Трите слики од Анчо

I

izotop

Гостин
Да си жив и здрав ме потсети на детството. Дедо ми имаше ваква ламба. Како дете едвај чекав да снема струја, а снемуваше понекогаш, за дедо ми да ја запали ламбата. Не се сеќавам зошто, но многу ми беше интересна, веројатно затоа што не се трошеше брзо како свеќите, а и обликот и е сличен како лабата на Аладин во цртаниот филм.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Picture 1883.jpg . Picture 1884.jpg . Picture 1885.jpg Скопската калдрма - онаа крупната „турска“
ја губи ли таа битката со асфалтот,ова беше улицата од Офицерски до Женска гимназија.
Ја има на уште неколку места во старите маала, ама и пред општина центар во цела должина од север кон југ.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Picture 1892.jpg . Picture 1893.jpg . Picture 1894.jpg Зборавени....
и од Господа,неколку мали куќарки во центарот на Скопје (карши БИКОТ) ул.Македонија
на куќите некогаш и сега Луј Пастер. Ова маало да не беше така нар. Циганско маало.
Каршија е куќата на Мајка Тереза,дом АРМ,црквата Св.Константин, и.т.н .
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Picture 1920.jpg . Picture 1921.jpg . Picture 1922.jpg сеќавања
ЧЕВЛИ......чистач за чевли....за многумуна во старо Скопје единствена професија
сега веќе и да ги нема (освен еден-два и тоа не редовни)
порано,пред земјотресот тие чистачи на чевли со имаа свое место под сонцето,овде во градот,секој си го знаеше своето место,кај старата жлезничка станица,на плоштадот или пред Бит пазар и таму секијдневно си ја вршеше работата,
односно еснафот,за кој и не требаше многи знаење или пак опрема и алат.
А со таа поштена,вредна и не така чиста работа си ја гледаа куќата и ранеа фамилија.
Инаку ова е сега пред малку на ладново време сликано селфи што го викате вие.
Јас најдобро ги паметам чистачите на чевли на влезот во старата чаршија порано турска чаршија ја викавме, таму пред вратата на црквата Св. Димитрија. Тие и не живеева така тука близу,туку таму угоре над калето во Топаана,кога ќе го поминете централниот затвор и одите кон Дуќанџик тоа маало па се до Француски гробишта и тетовска трошарина беа со мали некој шарено бојадисани Ромски куќи. Е од таму беа тие стари мајстори - чистачи на чевли. Сандачето за чевли во кое им беше сето потребно за нивната работа си го носеа на едно рамо,со еден стар подолг кајш.
И беа поштени пак да напоменам,понекогаш и за една цигара ќе ви ги очистеа чевлите ,
тогаш се уште цигарите овдека се продаваа и на парче,една,две,три, во оние дрвени бутки-трафики,од напред полуокругли каква што беше и онаа пред Офицерскиот,
поточно и немаа некоја одредена цена за таа нивна работа,колку ќе дадеш,а тие пак секој ги познаваше,односно и тие сите ги познаваа од тој реон - маало и немаше некој да го одмине а да не го бар поздрави со
„Добар ден мајсторе“..............такво беше некогаш,негде овдека,кое сега го нема.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Многу креативно и убедливо, чичко Анчо алал да ти е ти стварно се ангажираш за рабоќево, мислам д да ги испраш рабоќево. Јас мислам доколку ти дозволват од дома, да се кандитираш за претседател, без заебанција, али ја имаш мојата поддршка ак требит со Кјара ќе ти помогниме и во кампањата, хонорарно се разбират.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Picture 1942.jpg . Picture 1943.jpg . Picture 1944.jpg душички....
да им помогнеме, оставете=фрлете малку храна на птиците, вашите комшии,
еве овие можеми се потомци на оние од старите скопски тавани и плоштади,
колку само сум се качувал таму на таванот на скопскиот универзитет, во центарот
а точно тој беше таму карши гранд хотелот сега големиот паркинг,некаде после ратот,
не за да собирам јајца или мали пилиња,туку собирав ѓубре од нив,било најдобро.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Picture 1948.jpg . Picture 1950.jpg . Picture 1949.jpg иста слика
интересно,утрово сите ме чекава на исто место.и сите ми се симнаа во нозе,а се уште не го бев извадил лебот,потоа почнав да го дробам,и птиците како кучињата,помнат
Д _ О _ Б _ Р _ И _ Н _ А
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.364
Поени од реакции
12.786
Анчо си требал покрај цртеживе да фатиш и да им помогнеш на дрвцата.Со две/три прачки и јаже си требал да ги исправиш и преврзеш, млади се пак ќе си потераат.
Ко помал ја скршив липата пред улица што ни ја посадија, дедо ми ми удри тежок ќотек, после отиде со едно обично ќесе и стапче ја исправи и преврза, ене ја сега огромна е порасната и на лето убаво ни мириса улицата.:)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Picture 2073.jpg ... Picture 2070.jpg .. Picture 2074.jpg 1,2 , 3 , еден -два-три - Драга (слики пред 5 мин.)
се вратива штрковите пред некој ден во Македонија...
Никако не ми е јасно како тоа си го наоѓаат истото гнездо,од лани,после 1000 +1000 км, прелетани во туѓина.
А уште понејасно ми е како тоа пак и младите штркчиња,сега без родителите,пак долетаа во исто гнездо-ене види.
Е ама оваа првава бандера сега модерна -бетонска,лани беше дрвена и на неа имаше гнездо минатите 40 гидини.
И секоја година беше полно,секоја година од истата фамилија на штркови го населуваа ова гнездо.
ЕВН ја исече старата бандера со се седалото од гранки и гранчиња но ете постави и нова-модерна, и им текна валијата,да постават модерно метално гнездо од 21 век.
Но што се случи дојдоа штрковите,кружева,кружева како оној хелихоптерон над Београд три часа и одлетаа или се спуштива некаде,незнам. Штрковите си ја памтат бандерата и гранките кој си ги ределе и обновувале секоја година,не сакат тие шипки и арматури Ф10 и Ф 12.
Требаше ова да го знаат тие од ЕВН, и да го вратат ТОПЛИТЕ гранки и гранчиња врз ЛАДНИВЕ арматури и железа.
Ај белки ќе го прочитаат ова и ќе им текне да дојдат со камиончето и да фрлат некоја гранка тука.
----------------------
Е сега одамна не сум ти пишал Д Р А Г А..... ама пак затоа сега веднаш како по обичај ќе ти се јават твојте јавачи...
некој си ѓон-травопасач + 220 волти,па еден сам-во рај + џек пот, дури и бомби и отровни тревки со + Ш на крај,а и друзи.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Ма брате врати че се роде. :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
НА ВЕЛИГДЕН СЕ ЗАЉУБИВ, НА ВЕЛИГДЕН СЕ ЗАЉУБИВ, на велигден се заљубив
Picture 2088.jpg ...... Picture 2087.jpg ...... Picture 2089.jpg во живо пред 5мин,Велигден 2015 г,Скопје
 

Kajgana Shop

На врв Bottom