Пајаку, ми се чини дека веќе се е јасно. Ако направиме една анализа во последниве неколку месеци, ќе видиме дека токму Ireal е член на овој форум кој се јавува најчесто кога има напади и критики упатени кон криминалците и нивните слепи поданици кои истовремено се и големи профитерџии (нотарите, судиите, една адв. канцеларија и судиите, па дури и извршителите). Навидум делува невешто, неуко, дури понекогаш и наивно. Небаре е детенце од десетина години.
Меѓутоа, во ниту еден момент не се потруди да им влезе во кожа на страдалниците. Ама затоа длабоко им се вовлекол под кожа на криминалците. И постојано со своите писанија упорно се труди да ја сузбие акцијата на исклучените (казнетите). А од друга страна, според неговите искази, тој добро се нафатирал и не му е никаков проблем да плаќа за 2, 3 или повеќе станови. Тој никогаш нема да застане на нашата страна. Тој е кодошот уфрлен во групава токму од криминалците.
Затоа, предлагам да го игнорираме. Навидум треска глупости, а главната цел му е да ги поколеба нашите сострадалници, да ги заплаши, да ги изманипулира дека подобро е да си плаќаат парно а не да арчат струја, дрва, гас и др. Нека си лае а ние да не му одговараме воопшто. Исто како да не кажал ништо. Како воопшто да го нема на групава.