Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Синот на Лила Филиповска стана полнолетен? Не знам како ќе живеев да не го дознаев ова. Тенкс ту Вест.
Додека Лила правеше пучанка низ Балканот ти заби не знаеше како да миеш.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Мене баш ми се свиѓа кога ќе пишат нешто за Станија или Сораја. Си плакнам оките и убо ми е. А тие статиите за останативе се глеа по насловот дека се дегенски и не се ни замарам да ги кликнам. Што се фурате толку на темава? Ако ви смета тоа што го гледате не го отварајте и готова работа. Така мене ме изнервираат попара. мк што спамираа секој пола саат со статии, 4-5 статии им прочитав и видов дека не знаат ни асален наслов да склопат не па статија и ги анлајкнав на фб (знам дека 90% од вас статииве на фб ги глеа), така набравив и со многу други македонски сајтови претежно.


Искрено мене ме фураат само статиите што секој ебан збор им е дијалект.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.093
Поени од реакции
11.498
Шанел плати $7 мил. за Бекам

[08.10.2012 - 14:59 часот]

Бред Пит наводно добил вртоглав хонорар од дури 7 милиони долари за да се појави во новата реклама за парфемот на модната куќа Шанел.
Познатиот француски бред потрошил вкупно 10 милиони долари за рекламирање во Америка, и седум милиони долари за да го ангажираат едниот од најпосакуваните холивудски актери, Бред Пит, како ѕвезда на својата реклама за парфемот "Chanel No.5".
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.858
Од еден сајт:

Ако случајно имате навика често да разлистувате странски сајтови на интернетов, ќе забележите дека нивните статии се огромни и полни со купишта теории и убаво заокружена поента како и внимателно изградена структура на текстот, пример:Opinion Page, каде што ако сакаш да прочиташ некоја од изложените статии треба да се претплатиш, а за тоа се плаќа некој цент.

Од друга страна, кога ќе се вратиш во македонската реалност, ќе видиш дека кај нас воопшто не постои квалитетна содржина на интернетот и не, не е затоа што ние не сме доволно паметни, туку затоа што ненаме ефикасен систем за таквта содржина да биде исплатлива. Реков погоре ’македонската реалност’ затоа што Бугарија и бившите југословенски држави ова го имаат решено до одреден степен и ние сме единствените (можеби после Албанија) кои немаат идеја како да го развијат интернет пазарот. Првиот и најголем проблем со кој се соочуваме е исплатливоста на македонските интернет страници, поради што пропаднаа голем број креативни идеи кои се обидоа да се реализираат. Сигурно ќе се присетите на многу сајтови со размислувачка содржина кои повеќе не постојат или „дишат на шкрги“ што би рекол @darko165.
Недостатокот на убава и креативна содржина на македонскиот интернет простор е факт. Водечките сајтови кај нас (не е кул да ги наредам за да не дојде до клевети и чуда) генерираат забавна содржина од најдолен карактер (како би им се допаднала и на 12 годишните) па поради тоа имаат огромна посетеност, а новите сајтови пак учат од нив и се создава синџир на нет простори со ретардирана содржина, колегата Гогов го објасни тоа попрецизно во својата неодамнешна колумна „Дневна доза: Мотивација“, па не е кул да се повторувам, туку да се обидам да го хакнам овој проблем! =)
Прво нешто што ги стимулира овие ретардирани нет простори да ги поттиснат креативните е фондот – првите имаат фонд, вторите не. Понатаму теоријата е слична како муабетот „јајцето или кокошката“. Но овој пат причина која кажува дека работите не се отидени до бескрај, е токму прогресот на Србија, Хрватска, Бугарија и тн. Најефикасната стимулација која овозможи револуција во никнување македонски кул сајтови е воведување на гугл рекламирањето за македонскиот интернет пазар. Кога пред некоја година зборев со нив ми беше образложено дека во Mакедонија нема доволно развиен пазар за рекламирање, па едните исти реклами ќе се прикажуваат на сите сајтови. Единствениот кој има моќ да го поттикне интернет пазарот е нашето министерство за информатика, но наместо тоа, ценетиот министер за информатика го прави сосема спротивното – ги влошува работите уште повеќе, еве како:

Секој кој досега купил домејн за сајт со наставката .mk, платил 10 евра на нашиот регистар – Марнет. Со тоа го добил домејнот, но не и целосната сопственост на тој домејн затоа што не добива директен пристап за лично управување со домејнот како што е секаде низ светот, па ако сака на него да инсталира сајт, ќе мора да прати апликација до Марнет преку пошта со потписи, печати и чуда. А ист е процесот и со купувањето на домејнот, што и не е толкав проблем сè додека не се одлучиш да го смениш серверот, да речеме од причина што не си се надевал дека ќе направиш бум со некоја актуелна вест и серверот ќе ти падне заради преголема посетеност. Што правиш тогаш? – Купуваш нов сервер со нелимитиран bandwidth и праќаш повторно апликација до Марнет за да се сменат именските опслужувачи на домејнот со новите од новиот сервер. Тоа освен што заглавува по пошта неколку дена, заглавува и во канцелариите на Марнет, па сајтот ќе ти биде офлајн едно десетина дена (максимум). А решението е многу едноставно, секаде по светот хостинг компаниите си имат свој систем кој дозволува на купувачот на домејн сам да си ги менаџира именските опслужувачи со неколку кликови на маусот, додека кај нас се праќа по пошта, па се чека со денови, само затоа што нашето министерство за инфомратика парите од фондот решава да ги троши (читај пере) на куп други проекти, а не може да направи систем за онлајн плаќање и пристап до акаунт на својот домејн.
Оваа непосветеност на министерството кон интернет пазарот можеби е клучната причина за недостиг на креативна содржина кај македонскиот интернет простор, кој се снаоѓа како знае и умее – по двајца пишуваат десетина статии дневно и од умор имаат куп испуштени зборчиња, па фејл.мк искористува шанса да им додаде сеир одозгора. Но доколку се реши оваа клучна причина, ланчано ќе ги повлече сите останати нешта кои ќе придонесат да се разбие кретеноидноста на македонската интернет содржина и тоа во моментот се обидуват да го направат блоговите, затоа и предходно имав толкава волја да се подигне таа нова блог платформа која би ги селектирала квалитетните содржини со што ќе ги поттикне креативните умови да ги напишат своите размислувачки колумни за милион приказни од животот кои моменталните водечкитe сајтови ги засенуваат со изобилие од прилично банална политика. Како и да е, без фонд не се создава ништо, а и да се создаде, пак ќе биде осудено на пропаст како што е пример со куп убави и надежни идеи кои сега или ги нема или „дишат на шкрги“.
Единствено кул решение кое би ги раздвижило работите, би било министерството за информатика да одели фонд за рзвивање на тој интернет пазар (не да им помага директно на сајтовите, туку да се овозможи ефикасност, исплатливост, изводливост), кој кога тогаш ќе си се развие по инерција бидејќи целиот свет се движи натаму. Големиот проблем е што без тоа ние ќе заостанеме цел еден век наназад.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.257
Пред некој ден имаше вест дека некоја од познативе го фатила дечкото за гз јавно.

Сакам да се заблагодарам за оваа вест на реномираната веб страна, прибидејќи мислам дека многу ми се најде во животот.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
M

MrzaRules

Гостин
Дај бе нека му даде оваа калаштурава, типов спобудале. Првин дека лајкнала па сеа и ова...
Па да ти кажам искрено, ја помислив дека му дала, ама кога дочитав до крај видов дека му дала ИНТЕРВЈУ! :tapp:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Не знам дали веќе збориме за трендови или екстреми. Пред некој ден гледавме порно во Вечер, вчера го убија Зоки4 на А1.он . . . То треба да се испоубије бре!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Koга ја даваа Dragoball на А1 родителите рипнаа во заштита на своите деца оти се згрозија дека има цртана серија со насилство,тепачки и фансервис.А1 ја откажа Dragonball после притисоците.Каде се сега родителите да бараат заштита на децата?
Заштитени се.
Сестра ми има 9 години, и ми иде да и ја учукам една некој ден, све турско гледа (а најмногу зошто е свилена, па место во градинка ја чуваше жена, а со неа почна гледањето на турски серии, па се до летниов распуст кој го помина со баба ми) и најново у мода и е некаква Ифет, ејјј дете од 9 години ми објаснува како таа кутрата била силувана и имала бебе во стомакот , ама после се омажила за некој добар чичко и сега е добра и сирота, никој не ја сака зошто е добра :facepalm:
Најтрагично е што моите родители не гледаат вакви срања, СЕСТРА МИ гледа. И многу им се дерам по дома за тоа.
А тоа најмногу се должи на фактот, не само кај неа, гледам и цела нејзина генерација, се интернет-деца. На 1 година почнаа да гледаат цртани и филмови кои се наменети за 7-8 годишни деца, па кога имаат 7-8 години тоа веќе им е досадно.
А инаку, врска нема од играње со ластик, да не зборувам за нешто повеќе.

Жално и страшно, и не се само медиумите криви за тоа, јас кога им зборев по дома дека е премала на 5 години да гледа Дизни филмови за 12 годишни деца, не ми веруваа.

Е сега, ќе им збори за Ифет и Чичек и сите по ред.
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 16:39 ---
За Македонија, директно од Марс!

Јас ова го крадам :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Кога е идеалното време за првиот секс во нова врска?

Текст: Б.С.Б.
Љубов и секс | 15 октомври 2012
Мажите и жените имаат различни очекувања кога станува збор за првиот секс во новата врска, а тој факт не ги изненади многу истражувачите на оваа тема.

Истражувањето што го спроведе интернет страната WhatsYourPrice.com за своја цел имаше да открие кога е идеалното време за првиот секс во нова врска, пишува Equities.
Дури 25.000 испитаници учествуваа во истражувањето во кое 77% од жените сметаат дека првиот секс со новиот партнер треба да се случи по петтиот состанок, додека 69% од мажите сметаат дека тоа треба да се случи по вториот состанок.
Иако се чини дека разликата меѓу првото и второто излегување не е многу голема, според мажите има огромна разлика.
Имено, 80% од испитаниците сметаат дека жената која ќе се согласи на сексуален однос веднаш на првиот состанок не е кандидатка за сериозна врска. Жените на тоа пак гледаат на сосем поинаков начин и повеќето од нив сметаат дека тоа не треба да биде пречка во потенцијалниот развој на врската.
„Цел на секоја врска е продолжување на човековата раса. Луѓето сакаат да бидат интимни. Иако мажите ја сакаат сексуалната акција, по можност со различни жени, сепак во себе имаат натпреварувачки дух кога се жените во прашање. Тоа значи дека не сакаат нивната партнерка да спие со други мажи и токму затоа се критични за сексот на првиот состанок – не сакаат нивната потенцијална жена лесно да се впушта во сексуални односи“, истакнува Брендон Вејд, основачот на интернет страната.
Абе не да ми се кења, ПРОЛИФ

Лаги кои мажите ги кажуваат за да „легнат“

Текст: М.Ш.
Љубов и секс | 19 април 2012
Океј, веќе е познато дека мажите ќе кажат буквално сè, само за да ве натераат да имате секс сo нив, а нивните изјави варираат од паметно замаскирани и убедливи, до навистина смешни и слаби обиди да ја постигнат целта.

Само искусните знаат како да направат да „запалат“ убавите работи што ќе ви ги кажат или да ве натераат да имате секс, без вие и да почувствувате дека несвесно сте биле изманипулирани и наведени на тоа. Секако, „Легни, ми се чини дека те сакам“, ни оддалеку не е еден од нив, како ни овие лаги, кои Cosmpolitan ги сумираше.
Лага бр. 1

„Дојди тука, сакам само да се гушкаме“. Навистина? Од кога тоа мажите сакаат да се допираат со тело со некоја припадничка од понежниот пол, а притоа да не помислат на секс и да не се возбудат? Истиот миг кога ќе му се приближите, веќе ќе ги почувствувате неговите раце по целото ваше тело, во обид да најде од каде може да ви ги протне во фармерките или да ви го откопча градникот.
Лага бр. 2

„Соблечи ги алиштата. Нема да правиме ништо, само сакам да ја чувствувам твојата кожа на мојата“. Секако, а исто така сака да ја почувствува вашата внатрешност на неговиот полов орган. Двајца млади и напалени, голи во кревет и нема ништо да се случи, нели?
Лага бр. 3

„Никогаш немам и не сакам да имам секс на првиот состанок“. Аха, а тоа треба да ме натера да се соблечам, да легнам до тебе и да бидам сигурна дека ништо нема да се случи? И, нели, после тоа вие ќе бидете „првата поради која си го прекршил своето правило“. Колку романтично!
Лага бр. 4

„Ладно е тука, ајде да влеземе под јорган“. Сигурно сте слушнале за она правило „за цигари на маса и жена во кревет, не се прашува“. Кога веќе ќе влезете таму, очекувајте и нешто друго да влезе некаде на друго место.

Лага бр. 5

„Толку си убава, што ќе ми биде чест да спијам со тебе“. А, тоа треба да значи дека мене треба да ми биде чест што ќе успеам да ти направам чест? Ласкањата и комплиментите можат да дојдат во многу различни форми, но позадината е иста - да се легне нешто.
Лага бр. 6

„Нема да кажам, ако ти не кажеш“. Ова единствено може да запали кај тинејџерките, а дури и тие се свесни дека „рецките“ на креветот се една од главните теми на муабет меѓу другарите. Веќе знаеме дека нивниот број на „поминати“ е набилдан, тогаш зошто би помислиле дека тие ќе премолчат за нешто што навистина се случило?
Лага бр. 7

„Остави ме само врвот да го ставам“. Во ред, во меѓувреме кажувај ми како постои Дедо Мраз, дека штркот ги носи децата и можеби Баба Рога ќе ми дојде, ако не го направам тоа. Доколку дозволите тој „да влезе само со врвот“, очекувајте следен негов збор да биде: „Упс!“

Лага бр. 8

„Сакаш да се качиш и да го запознаеш моето куче?“ Вакво прашање, поставено во 3 часот по полноќ, може само да значи дека ќе се обиде да ви покаже друг вид на „куче“. Најверојатно она за кое пеат Студени Нозе.
Лага бр. 9

„Не мора да ја вратиш услугата“. Мажите кои се обидуваат да ви приредат „огномети и блажоини“ преку доброволно понуден орален секс, или навистина сакаат да лижат, или знаат дека тоа нема да остане до тука. А, најчесто никогаш не ни останува.
Лага бр. 10

„Сакаш да гледаме филм кај тебе во соба?“ Гледањето филм заедно, во домашни услови, во раните фази на излегувањето, никогаш не е поради филмот, што значи дека и никогаш нема да стигнете до крајот. Гледањето филм заедно, за него значи едно - одлични услови да си ја проба среќата.
Овие па лагиве мислам доколку авторот / ката некојпат ги кажувал/ги слушала следниве само да прашам , од каде си момче / девојче? Во Свирипичино вака ли ги лажете/насредсело вака ли ве шмекаат ?.:pos:
Мислам молимтисе :pos:
Седни на вц школка посабајлечки,отвори лаптопот и празни се до даске ке се исцедиш ко лимун :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom