводно 4% заштеда на енергија. Ова во време незам колку е, но очигледно доволно за да се смета за потенцијално мамење.
  • Воздушен зид ког го намалува отпорот на воздухот, а ова наводно заштедува околу 40секунди во еден маратон.
  • Асистирана суплементација во од
  • иделна патека и атмосферски услови, дури и стартот на самиот ден е поместен (мислам 1 ч покасно) само да се достигнат најидеалните услови
  • 41 пејсер кои се менуваат
  • WR laser линија пред нив

Ова во линкот е за претходниот модел што го користеше. Да не изгледа дека го спорам Кипчоге, машинерија е човекот и целата организација со менување пејсери во формација која ќе го сече воздухот и слично е само за да се докаже дека може да се истрча испод два. Постот ми беше само за патиките :)

Инаку, еве ги овие новите. Некаде читав дека во патентот на Најк пишува дека предниот дел бил направен од пена и воздух (дупката што е), а уствари биле воздушни перничиња :)
IMG_4440.png

Абе кога тогаш и ќе се направи вакво време и во официјална трка. Според мене за 5, максимум за 10 години маратонот ќе се спушти под 2 часа во официјална трка.

Ја па мислам дека за година две ќе падне :)
 
Инаку, еве ги овие новите. Некаде читав дека во патентот на Најк пишува дека предниот дел бил направен од пена и воздух (дупката што е), а уствари биле воздушни перничиња :)
Прегледај го приврзокот 219977

Ја па мислам дека за година две ќе падне :)

ова многу ми личи на костумите во пливање што направија според мене голема штета на пливањето како спорт. Сега ги забранија а рекордите со нив останаа колкушто се сеќавам. Како да не е доволно што модерните спортисти тренираат во sci-fi услови како криокомори итн. па уште овакви нелегални опреми како патикиве..
 
Доста дискутабилно е ова окулу Кипчоге од многу сегменти искрено пратев лај стримот од време на време без некоја возбуда преголема. Ова го гледам како ненормално добар потез на Најк за промоција на својата опрема на Endurance.mk имаше доста добра статија окулу ова па ни допингот не е спорен во овој потфат. Али сепак не се работи за рушење рекорд туку за надминување човечки лимит. Исто како што пробаа со помош на вентилатори да се спушти границата од 9сек на 100м https://www.youtube.com/watch?v=cZcCBY53Hns Некаде прочитав дека реалното време би било окулу 2.05 без пејсерите и другите работи.
Кога сме кај забранетата опрема еве нешто интересно https://www.puma-catchup.com/the-fo...Uv3TaS45p9ps85CTk4NojxAbrg1Q7C5K0PNkmzP7L51T8
 
1572550482416.png

Oh God, oh God I'm dying.
 
Среќна нова година момци и девојки!!!
Се најдобро во новата 2020та, многу истрчани километри, чист воздух, ветер во грб и без повреди.
 
Друштво има некој нарачувано патика од странство?
Да препорачате некое сајтче
Sports Direct aма ми стигнаа во Словенија :D инаку и за во СК имам порачувано од таму нешто ситнурии, доста професионална retail компанија.
 
Ама знаеш како оди процесот... :D Обавезно прво за истиот модел, истиот број да го пробаш во било која продавница кај нас, да не се залеташ да си речеш 44 сум јас, сите ми се точни тој број, дека знаат од модел до модел да има голема разлика за исто бројче. Пример Стракчр од Најк 42 ми беше таман, а Лунарглајд 42 не можеше да дише ногата, ми пукаше, 42.5 земав тој модел. Обавезно да пробаш конкретниот модел, за да не треба после да продаваш по групиве на фб, а и да се нервираш дека не ти е добар бројот. Сепак е за трчање и многу е битно да е идеално бројчето на нога.
 
Јас во продавница се зезнав последниот пат, а не преку интернет.

Признавам само ако ја пробаш буквално истата во Скопје, па да ја најдеш негде од каде со shipping ќе те фати поевтино....ако е имаш среќа да е истиот производител. Од нова година мислам дека лимитот го подигнавме на 90 евра за стока која не подлежи на царинење.

Ако трчате километражи полумаратон и маратон нема место за импровизација - голем процент во целиот резултат учествува добра патика, патика што ти лежи на нога...за планинско трчање и ултра-трејл неќам ни да дискутирам...таму си бара и grip, контакт со различни видови подлоги - патиката е често пати и пресудна, клучна.
 
Salomon speedcross
Автоматски споено мислење:

Знаеш ли каде има во околината на градов,негде поблиску за секојдневно трејл трчање? Ептен сум почетник
 
Последно уредено:
Пред да земете патики прогуглајте дали сте пронатор итн во врска со стапувањето, одредени модели се за одредени стапала.

@Наќо Скопски види паркот Гази Баба дали ќе те бендиса.
 
Пред да земете патики прогуглајте дали сте пронатор итн во врска со стапувањето, одредени модели се за одредени стапала.

@Наќо Скопски види паркот Гази Баба дали ќе те бендиса.
А до Крстот?
 
А до Крстот?
Може и тоа, таман на работен ден не се плаќа таму паркинг на средно (освен ако не смениле) па ако си апла почетник можеш прво од средно до крстот да видиш до кај си.

Од крстот до Матка е мислам најхардкор во Скопјево, 20 км е некаде, ќе има и трка во март.
 
Ја не знам ни со одење дали можам до Матка :(
Автоматски споено мислење:

А и ми се плива некако,има ли тема на форумов за тоа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom