1. Ибица
Да исдегустирам 7-10 дена од тоа мени, од таа атмосфера и од тоа лудило па да умрам. Или уште полошо, да се оженам.
2. Амстердам
Исто, исто...
3. Бора бора
Да пливам со ајкули од помал калибар коктели моктели и морски специјалитети.
4. Монт Еверест
Кога ќе ги откажам цигарите, прекинам со мрсното, се накондиционирам и му паднам на колена на Кедев да ме финансира.
Или кога ќе направат летало да ме носи до горе за ефтини пари.
5. Северен и Јужен пол
Е тоа е екстремнооооо... Па да се соблечам и да земам еден ервеивз. Ако не се замрзнам од мастиката ќе ги тужам за голема сума.
6. Нов Јорк
За да видам што е тоа фама што ја дигаат од оној лигавион про геј Вуди Ален па се до мнгата Френк Синатра. И да одам до Вол Стрит и да се сликам со волот. Ама за сега ќе се сликам со волот до кафе Барселона на ул. Македонија.
7. Лас Вегас
Нешто слично како Ибица само со коцка, алкохол, и све пропратно. Да валнам на комаро со стил и да банкротирам да не жалам.
8. Мајами ама строго за време на Спринг Брејк
Кој бил знае. А кој знае има. За на крај да не знам како сум се разбудил во соседна Куба. На Хавана рум, пура, плесачици и традиционална музика. Да се осеќам џоа Хемингвеј во средина на 20-ти век.
9. Транссибирска железница
Прво до Санкт Петерсбург на Бели ноќи, достоевстивација, па после тоа од Москва нулти километар, па се до Владивосток деветилјадити и кусур километар. Па од таму малце долу до Кина Пекинг, патки, Јанцекјанг и Хоангхо.
10. Јапонија
Па да ме удри технолошки шок, да се изнагледам и изначудам на ходајучи кафемати пешачки на косо и возови во кои седнуваш и не те возат туку те телепортираат напред назад молекуларно од Хоншу до Хокаиду од Кјото до Осака + тие нивните планини кај што мајмуни-бабуни на -20 се бањаат во топли езера и храмовите за продуховување.
За да можам да кажам и гласно-овие Јапанциве маме си е.але
И кога некој од тие обавезно паметни што се прават во друштво ќе ми каже што е бе да не си бил? Да му одговорам со-Е не, мајка ти била.
Лесно е кога си голем во Џапен.
)).
Бонус
Тур де Бразил од Сао Паоло па се до џунглите (ама не и длабоко во нив) па се до Рио на лепи бразилки како во спотот на Куку Леле а ти немаш појма, мулаткињи во тангици со зелени очи како на Ријана отпеани од Ханка Палдум. А во позадина нервите ми ги масира Аструд Жилберто и Десафинадо
http://www.wat.tv/video/joao-gilberto-desafinado-1rge5_2iebx_.html