Ги има многу, премногу... но еве неколку од мене:
Некаде во ноќта - Некаде во ноќта таа писмо пишува.. и во мисли со мене се љуби.. упорно кај неа цела ноќ се јавувам.. гласот мој ко воздишка се буди.. Друг коментар не е потребен..
Иконо моја - Убавино во цвеќе свиена.. на раце те носат од мене.......Иконо моја, за душа рај ми беше само ти.. но небото те скри.. Ни тука не е потребен коментар...
Усни на усни - Многу ме потсеќа на времето кога си живеев во Македонија.. навечер како мала слушав секогаш Радио Буба Мара и оваа песна ја имаше стално :cry::cry:
Тајно моја - Класика..
Еј синоока, еј босонога - Многу ми се допаѓа оваа песна.. многу е нежна некако..
Љубена - Колку ноќи сум заспала плачејки слушајќи ја песнава.. Преубава ми е.. една од најдобрите на Тоше. А и кога ке ја видам на јутуб изведбата на Симон Трпчески на концертот во чест на Тоше.. и како целата публика пее.. неможам да не заплачам.
По тебе - Секогаш со насмевка ја слушам песнава... некако буди надеж во мене..
Слушаш ли - Срце не се лекува.. ќе те сакам довека.. ниедно сеќавање немам без тебе Претажна песна..
Громови на душа - Една од најубавите балади на Тоше...
Боже, чувај ја од зло - Неможам да објаснам зошто ми се допаѓа но прекрасна е
Игри без граници - Ми се допаѓаше и пред 16.10.. едноставно е посебна....
Цреша - Мислам дека оваа песна можда и подобро го опишува животот на Тоше од Игри без граници......