Кога е идеалното време за првиот секс во нова врска?
Текст: Б.С.Б.
Љубов и секс | 15 октомври 2012
Мажите и жените имаат различни очекувања кога станува збор за првиот секс во новата врска, а тој факт не ги изненади многу истражувачите на оваа тема.
Истражувањето што го спроведе интернет страната WhatsYourPrice.com за своја цел имаше да открие кога е идеалното време за првиот секс во нова врска, пишува Equities.
Дури 25.000 испитаници учествуваа во истражувањето во кое 77% од жените сметаат дека првиот секс со новиот партнер треба да се случи по петтиот состанок, додека 69% од мажите сметаат дека тоа треба да се случи по вториот состанок.
Иако се чини дека разликата меѓу првото и второто излегување не е многу голема, според мажите има огромна разлика.
Имено, 80% од испитаниците сметаат дека жената која ќе се согласи на сексуален однос веднаш на првиот состанок не е кандидатка за сериозна врска. Жените на тоа пак гледаат на сосем поинаков начин и повеќето од нив сметаат дека тоа не треба да биде пречка во потенцијалниот развој на врската.
„Цел на секоја врска е продолжување на човековата раса. Луѓето сакаат да бидат интимни. Иако мажите ја сакаат сексуалната акција, по можност со различни жени, сепак во себе имаат натпреварувачки дух кога се жените во прашање. Тоа значи дека не сакаат нивната партнерка да спие со други мажи и токму затоа се критични за сексот на првиот состанок – не сакаат нивната потенцијална жена лесно да се впушта во сексуални односи“, истакнува Брендон Вејд, основачот на интернет страната.
Абе не да ми се кења, ПРОЛИФ
Лаги кои мажите ги кажуваат за да „легнат“
Текст: М.Ш.
Љубов и секс | 19 април 2012
Океј, веќе е познато дека мажите ќе кажат буквално сè, само за да ве натераат да имате секс сo нив, а нивните изјави варираат од паметно замаскирани и убедливи, до навистина смешни и слаби обиди да ја постигнат целта.
Само искусните знаат како да направат да „запалат“ убавите работи што ќе ви ги кажат или да ве натераат да имате секс, без вие и да почувствувате дека несвесно сте биле изманипулирани и наведени на тоа. Секако, „Легни, ми се чини дека те сакам“, ни оддалеку не е еден од нив, како ни овие лаги, кои Cosmpolitan ги сумираше.
Лага бр. 1
„Дојди тука, сакам само да се гушкаме“. Навистина? Од кога тоа мажите сакаат да се допираат со тело со некоја припадничка од понежниот пол, а притоа да не помислат на секс и да не се возбудат? Истиот миг кога ќе му се приближите, веќе ќе ги почувствувате неговите раце по целото ваше тело, во обид да најде од каде може да ви ги протне во фармерките или да ви го откопча градникот.
Лага бр. 2
„Соблечи ги алиштата. Нема да правиме ништо, само сакам да ја чувствувам твојата кожа на мојата“. Секако, а исто така сака да ја почувствува вашата внатрешност на неговиот полов орган. Двајца млади и напалени, голи во кревет и нема ништо да се случи, нели?
Лага бр. 3
„Никогаш немам и не сакам да имам секс на првиот состанок“. Аха, а тоа треба да ме натера да се соблечам, да легнам до тебе и да бидам сигурна дека ништо нема да се случи? И, нели, после тоа вие ќе бидете „првата поради која си го прекршил своето правило“. Колку романтично!
Лага бр. 4
„Ладно е тука, ајде да влеземе под јорган“. Сигурно сте слушнале за она правило „за цигари на маса и жена во кревет, не се прашува“. Кога веќе ќе влезете таму, очекувајте и нешто друго да влезе некаде на друго место.
Лага бр. 5
„Толку си убава, што ќе ми биде чест да спијам со тебе“. А, тоа треба да значи дека мене треба да ми биде чест што ќе успеам да ти направам чест? Ласкањата и комплиментите можат да дојдат во многу различни форми, но позадината е иста - да се легне нешто.
Лага бр. 6
„Нема да кажам, ако ти не кажеш“. Ова единствено може да запали кај тинејџерките, а дури и тие се свесни дека „рецките“ на креветот се една од главните теми на муабет меѓу другарите. Веќе знаеме дека нивниот број на „поминати“ е набилдан, тогаш зошто би помислиле дека тие ќе премолчат за нешто што навистина се случило?
Лага бр. 7
„Остави ме само врвот да го ставам“. Во ред, во меѓувреме кажувај ми како постои Дедо Мраз, дека штркот ги носи децата и можеби Баба Рога ќе ми дојде, ако не го направам тоа. Доколку дозволите тој „да влезе само со врвот“, очекувајте следен негов збор да биде: „Упс!“
Лага бр. 8
„Сакаш да се качиш и да го запознаеш моето куче?“ Вакво прашање, поставено во 3 часот по полноќ, може само да значи дека ќе се обиде да ви покаже друг вид на „куче“. Најверојатно она за кое пеат
Студени Нозе.
Лага бр. 9
„Не мора да ја вратиш услугата“. Мажите кои се обидуваат да ви приредат „огномети и блажоини“ преку доброволно понуден орален секс, или навистина сакаат да лижат, или знаат дека тоа нема да остане до тука. А, најчесто никогаш не ни останува.
Лага бр. 10
„Сакаш да гледаме филм кај тебе во соба?“ Гледањето филм заедно, во домашни услови, во раните фази на излегувањето, никогаш не е поради филмот, што значи дека и никогаш нема да стигнете до крајот. Гледањето филм заедно, за него значи едно - одлични услови да си ја проба среќата.
Овие па лагиве мислам доколку авторот / ката некојпат ги кажувал/ги слушала следниве само да прашам , од каде си момче / девојче? Во Свирипичино вака ли ги лажете/насредсело вака ли ве шмекаат ?.

Мислам молимтисе

Седни на вц школка посабајлечки,отвори лаптопот и празни се до даске ке се исцедиш ко лимун
