Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Сеа дали треба ова да го сфатам како согласување дека трендоленд сервира помија и пред неколку дена беше само контра-муабет од инает....или да си го глеам патот...
Не бе, ствар на вкус е ова. На некој таму у офф.нет му се свиѓа оваа... да ми се свиѓаше и мене океј ќе им беше објавата :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Како се ГИНЕ од вирус бе?
Загинување е краток настан, несреќа, битка, напад.....од вирус се умира и тоа е процес што трае денови.

Национална телевизија е ова....сајтот им го води некој со 4-то одд.
Па и зборот „жртва“ е фигуративен. Се знае жртва на што се однесува.


Untitled.jpg
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670

дали е ова дното или ќе се копа уште?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Само лопата у глава за овој.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.751
па не е ваљда озбилен
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Добро е да се види и содржината на статијата (или како и да може да се нарече ова што го објавува):

 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Како сериозен атеист, избегнувам да следам пораки на црковните организации. Посебно во овие невремиња истите покажаа и уште покажуваат крајна неодговорност, па и игнорантност.
Меѓутоа, како човек сум созреан и порано правев и муабети со потсмев, сега сe' поретко, посебно откако го снема тука еден форумски кловн MIKI1....не е ни битно.
Кон луѓето што решиле да живеат аскетски, во манастир, имам некоја доза на почит, иако и од таму често доаѓаат лоши вести за блуд, хомосексуални односи, разврат....ова повеќе се однесува на светогорските манастири.
Како и да е, секако има луѓе што се посветиле на нешто и тие според мене треба да се ценат.

Бигорски не медиум, ама ова е некој тренд што покажува каква културолошка жабокречина лие од сите страни. Одвоиле простор за една "морална величина" како Венко (кој не ја знае неговата лична животна приказна, нека ја провери) и истиот си ги кажал "проблемите" што го мачат.
Покрај "врвниот писателски израз", треба да се обрне внимание и на детаљи дека "девојчето дошло во големиот град" и слични "фобии" кои имплицираат на тоа како им се заработени парите исл.

Колку за потсетување, авторот на колумната е и автор на МЕГАБИОГРАФИЈА на примариус професор доктор господин господин В. Чифлиганец, насловена ШЛЕМОТ Е МОЈАТА КРУНА, во која истиот прикажува како еден небитен радовишанец со интензивно крадење на злато и други општествени добра прераснува во чорбаџија и градежно-урбанистички гробар на транзиционо Скопје, нормално, све тоа "објективно" спакувано од Венко за да звучи како Пепелашка....сигурно и без хонорар да си наплати за тоа.

Вакви "проблеми" не се замараат ни членови на форумов да споделат со нас:


Не треба многу докази за тоа дека човекот без чувства нема свест, иако може, со помош на мислењето, да создаде илузија дека е свесен човек. Еве пример од соседството: една млада девојка, уште студентка, на која тато ѝ купил „ауди“ и стан (нејзин е), за да студира во „големиот град“, постојано прави нешто со што ги доведува сите станари на зградата до нервен слом: бидејќи редовно нема место на паркингот пред зградата, таа паркира користејќи некој „мртов агол“ на паркингот, со што не загрозува ниедно од паркираните возила. Но заборава дека со тоа свое „решение“ го затвора влезот во заедничката гаража на зградата.

И иако е опомената најмалку петпати, тоа го прави и натаму. Како знак на „свест“, остава под бришачот на ветробранот лист со својот мобилен број. Така, ја викаме по телефон секогаш кога треба да излеземе од гаражата. Последниот пат еден сосед, кому двегодишното дете му паднало дома и ја повредило аркадата, требало итно да излезе од гаражата; додека се јавил и додека таа слегла од својот стан, детето крвавело. Кога се врати од хирургија, сакаше да ја убие. Тропаше на нејзината врата и сакаше да ја искрши, а таа му повика полиција, па го приведоа. Соседите знаат дека станува збор за сосема спокоен, мирен човек, кој на мравка не гази.

И, кога го прашав што му стана толку да избувне и зошто не ми свирнал под прозорец да му ги фрлам клучевите од мојот автомобил (беше на паркингот), тој рече: „Ти не разбираш. Не е решение ти да ми дадеш автомобил. Она што ме извади од чевли не беше ни тоа што ми го затворила преминот, туку идејата дека така како што се однесува со паркирањето, и покрај сите опомени, ќе се однесува и со вирусот. За неа не постои туѓ живот, само нејзиниот. Ќе нè зарази сите.“

Што значи тоа? Студентката ЗНАЕ дека некому би можела да му пречи. Но не ЧУВСТВУВА (НЕ ДОЖИВУВА) дека некому му пречи, дека ја нарушува ЦЕЛИНАТА. За неа задоволувањето на нејзината потреба не смее да чека и нема цена; тоа задоволување е над целината и над чувството за срам што таа целина се нарушува поради неа. Тоа значи дека нема СВЕСТ, штом нема ЧУВСТВА за другиот. Таа, иако е словесна (има способност да мисли и говори), е бесчувствителна. Попросто од ова за разбирање – нема.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.751
Генерално коа сереме против офнет, за вакви работи збориме:
тотално, несоодветна, ненаместо забелешка, од страна на офнет

Како да ние не гледаме секојдневно, лично, а и индиректно, како народов не ги почитува препораките.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
ШЛЕМОТ Е МОЈАТА КРУНА
Што очекуваш од народ каде што идоли на младите се Апасиев, Магелан Демири, оние искривените (ментално) од Бојкотирам, Љупчо Златев или отец Пимен скинат химен фаци ? За некоја година и лицето Б.Ц. ќе биде ревитализирано од страна на некој "академик".

Инаку, офф нет одсекогаш беа и ќе останат канцер, цела екипа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.751

Kajgana Shop

На врв Bottom