пак ти кажувам немам ништо со нив освен што сум корисник. А има врска, затоа што и за 100% корисници и за 50% корисници се кјористи истата траса и цевковод од топлана до објекти, а и во зградата се користи истиот распределителен систем.
Е сега друга е дискусијата колку тоа изнесува, дали реално им се наплаќа на исклучените.
А може да се донесат и други методологии, ако веќе мора да има цетрално градско греење, трошокот на системот да падне на сите граѓани. како е сега со автобус, празен или полн има возен ред. Ама тоа го ИМАВМЕ, државна ТПЛФ со големи загуби...
Чудесен си! Неверојатно упорен - ист си како којотот со брзата птица итрица! Не се откажуваш иако сите ти се смеат. Како и на цртаниот филм што сите заедно се смееме.
Колку повеќе бладаш, толку повеќе реакции имаш. Ги иритираш луѓето со неприфатливите ставови.
Да те прашам, ако во зградата се користи истиот распределителен систем кој го платиле сите сопственици, зошто ти кој го користиш тој систем не им плаќаш за користење на системот на соседите што се исклучени? Та нели тие имаат свој дел а ти користиш НИВНА сопственост?
Повторно во истиот стил "што ќе биде ако биде, мислам, ако, изгледа, можеби, сигурно, ми се чини итн..."!!!
Велиш, АКО трошокот падне на сите граѓани како сега со автобусот ... Зар не разбираш дека тоа со автобусот е политички маркетинг за да те (сите нас не) заслепи. Многу и е гајле на власта за нас!? Ти тврдам дека тоа е НЕРАЗУМНО и долгорочно гледано НЕОДРЖЛИВО! За да некои од граѓаните користат нешто а да не плаќаат за тоа - е ТОА Е ГОЛА ЛАГА. СИТЕ ние плаќаме, ама парите ни ги земаат на инаков начин, со зголемување на даноците, со други видови на задолжувања. НЕМА НИШТО БЕСПЛАТНО!!!
Ти рече имаш повеќе станови. Очекувано е и да имаш и повеќе автомобили. Можеш да имаш, да речеме, дури 10 - НАЈЛУКСУЗНИ! Само ТИ ќе одлучиш дали сите ќе ги регистрираш и дека ќе ги возиш. Или пак само еден од нив ќе го регистрираш. ТВОЕ ПРАВО на слободен избор! Ај сега нека земе државата да ти наплатува за останатите 9 пари за користење на патиштата, градските улици, осигурување, итн ... Веднаш ќе скокнеш како попарен! Не од парното! Од државата - како што ние сме попарени. И на ова прашање ќе одмолчиш или ќе се обидеш да го одвлечеш вниманието на друга страна.
ТПЛФ НИКОГАШ не била во загуба. Арамиите прикажуваа лажни состојби за да го прикријат својот криминал. Но, ТЕБЕ ова ОДЛИЧНО ти е познато.
Конечно, сфати дека исклучените (ограбените) имаат голема мака. Сите овде присутни се единствени, САМО ТИ упорно цепиш како "Максим по дивизија". А Турците велат - Кај сите Турци и гол Асан! Асане, време е да се прекаилиш.