Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Еден куп од насловите на Фактор се класичен кликбејт, некогаш зачинет со сензационализам. Исто така, голем дел од вестите не се за кај нас, иако те наведуваат да мислиш така.






И нормално не може да се избегнат ваквите вести, кои се споделуваат минимум еднаш неделно, со варијации во насловот:

 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Еве нова доза кликбејт од Фактор:






И нормално, деновиве не може да поминат без вакви наслови, ама онака буквално секој ден истото се пишува, како мислиш некоја драстична разлика ќе има од вчера или завчера... Знаеме сите дека е сезона и колку би можело отприлика да се чека на граница, не живееме под камен:

 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не е во МК медиуми ама денес србите отвараат некаков нов автопат (грандиозно наречен “Милош Велики“), се убаво, но цел ден кога и да ги вртам каналите од сабајле на РТС оди повеќечасовна програма во живо со автобуси кои се возат по автопатот, внатре цела влада и новинари и нормално Вучиќ, спремна бина, не е нормално мислиш нуклеарна централа отвориле, 7-8 саати (досега) програма во живо.

А ние мислевме трубачите се претерување за нашиот автопат.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.098
Кога сме кај српските медиуми, морам да одам со оф топиков. Први они почнаа со овие глупи клик бејт наслови. Друго сите телевизии со национална фрекбенција, ама баш сите ги пренасаат конференциите на вучиќ кои се случуваат на три дена итн. Така да ако мислите дека од нашиве има полоши медиуми, слободно погледнете северно од нашето соседство.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Да не ве паничам ама сите ќе умрете. Еве вести од вселената денес:

Според Канал 5, за 10 години ќе завршиме како диносаурусите:



Барем некако од околу да ни најавеа, а не вака бомбастично во наслов. Малку суптилност во иднина другари од К5...

Во истиот артикл подолу авторот вика дека не е толку сериозна работата. Ќе помине покрај нас, ќе не уплаши малце и тоа е:



После тоа немав избор туку да отворам нов извор, да видам дали ќе ја биде работата или не:



Овие викаат дека ќе помине покрај нас за 10 години ама уште не е стигнат до нашава галаксија :pos:

Значи за 10 години со брзина од 40 000 km/h астероид со големина од 340 метри ќе дојде од друга галаксија до нашава и ќе помине точно 30 000 км од земјава или ќе не удри.

Изгледа време е да не удри...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.813
Никола Тесла – Македонски син
Никола Тесла е македонец, роден во Извор кај Богомила. Тој со роднините се допишувал на Македонски. Неговиот најблизок соработник Михајло Пупин, Македонец од фамилијата Пупинови од Струшко, исто така во исто време се допишувал со фамилијата како и Никола Тесла. Пупин праќал писма, пакети и камбанарија за црквата во неговото село.
Автоматски споено мислење:

Не е во МК медиуми ама денес србите отвараат некаков нов автопат (грандиозно наречен “Милош Велики“), се убаво, но цел ден кога и да ги вртам каналите од сабајле на РТС оди повеќечасовна програма во живо со автобуси кои се возат по автопатот, внатре цела влада и новинари и нормално Вучиќ, спремна бина, не е нормално мислиш нуклеарна централа отвориле, 7-8 саати (досега) програма во живо.

А ние мислевме трубачите се претерување за нашиот автопат.

Автоматски споено мислење:

Откриена мистеријата за чудовиштето од Лох Нес


clickbait, нормално
 
Последно уредено:
Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Здраво Дечки, но сум на форумов и мислам дека прашањево е за овде.
Имам веб-сајт кој го водам 1 година.Приметувам дека интересот кај луѓето се менува од ден на ден, па тема која поминувала и била читана сега се игнорира. Почнувајќи од вас,што би сакале да прочитате на еден веб-сајт за забава? Или што мислите дека би привлекло внимание кај поголема група читатели? Се трудам да не биде клик-бејт или полу-фејк њуз како астероидов...п.с. немам рубрика за политика.
секое мислење е добредојдено
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.366
Здраво Дечки, но сум на форумов и мислам дека прашањево е за овде.
Имам веб-сајт кој го водам 1 година.Приметувам дека интересот кај луѓето се менува од ден на ден, па тема која поминувала и била читана сега се игнорира. Почнувајќи од вас,што би сакале да прочитате на еден веб-сајт за забава? Или што мислите дека би привлекло внимание кај поголема група читатели? Се трудам да не биде клик-бејт или полу-фејк њуз како астероидов...п.с. немам рубрика за политика.
секое мислење е добредојдено
Што и да е, да се оригинални вести или авторски текстови и колумни / мислења за одредени работи. Не copy-paste-ирани од друг портал, преведени на македонски од Bored Panda или I Fucking Love Science, или помпезно најавени со наслов со фонт 72-ка, а наместо текст те чека youtube видео подолу.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Актуелни се пожари на сите страни од светот, за кои се објавуваат вести прилично хаотично и без размислување. За нашиве сајтчиња кои би се е***е у газ за клик плус, вакви вести се измислени и доаѓаат ко кец на десетка.
При појава на големи пожари има една техника на гасење, која делува нелогично, ама функционира многу ефикасно - се предизвикуваат нови, помали контролирани пожари кои итно се гасат и неконтролираната стихија штом дојде до нив, нема каде да продолжи да се шири во веќе изгорен коридор, со што се самогаси. И да е автентично видеово, многу веројатно е тоа да е идејата. Кој луд чоек би палел хелихоптер и да праи ваква екскурзија, па уште да биде сниман од друго летало. Е сега, претпоставувам дека некоја си бразилска опозиција сега користи тешка медиска артилерија против премиерот (кој многу веројатно е тежок психопат, ментол), а нашиве сајтчиња си ги користат нивните отпадоци за да попунат програма и тоа нормално со двете работи што најлесно се продаваат: параноја и секс.
Да не зборам за "детаљот" на видеото дека се работи за зимзелени дрва, "специфични" за тропската амазонска прашума...сличен бисер како што на фејсбук истресе оној балван Славчо од фамозната пропала 1тв, кој за рекордно краток временски период успеа да се самопрогласи за метеоексперт, во овој дух, параноично најавувајќи невремиња од библиски размери, од кои како деца ни под стреа не сме се криеле.

Screenshot_20190827-222210_Chrome.jpg
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.813
Овој од Доказ, како и да се вика е пример за типичен утепан идиот.

Има доста бисери, а за денес наслов со кој го цитира ОффНет - како Трендо имал глуп текст за жените:

(инаку цитираниот текст од ОффНет се наоѓа во рубриката Стигнвме на дното)
Толку ли е прост и утепан тој од Доказ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom