За да не одиме офтопик, затоа тука ти одговорив за топлификација. Сега менуваш тема.
Сконцентрирај се малце да не морам да го преместувам муабетот секои 2-3 минути.
Очигледна е мисијата на
Ireal да одработува туѓа агенда, да штити криминалци, да ги поколеба членовите на оваа група кои помалку ја разбираат проблематиката, како од правен аспект така и од стручен аспект. Логично е да се заклучи, врз основа на сето досега кажано од него, дека тој всушност е еден од оние против кои ние се бориме. Оние што не крадат, што не навредуваат, што ни го одземаат достоинството ...
Гледај, наеднаш - ЧУДО! И тоа големо. Па тој ти бил експерт за термодинамика. Многу голема услуга ќе ни направеше ако тоа ни го соопштеше многу порано.
Сепак, ти не си тој за кој се прикажуваш. Вистинскиот експерт стручно и аргументирано ќе настапеше и ќе ни објаснеше како топлината се пренесува итн итн ... Ем ќе "научевме" многу работи, ем ќе ти поставевме и прашања. За да ни бидат јасни работите.
Ќе ти кажам дека досега не си бил на суд и да слушнеш како изгледа еден адвокат, кога го образложува тужбеното барање. Се труди да остави впечаток на "експерт" од највисок ранг! А изгледа како "кловн" или како еден наслов од Достоевски. Еј, човече, тој идиот се прави експерт за термодинамика, устата пена му фаќа! Како да има беснило! На прашањето дали е тој тука во својство на правен застапник или експерт за термодинамика - прави невешти обиди да го поврати своето ЈАС и да си го заштити личниот и професионален углед и достоинство. Ама како што велат соседите од север - Прошо воз, касно је!!! Сепак тоа не му пречи. Човекот си е алчен за пари. Тие му требаат. Што му вреди што некој си таму сиромав ќе остане без лепче? Ништо. А слепата Јустиција, нејзиниот меч и кантарот - тоа е замајување за народот. Не важи за правната фела.
Најважната работа во целата ситуација е дека тој што тужи е должен да докаже дека тужбеното барање му е ОСНОВАНО! Еднаш реков, доколку некоја стручна институција врз основа на претходно НАУЧНО ИСПИТУВАЊЕ утврдило дека е точно тврдењето на арамијата, јас НЕМАМ ПРОБЛЕМ да платам! Но, во државава очигледно нема експерти кои ќе ја лапнат јадицата и алчни за пари ќе треснат глупост за која целиот научен свет трајно ќе го "погребе"! Затоа, почитуван "експерту", повели ти заедно со твоите мили пајташи, издејствувајте таков СТРУЧЕН НАОД, нека си влезе во нашата регулативата - и проблемот е РЕШЕН. ТРАЈНО! Значи, се е многу просто! Побарав од тебе да направиш еден експеримент! Не го направи. Сега те повикувам да направиш втор експеримент - биди дел од институцијата и заедно со другите експерти утврдете точно како стои работата, но и нужно стави СВОЈ ПОТПИС дека е така како што тврдиш. Ако биде така - многу ќе ни ја олесниш работата. Ќе не лишиш од сите маки и искушенија на кои сме подложени.
Дури и да се согласиме дека наодот ќе биде во твоја полза (какво што е твоето мислење), истото НИКОГАШ нема да се искористи против нас!? Зошто? Криминалното сценарио вклучува нотари, адвокати, судии и извршители. СИТЕ без исклучок ќе останат без својот дел од "КОЛАЧОТ". А богами и делот наменет за владата, зашто оние 18% за ДДВ одат на нејзино конто, како јавни пари во буџетот!
Не го напишав сето погоре со намера да ти објаснам тебе. Го пишувам заради групата. Тебе тоа ти е одлично познато! Дури и премногу. Ти си дел од нив. Не си дел од нас.
Ќе биде изненадување ако го направиш вториов експеримент. Ама нема, знаеш - како први, така други ... Очекувано, ќе пишеш коментар во истиот - твој стил. Но не за да ги заштитиш криминалците - туку од пустиот страв за себе самиот. Да се куртулиш бре! Тоа што секој ден се помалку сон те фаќа е твој проблем! Почувствувај како изгледа кошмарот! Не чини, нели? Многу лоша работа. Точно така е. За прв пат си во право..
Кога тогаш вистината ќе излезе на виделина. Од која нејзина страна ќе бидеш ти? Тоа е твој проблем.
Ние бараме правдина! Ние не бараме милост од криминалците! И нема да им ја дадеме!
Како во вицот - Дојде шумарот! Ги избрка Германците!