Сакав да отворам слична тема но еве веќе имало, па ќе ја преименувам оваа во „Трејлери (youtube)“, и малку ќе ја прошириме: значи освен дискусија за истите, можете да поставувате ваши омилени трејлери или трејлери за нови филмови кои треба да излезат наскоро.
Значи Трејлери (веројатно немаме соодветен превод: Trailers, Previews), се реклами за филмот кои се пуштаат како најава за неговото излегување, и содржат сцени од филмот a некогаш и нараторски глас кој дава краток опис на дејствието и слично... Името им доаѓа од таму што порано се пуштале после филмот, но ова не траело долго, затоа што луѓето по филмот обично веднаш ја напуштаат кино-салата. Затоа, почнале да се прикажуваат пред филмовите, а подоцна станаа вистински реклами кои треба да го промовираат филмот и да ја привлечат публиката во кино салите.
Обично важи правилото: колку подобар трејлер, толку полош филм... но се разбира ова е само шега и не мора секогаш да значи дека е така.
Еве неколку: