Прегледај го приврзокот 371100
MPW може да биде скриен благослов.
За 5 дена цената падна за 20%, дивидендата порасна на 13,2%, ex-date е 15 март. Дали е value trap? Во овој момент не би требало. Моменталната квартална дивиденда од 0,29УСД била покриена околку 120%. FFO било очекувано да се намали за наредната година, заради ситуацијата со Prospect, но дури и да прекинела исплатата на киријата комплетно за болницата во Филаделфија, наредната година не би требало да има проблеми со исплатата на дивидендата. Болницата во Конетикат било договорено да се продаде на Јеил за околку 450 милиони долари, со мала капитална добивка. Во наредниот период мое мислење е дека овие 450 милиони ќе бидат користени, во еден дел за да се намали долгот, кој кај американските REIT-и мислам дека беше ограничен на 50%, па ако се намали вредноста на објектите по автоматизам се зголемува у уделот на долгот, а другиот дел ќе биде искористен за обезбедување на нови објекти. Плус во изминатите неколку месеци а и во овој момент MPW е масивно под short.
Мое мислење е дека не треба да се очекува цената на акцијата ќе се врати од нивото од 20тина долари за наредните 2 години, но во процесот барем ќе има добра дивиденда и прилично голема маргина на сигурност.
Иначе само да ве информирам дека пред еден ден покренав тикет до ИБКР за добивање/споделување на
Shareholder Reference Number. Овој број е неопходен за отворање на сметка кај регистрарот како Computershare кој ги администрира документите од акционерите како и сертификатите за даночна резидентност со цел да се добие редуцирана или да се елеминира данокот, поконкретно за UK REIT-и. Од ИБКР генралната информација беше дека не го обезбедуваат овој број, што ме наведува дека користат омнибус сметки, што има други импликации. Како и да е сеуште чекам конкретен одговор, по ова прашање, и може да е различно за другите земји.