Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Ги гледав тарифниците и морам да признам дека не ми се баш јасни... Покрај брокерска, имаат провизија за чување, стварни трошоци...
Дополнителните трошоци се само дел од причините зошто да не користиш домашна банка како посредник (не како брокер) во тргување со странски хартии од вредности. Други причини се задоцнето тргување, можност за пуштање нарачки само додека е работното време на банките.
Препорачувам Интерактив брокерс. Ќе гледаш неколку видеа за да ја научиш платформата (нивниот канал на Youtube) и после тоа тргуваш во реално време, користиш банка само за да префрлиш пари кон нив или за да повлечеш пари.
Автоматски споено мислење:

Од Инвеститорските денови на Тесла и Голдман Сахс може да се заклучи дека ги прават овие денови кога сакаат да покажат дека нешто прават во комапнијата. Чиста среќа што продадов Тесла кога почна да паѓа со вкупно ќар од околу $200. Памет за друг пат.
 
Последно уредено:
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Здраво на сите.
Ве молам препорачајте домашен брокер за тргување во странство.
Гледам дека оваа услуга ја нудат Комерцијална, Стопанска, НЛБ и Шпаркасе банка.
Ваши искуства, која од нив е најповолна во однос на провизиите?
Ги гледав тарифниците и морам да признам дека не ми се баш јасни... Покрај брокерска, имаат провизија за чување, стварни трошоци...
Јас лани ова време правев некои споредби на КБ, НЛБ и Шпаркасе, и од овие три НЛБ искочи најевтина заради тоа што наплаќаат 3000 денари годишно провизија за чување, додека КБ и Шпаркасе беа околу 6000. Провизиите за трансакции, барем според ценовниците им се горе-доле исти.

Инаку да, тотално се согласувам дека ценовниците им се комплетно бескорисни, и едноставно не можеш да пресметаш колку провизија ќе ти земат пред да се пробаш. Во мое искуство, НЛБ земаат околу 30-50 евра по трансакција (купи/продај), а колку што сум запознаен сично се движат провизиите и кај другите. Вакви високи провизии те форсираат да правиш поретки и поголеми трансакции, што се коси на генерално прифатената Dollar Cost Averaging стратегија, и е поризично.

Дополнително на ова, трејдовите не ти се во real time, туку треба да му пуштиш налог на брокерот по меил, па да ти се јават да потврдат, па којзнае кога ќе ја направат трансакцијата, некогаш се случува сабајле да пуштам налог за продажба, а тој да биде реализиран после 5 саата... И како што кажаа другите, единствена опција за трејдање ти е од 8 до 16 часот, а Американската берза отвара во 15:30, така да го пропушташ целиот ден на берзата, и единствена опција ти е да трејдаш во пре-маркет.

Имајќи ги пробано и НЛБ брокер, и ИБКР, дефинитивно препорачувам ИБКР. Провизиите се $1 од трансакција, немаш дополнителни трошоци за чување сметка, имаш real-time достап до трејдање во секој момент, имаш апликација за тракување на портфолиото, и целиот процес е доста помодерен од античково емаил трејдање што НЛБ го нуди.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Добро утро.
Замолница за помош од поискусните на ИБКР
  1. Јас сум Account Holder на ИБКР: Дали морам да имам дефинирано/додадено User Roles, или тоа може да го оставам празно? Заинтересиран сум Market Data Subscription (Real time) меинли за Форкес. Други јусери немам намера да додавам.
  2. Во TWS дали да одбирам SMARTRoutng или да идам директно на пример XETRA? Незнам дали TWS ќе ја одбере автоматски XETRA=IBIS според симболот, пример VOW3.
Однапред благодарам
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
META_2023-03-05_11-22-38.png

My all-time favorite META се наоѓа во мејџор ресистанс точка од 187$ од тренд со генеза уше од 2013 година. Очекувам тука да има баунс од задутре или уипсоу' околу трендлајнот. Следен реситанс е на 249$
For the record на МЕТА поседувам акции, iron condor, bear put и од петокот пред затворање шорт позиција. Let's go!
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
180 PT.png

Иако МЕТА отвори повисоко од шо очекував веќе го губи моментумот и природно е да си падне до 50 фибоначи на 180 долари. Како шо напоменав акцијата денес орбитрира околу сапорт трендлајнот шо го исцртав во претходниот пост. На 180$ некаде е веројатно крајот на оваа корекција и затворам и шорт и беар пут спред пошо сепак МЕТА на дејли кендлс и 150 дена мувинг авериџ е влезена во нагорен тренд.
 
Кај МЕТА гледам дека е формирана Cup and Handle pattern каде рачката е скоро завршена. Ако цената го пробие отпорот на $196, може нагло да почне да се качува. Ако тргне нагоре може да не запре до $278. Но, ако не го пробие отпорот, чашката ќе пропадне. И во дејли и во аорли SMA 20 и 50 имаат прекрстување, и RSI и MACD покажуваат нагорен тренд. Прашањето е дали ќе продолжи трендот или не денес има несигурност кај трговците, ама VIX продолжува да паѓа што значи дека трендот за сега најверојатно ќе продолжи.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Дечки дали имате забележано некакви проблеми последно време со страната на ИБКР?

Кај мене многу побавно отвора, во репорти за февруари 2023 излистува податоци од 2022 (јасно си се наведени дека се од 2022), а некои од февруари, посебно последните денови воопшто не ги листа во февруари. Како репортите да се замрзнати на некој претходен ден. Дури и кога ќе направам year-to-date репорт, како последен датум е 3ти март 2023, и во тој репорт вклучени трансакции и дивиденди од последните денови на февруари.

Инаку дали кај некој има одобрени пријави за дивиденди во последниве месеци, или било какви пријави во е-пдд системот?

Дали има информации кога се очекува да излезе правилникот? Како што се сеќавам се очекуваше до март?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
UJP - otfrlena .png

Еве другари нов момент.
Ми ја отрфилија поднесената пријава на 0 денари данок за јануари месец со образложение: нема капитална добивка. Да потсетам за месец јануари поднесов пријава во која имав oколу рецимо 4500 долари загуба и 4400 добивка во realized gain /loss графата од тргување со опции. Значи остварена загуба се на се околу 100 долари но и остварена фактичка добивка од 4400 доколку не се пребиваат загубите нели... Им објаснив дека финансиските деривати не семат да се поистоветуваат со обичните ХВ и дека кога се купуваат во пакети (лотови) секогаш има внатре опции кои ќе носат заштитна добивка без разлика на финалниот резултат.

Шо мислите за ова?
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
141
Поени од реакции
102
Дечки дали имате забележано некакви проблеми последно време со страната на ИБКР?

Кај мене многу побавно отвора, во репорти за февруари 2023 излистува податоци од 2022 (јасно си се наведени дека се од 2022), а некои од февруари, посебно последните денови воопшто не ги листа во февруари. Како репортите да се замрзнати на некој претходен ден. Дури и кога ќе направам year-to-date репорт, како последен датум е 3ти март 2023, и во тој репорт вклучени трансакции и дивиденди од последните денови на февруари.

Инаку дали кај некој има одобрени пријави за дивиденди во последниве месеци, или било какви пријави во е-пдд системот?

Дали има информации кога се очекува да излезе правилникот? Како што се сеќавам се очекуваше до март?
Da, mene mi ja odobrija prijavata za dividenda
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Дали е сега моментумот за VOO 500 ?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Веќе се спушти на 366, зарем уште ќе тоне? :confused:
Следи шо се случува во УСА. Вчера Пауел го воскресна повторно рестриктивниот наратив со покачување на 50% на каматните стапки од овој месец. Инвертирани јиалд курв' до овој степен немало во последни 40 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom