.
.
сеќавања
ЧЕВЛИ......чистач за чевли....за многумуна во старо Скопје единствена професија
сега веќе и да ги нема (освен еден-два и тоа не редовни)
порано,пред земјотресот тие чистачи на чевли со имаа свое место под сонцето,овде во градот,секој си го знаеше своето место,кај старата жлезничка станица,на плоштадот или пред Бит пазар и таму секијдневно си ја вршеше работата,
односно еснафот,за кој и не требаше многи знаење или пак опрема и алат.
А со таа поштена,вредна и не така чиста работа си ја гледаа куќата и ранеа фамилија.
Инаку ова е сега пред малку на ладново време сликано селфи што го викате вие.
Јас најдобро ги паметам чистачите на чевли на влезот во старата чаршија порано турска чаршија ја викавме, таму пред вратата на црквата Св. Димитрија. Тие и не живеева така тука близу,туку таму угоре над калето во Топаана,кога ќе го поминете централниот затвор и одите кон Дуќанџик тоа маало па се до Француски гробишта и тетовска трошарина беа со мали некој шарено бојадисани Ромски куќи. Е од таму беа тие стари мајстори - чистачи на чевли. Сандачето за чевли во кое им беше сето потребно за нивната работа си го носеа на едно рамо,со еден стар подолг кајш.
И беа поштени пак да напоменам,понекогаш и за една цигара ќе ви ги очистеа чевлите ,
тогаш се уште цигарите овдека се продаваа и на парче,една,две,три, во оние дрвени бутки-трафики,од напред полуокругли каква што беше и онаа пред Офицерскиот,
поточно и немаа некоја одредена цена за таа нивна работа,колку ќе дадеш,а тие пак секој ги познаваше,односно и тие сите ги познаваа од тој реон - маало и немаше некој да го одмине а да не го бар поздрави со
„Добар ден мајсторе“..............такво беше некогаш,негде овдека,кое сега го нема.