Како сериозен атеист, избегнувам да следам пораки на црковните организации. Посебно во овие невремиња истите покажаа и уште покажуваат крајна неодговорност, па и игнорантност.
Меѓутоа, како човек сум созреан и порано правев и муабети со потсмев, сега сe' поретко, посебно откако го снема тука еден форумски кловн MIKI1....не е ни битно.
Кон луѓето што решиле да живеат аскетски, во манастир, имам некоја доза на почит, иако и од таму често доаѓаат лоши вести за блуд, хомосексуални односи, разврат....ова повеќе се однесува на светогорските манастири.
Како и да е, секако има луѓе што се посветиле на нешто и тие според мене треба да се ценат.
Бигорски не медиум, ама ова е некој тренд што покажува каква културолошка жабокречина лие од сите страни. Одвоиле простор за една "морална величина" како Венко (кој не ја знае неговата лична животна приказна, нека ја провери) и истиот си ги кажал "проблемите" што го мачат.
Покрај "врвниот писателски израз", треба да се обрне внимание и на детаљи дека "девојчето дошло во големиот град" и слични "фобии" кои имплицираат на тоа како им се заработени парите исл.
Колку за потсетување, авторот на колумната е и автор на МЕГАБИОГРАФИЈА на примариус професор доктор господин господин В. Чифлиганец, насловена ШЛЕМОТ Е МОЈАТА КРУНА, во која истиот прикажува како еден небитен радовишанец со интензивно крадење на злато и други општествени добра прераснува во чорбаџија и градежно-урбанистички гробар на транзиционо Скопје, нормално, све тоа "објективно" спакувано од Венко за да звучи како Пепелашка....сигурно и без хонорар да си наплати за тоа.
Вакви "проблеми" не се замараат ни членови на форумов да споделат со нас:
Не сакав во двете претходни колумни да пишувам за вирусот. Знам дека сите мисли ни се насочени кон него, па не сакав и јас да се вклучам во „културата на стравот“. Но стварноста е посилна од нашата желба да ги држиме мислите настрана, врз нешто друго. Од целава оваа трагедија, единственото добро...
bigorski.org.mk
Не треба многу докази за тоа дека човекот без чувства нема свест, иако може, со помош на мислењето, да создаде илузија дека е свесен човек. Еве пример од соседството: една млада девојка, уште студентка, на која тато ѝ купил „ауди“ и стан (нејзин е), за да студира во „големиот град“, постојано прави нешто со што ги доведува сите станари на зградата до нервен слом: бидејќи редовно нема место на паркингот пред зградата, таа паркира користејќи некој „мртов агол“ на паркингот, со што не загрозува ниедно од паркираните возила. Но заборава дека со тоа свое „решение“ го затвора влезот во заедничката гаража на зградата.
И иако е опомената најмалку петпати, тоа го прави и натаму. Како знак на „свест“, остава под бришачот на ветробранот лист со својот мобилен број. Така, ја викаме по телефон секогаш кога треба да излеземе од гаражата. Последниот пат еден сосед, кому двегодишното дете му паднало дома и ја повредило аркадата, требало итно да излезе од гаражата; додека се јавил и додека таа слегла од својот стан, детето крвавело. Кога се врати од хирургија, сакаше да ја убие. Тропаше на нејзината врата и сакаше да ја искрши, а таа му повика полиција, па го приведоа. Соседите знаат дека станува збор за сосема спокоен, мирен човек, кој на мравка не гази.
И, кога го прашав што му стана толку да избувне и зошто не ми свирнал под прозорец да му ги фрлам клучевите од мојот автомобил (беше на паркингот), тој рече: „Ти не разбираш. Не е решение ти да ми дадеш автомобил. Она што ме извади од чевли не беше ни тоа што ми го затворила преминот, туку идејата дека така како што се однесува со паркирањето, и покрај сите опомени, ќе се однесува и со вирусот. За неа не постои туѓ живот, само нејзиниот. Ќе нè зарази сите.“
Што значи тоа? Студентката ЗНАЕ дека некому би можела да му пречи. Но не ЧУВСТВУВА (НЕ ДОЖИВУВА) дека некому му пречи, дека ја нарушува ЦЕЛИНАТА. За неа задоволувањето на нејзината потреба не смее да чека и нема цена; тоа задоволување е над целината и над чувството за срам што таа целина се нарушува поради неа. Тоа значи дека нема СВЕСТ, штом нема ЧУВСТВА за другиот. Таа, иако е словесна (има способност да мисли и говори), е бесчувствителна. Попросто од ова за разбирање – нема.