Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Моето лаичко мислење е:

Лабораторија-та ....или како сакате наречете ја...МОРА да биде НЕЗАВИСЕН ПРАВЕН СУБЈЕКТ...за да нема НИКАКВИ „допирни„ точки со основачот...и МОРА да биде ДИРЕКТНО контролирана и насочувана од ДРЖАВАТА...односно ....некој нејзин преставник...како Агенција-та за МЕТРОЛОГИЈА...или нешто слично.
пс
А Лабораторија... ваква каква што е овде опишана...може да си постои само како ИНТЕРЕН СЕРВИС на Фирмата БЕГ...за да при (евентуална) контрола од страна на надлежен и овластен државен орган...да биде како што се вели..СЕ СПОРЕД ЗАКОНОТ...кој треба и МОРА да важи насекаде во Република Македонија.
Со други зборови:
Јас ....лично сум ПРОТИВ на формирање на вакви институции и со таков опсег и овластување на работа ...кои ќе бидат своевиден СУРОГАТ на државните.:(
O.K. е твоето мислење но овде се работи за матни работи. Топлификација имаше лабараторија изгледа сега ја префрлаат на БЕГ. Така пред неколку месеци „ формираа диспечерски центар “ и наводно платија 160 илјади евра. Немам докази, но веројатно сами си го продадоа - купија диспечерскиот центар на Топлификација.
Ако памтите во август БЕГ купи акции вредни 10 милиони евра од ТЕ-ТО за 800 илјади евра.
Очигледно се прфрлаат на БЕГ.
Тоа се криминалци и кој ќе разбере што прават. Веројатно ја подготвуваат Топлификација за стечај - но не сум сигурен
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
И Дневник пишува за контрола на мерачите во БЕГ
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=03E32AD7397F0F4A8C5C1FD411585D6A
Империјата го возвраќа ударот, 18.11.2013 07:54:08
Ова е повторно некаква ујдурма БЕГ - Топлификација. Погледнете ја интернет станицата на Топлификација http://toplif.com.mk/glavna.htm и прочитајте на десната страна, Активности - Метрологија - Поправка и одржување на опрема за електрични мерења и регулација Вакво нешто веќе неколку години постои
Тоа што е погоре искоментирано од Империјата го возвраќа ударот...се мисли на написот во Вечер..некако многу ме подсетува на една дамно слушана и читана приказна....
За ГРУТКА-та Шеќер..од сеуште не надминатиот српски комедиограф Радивој Домановиќ.
Кој (ја) читал знае...на што јас мислам...а таму (беш)е опишано.:confused:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
......ангелите од топлификација потрошената енергија на мерно место ја делат на сите потрошувачи процентуално според квадратурата на становите....е сега за отворените прозори и изменувачите во бољер плаќаат сите....но имало и такви кои ја греат цела населба
Parno.jpg
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
......ангелите од топлификација НАВОДНО потрошената енергија на мерно место ја делат на сите потрошувачи процентуално според квадратурата на становите....е сега за отворените прозори и изменувачите во бољер плаќаат сите....но имало и такви кои ја греат цела населба
Извини но на твоето допишав „наводно “
Во моментов топлификација има 24 милиони евра не наплатени побарувања од корисници на топлинска енергија. ТЕ - ТО и долгува 11 милиони евра за добиен кредит
Република Македонија и должи 15 милиони евра бидејќи регулаторна не и одобрила доволно високи цени.
Тоа е вкупно 50 милиони евра. Тоа е само во готови пари. А имаат и недвижности уште толку.
Ајде дајте некој пример кој за неколку години спечали 50 милиони евра,
Но нашава полиција е способна само да „ асистира “ при дигање на возила со пајак
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.884
Поени од реакции
15.843
BEГ - Топлификација набавил нова лабараторија за исоитување на броилата - јавија повеќе медиуми ,еѓу кои и Кајгана.
http://kajgana.com/gragjanite-kje-mozhe-da-gi-proveruvaat-broilata-za-parno-i-voda
Да Ве подсетам, главниот начин на измама кој го извршија арамиите е токму со неточниот начин на мерење. Со ова сакаат само да го прикријат криминалот - демексега броилата се исправни. Точното броило не значи и точно мерење
Битен е начинот на кој ќе го користиш броилото. Всушност криминалци никогаш не се машините и уредите туку луѓето кои неправилно ги користат со цел да ограбат.
Поентата е дека со мерачите по станови само се распределува топлината измерена со мерачот во Потстаницата. Значи битно е тој да е точен. Како и да е, мора да има некое мерење. Во овие правилници што ги цитирав претходно од Хрватска задолжително е вградување на мерач во потстаница и распределители по становите. Убаво даваат пример дека и 2 идентични стана , со идентична ориентација не трошат исто топлинска енергија, тој што повеќе проветрува троши повеќе.
Има уште една работа што треба да се посочи до влада,регулаторна и уставен суд. Не може монополска организација да спречува откажување на граѓани со барање согласност од други станари, корисници на нивниот систем, како од антимонополската ЕУ регулатива, така и од проектот за гасификација на Скопје. Со овие монополски правила граѓаните немаат интерес за гасификација, само за готвење нема рачун... Ме чуди што ЕВН досега не реагира, веројатно и не се заинтересирани за бизнисот со греење бидејќи имаат проблеми со слаби кабли, но електрично греење е можно и со стандардна ел. инсталација ако се користат инвертори..
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Поентата е дека со мерачите по станови само се распределува топлината измерена со мерачот во Потстаницата. Значи битно е тој да е точен. Како и да е, мора да има некое мерење. Во овие правилници што ги цитирав претходно од Хрватска задолжително е вградување на мерач во потстаница и распределители по становите. Убаво даваат пример дека и 2 идентични стана , со идентична ориентација не трошат исто топлинска енергија, тој што повеќе проветрува троши повеќе.
Зошто еднаш би се мерело во подстаниците, па потоа пак би се мерело, па прво измереното би се распределувало според второ измереното
Тоа се глупости
Ако сакаш ќе постирам на кои се начини може да се мери потрошената топлинска енергија. Претходниот начин на мерење наречен „ паушална наплата “ е исто начин на мерење и тоа многу сериозен начин
А овој начин на Топлификација наречен „ мерење со калориметри “ не е точен. Постоењето на калориметар не е доволно да се изврши мерење. Треба да се постави кај што треба и да се користи како треба.
Во топлификација знаат како се користи калориметар, но вака одговара - ќаруваат пари.
Од каде им се парите?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.884
Поени од реакции
15.843
Зошто еднаш би се мерело во подстаниците, па потоа пак би се мерело, па прво измереното би се распределувало според второ измереното
Тоа се глупости
Ако сакаш ќе постирам на кои се начини може да се мери потрошената топлинска енергија. Претходниот начин на мерење наречен „ паушална наплата “ е исто начин на мерење и тоа многу сериозен начин
А овој начин на Топлификација наречен „ мерење со калориметри “ не е точен. Постоењето на калориметар не е доволно да се изврши мерење. Треба да се постави кај што треба и да се користи како треба.
Во топлификација знаат како се користи калориметар, но вака одговара - ќаруваат пари.
Од каде им се парите?
Бидејќи има загуби на топлина во подстаница и во разводните цевки, се греат и подрумите и ходниците во зградата... Тоа не е спорно, но спорно е одкаде киловатчас топлина на централно греење, нископотенцијална енергија, да биде толку скап, скоро колку киловатчас струја !!!
Друго е превисоки паушални трошоци, а од скоро измислија и фиксни трошоци вон грејна сезона.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Бидејќи има загуби на топлина во подстаница и во разводните цевки, се греат и подрумите и ходниците во зградата... Тоа не е спорно, но спорно е одкаде киловатчас топлина на централно греење, нископотенцијална енергија, да биде толку скап, скоро колку киловатчас струја !!!
Друго е превисоки паушални трошоци, а од скоро измислија и фиксни трошоци вон грејна сезона.
Цевките во подстниците и низ подрумите се изолирани. Така е во мојата зграда, така е и во другите згради, И да не се изолирани, тие можат да се изолираат. Еден метар изолација чини од 50 до 100 денари. И колку проценти представуваат овие загуби во однос на загубите низ градската цевководна мрежа?
Инаку квч од Топлификација чини поскапо од цената струјата по „индустриската„ тарифа.
На тој начин Топлификација го „ акумулираше “ огромниот капитал кој сега го има. Од тие пари е финансирана и најголемата приватна промашена мегаломанска инвестиција ТЕ-ТО. Со 10 милиони евра, сопствени пари, Топлификација го кредитираше ТЕ-ТО
Од каде тие сега имаат капитал од околу 100 милиони евра? Да не ги донел главниот „ визионер “, од дома?
Се се тоа пари украдени од граѓаните на Скопје!
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
Во моментов топлификација има 24 милиони евра не наплатени побарувања од корисници на топлинска енергија. ТЕ - ТО и долгува 11 милиони евра за добиен кредит

Навидум .....згаснатото и пре-задолжено ТЕ-ТО ...рано утрово гледам ...си е ставено во погон...и си работи.
За разлика од котлите.... на бивша-та Топлификација , кои се изгледа згаснати...АМА парно дома ....сеуште има и е какво-такво топло.
;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Навидум .....згаснатото и пре-задолжено ТЕ-ТО ...рано утрово гледам ...си е ставено во погон...и си работи.
За разлика од котлите.... на бивша-та Топлификација , кои се изгледа згаснати...АМА парно дома ....сеуште има и е какво-такво топло.
;)
Јас живеам кај Зелен пазар и не се гледат оџаците. Ама чадот се гледа кога чади. Од Острово се гледа одлично
ТЕ-ТО треба да се грее повеќе дена за да постигне работна температура
Во моментов јас чад не гледам. Ако некој живее поблиску нека извести.
ТЕ - ТО може да произведува струја но многу скапа. Три пати поскапа од колку што е струјата од увоз.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Ne bi trebalo da etolku skapa.
A reper dal raboti TE-TO ke poznaesh po razladnite kuli 4 kom.

A evtino e zashto osven el energija imash toplinska energija gratis.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Jaс сум исклучен и постојано ме мачи прашањето зошто јавната власт со сите сили запнала исклучените да им плаќаат на арамиите од Топлификација.
Факт е дека (не)Уставниот суд судеше спротивно на својата одлука од февруари 2009, кога одлучи исклучените да не плаќаат.
Сега (не)Уставниот суд пресудува дека исклучените треба да плаќаат.
Ако било кој суд, еднаш суди вака, а вторпат спротивно е голем срам за судот. Но тоа се случи и тоа не во било кој суд, туку во Уставниот суд а Република Македонија. Тоа е големо понижување на било кој суд
И тоа е очигледен доказ дека врвот на јавната власт инсистирал вака да се суди
Да не се залаживаме, лепотаните од регулаторна не се толку моќни и влијателни за да самите влијајат на (не)Уставниот суд
Тука се во игра „големи играчи“, од самиот врв на власта.
Но зошто го прават тоа?
Каков интерес имаат тие да јас кој, сум никој и ништо, кој сум сиромашен, стар болен и со еден збор, никаков, да им плаќам на криминалците од Топлификација илјада денари секој месец?
Посебно што Топлификација е криминал. Каков интерес имаат тие да го понижат (не)Уставниот суд за да подржуваат криминалци ?
Ако се сеќавате до пред една година Латас, малку, малку па ќе ја нападнеше Топлификација. Топлификација повеќе пати го тужеше за наводните навреди и што ти знам друго Но сега, веќе не е така- и Латас го замолчеа и тој молчи, многу месеци наназад немало ниту збор од него за Топлификација.
Зошто?
Кој интерес има јавната власт да ја штити Топлификација и нејзиниот криминал?
Јас тоа не го знам и би сакал да го слушнам Вашето мислење околу ова.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Многу прост одговор,
Не постои ниско напонска мрежам, која би издржала таков напон). кој би се користела за затоплување на цел град.
Нај голема глупост што се направиу е приватизцијата на ЈП Бутел и на ЈП Топлификација.
овер & енде.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
кога ви го вклучија/пуштија парното годинава ( заради погодните временски услови колку заштеди т.е колку ќари топлификација од вас ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom