Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
14 август 2006
Мислења
45.452
Поени од реакции
84.865
Aко си корисник на Топлификација јас ќе те прашам некои работи, за кои не е потребно посебно познавање на техниката на затоплување и мерење
1.Колку квадрати е станот кој го затоплуваш?
2. Колку плаќаш месечно денес, за парно?
Ти вака, имаш обичај да застанеш пред билбоард и да му зборуваш?
Каков е ефектот?
Мене ми личи дека во тој однос има еднонасочна комуникација, при што се движи една иста информација само во една насока.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

veritas omnia vincit - вистината сите ги победува
Пред одредено време се сретнав со еден универзитетски професор и декан во пензија.
Тој ми го расакажа следново:
Тој живее во блоковите на градски ѕид, на најгорните катови значи во стан од преку 120 квадрати
Тој порано плаќал за затоплување на својот стан нешто помалку од 3000 денари, меѓутоа коко што тој ми рече, од кога 5 комишии се исклучиле тој плаќал повеќе од 9000 денари месечно.
Во секој влез, во тие згради има 26 стана од кој четири стана на нагорните катови се преку 120 квадрати, а другите станови се помали 60-70 м2 а има и две гарсосењери по 30 м2
Исклучените биле од помалите станови
И јас му реков: Тие кои се исклучиле представуваат помалку од 20%. И како можат тие 20% да ти ги покачат сметките за 300%?
Тој ме погледа, пребледе се сврте и без поздрав си отиде
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.760
Поени од реакции
16.981
Aко си корисник на Топлификација јас ќе те прашам некои работи, за кои не е потребно посебно познавање на техниката на затоплување и мерење
1.Колку квадрати е станот кој го затоплуваш?
2. Колку плаќаш месечно денес, за парно?
89м2 под парно, до сега плаќав променливо, бев на 8 месеци, сега се враќам по 15 години на 12месечна пресметка, ќе плаќам околу 3500мкд ( толку плаќат комшиите со исти станови)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
89м2 под парно, до сега плаќав променливо, бев на 8 месеци, сега се враќам по 15 години на 12месечна пресметка, ќе плаќам околу 3500мкд ( толку плаќат комшиите со исти станови)
За 89 м2, 2007 година се плаќаше 89 * 23 денари = 2407 денари. Имено тогаш парното чинеше 22,97 денари за затоплување на еден метар квадратен
http://www.erc.org.mk/odluki/2007.10.29 Odluka za odobruvanje na Cenovnik tarifa Toplifikacija Skopje.pdf
Сега плаќаш поскапо

2007 година гасот чинеше 303 долари за илјада м3. Сега гасот чини 214 долари. Значи сега гасот е поефтин за 30% а ти плаќаш поскапо парно за 32% , пред некое време плаќаше уште поскапо
Што мислиш кој е виновен за ова?

veritas omnia vincit - вистината сите ги победува
 
Последно уредено:

не е проблем до цената на гасот, натепани се режиските услуги, одржувањето... веројатно и платите си ги зголемиле двојно од тогаш ... јас кога напуштив државна фирма 2006, просечна плата во државата беше околу 12000мкд, сега е околу 21000мкд
 
Директорите на топлификација немаат 21000 денари плата туку 340 000 евра
http://vecer.mk/ekonomija/toplifikacija-za-menadzherski-plati-i-nagradi-odvoila-340000-evra
Директорите од Топлификација имаат поголема плата од Председателот Обама.
Инаку трошоците за гориво представуваат најмалку 90% од сите трошоци на Топлификција
Дали и понатаму мислиш дека исклучените од Топлификација се виновници за твоите екстра високи сметки?
 
собери ги сите сметки од сезона ( на некој што се грее на централно) и ќе видиш дека топлината како ставка не е ни 70% од вкупните пари што се дават
А што има врска колку плата дели ТПЛФ, сега они си имаат други бизниси, гасна централа и што ти знам
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Кажете ми колку плаќаат тие што се исклучени од БЕГ?

Друго, дали имаат право да ми наплатат ако живеам во зграда, ново градба која има централно греење но јас никогаш не сум бил уклучен нити пак цевките ми поминуваат низ станот? Разделникот за цевките од парното се во влезот. Беше пуштено пробно греење во месец ноември. После што ги откачија цевките кои водат во мојот стан.

Никаде никаков договор не сум потпишал а сега одеднаш ми стига сметка. Таа изнесува 388 ден. за декември и вели дека е сметка со која се порамнуваат останатите сметки.

Според квадратурата на мојот стан 51 м2 целосна сметка за парно би изнесувала околу 1200 ден. по 12 месеци. Паушалов изнесува третина од таа сметка. Дали е таа цена за секој месец иста или не?

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 
мислам дека малку е 1200мкд за 51м2, но тоа зависи и од колку станови се приклучени ; состојба на мерачот, т.е. колку е јака зимата се порамнува, има порамнувања 2 пати годишно.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Aрамиите од БЕГ-Топлификација, деновиве праќаат писма до исклучените во кој велат ќе вршеле контрола, увид и пломбирање на исклучените грејна, со вградување софистицирани пломби.
Велат дека тоа била нивна должност согласно член 12 став 8 од правилата и дека ако ова не им се овозможи „ ќе биле приморани своето право да го оствараат по судски пат “
Криминалците од БЕГ лажат
Членот на кој се повикуваат гласи:
Член 12 (1) Потрошувачот покрај должностите утврдени во претходниот член на овие услови , е должен и:..........
8)да му овозможи слободен пристап на снабдувачот до грејната инсталација на потрошувачот.

Како што гледате нема дека имаат„ право “ како што се закануваат

Криминалците ова го прават од следнава причина:
Тие немаат доказ дека сме исклучени ниту целосна евиденција и сега сакат да за дојдат да направат записник дека сме исклучени и ќе ве тераат вие да го потпишете
Потоа врз основ на тој записник ќе ве тужат
Значи штом дојдат - избркајте ги и посебно важно
НИШТО НЕ ИМ ПОТПИШУВАЈТЕ!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
Ех, избркајте ги. Имате правилник, имате (веројатно) потпишано договор каде во член 7 и 8 јасно стои дека снабдувачот има право на непречен пристап заради контрола евиденција итн. Тоа е како да не му дозволиме на лице од ЈП Водовод да го пломбира водомерот па по некој месец да дојде да го контролира. На страна исклучените, за таа цена топлењето на цел стан заедно со купатило, ходници, спални е добра работа. Колку за споредба, ние за оние 50тина м2 (со отприлика 2200 денари за 12 месеци се 26.5 илјади), треба да платиме 11-12 илјади. И пак со ќебиња, џемпери, мраз вода, грч утра, и пак незагреани, во релативно топол месец.
Конечно не ми е јасно зашто не се одлучите цела зграда да се исклучите (% доволен БЕГ да ве исклучи целосно) па да се обидете со сопствено греење.
 
имаше една зграда комплет исклучена, кај Острово, имаше пред 2-3 години, имаа многу големи проблеми со ел.инсталации.
Инаку не верувам ека било каде во светот има стар тип инсталации, со вертикали и да е дозволено исклучување од греење ...
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50

Човече, никако да те разберам. Подолго време намерно молчев да видам какви "бисери" ќе стресеш.
Цело време настапуваш во стилот - можеби, мислам, ми се чини, верувам-не верувам, претпоставувам, изгледа ... и така до бескрај.
Дај зафати се со конкретни работи. Посочи некој закон, пропис, доживеани туѓи искуства и сл.!
Луѓево се трудат да ти објаснат - ама бадијала е !!! Не си ти центар на светот! Ништо не се врти околу тебе!!!
Ако имаш нешто корисно да кажеш - кажи го. Ако немаш ништо - подобро молчи!
Ти не се потруди да направиш никаков напор или чекор и искуствено да ја доживееш оваа ситуација во која се наоѓаат исклучените. Помина повеќе од еден месец како ти предложив да го направиш ЕКСПЕРИМЕНТОТ! Ништо од тоа! Да те потсетам - еве денес е недела. Има евтина тарифа на струјата и твоите исклучени соседи ГАРАНТИРАНО ќе се грејат на струја. Затвори ги вентилите на радијаторите. Обиди се да се стоплиш од твоите соседи. Сеедно дали се приклучени на парно или самите се затоплуваат на струја или било што друго. И побарав од тебе секој час да ја мериш температурата во твојот стан. Презентирај ги на луѓето овде. Да прочитаат. Ама биди чесен и немој да ги мамиш со податоците.
Ти досега не го стори тоа. И знам дека пак нема да го сториш. Не знаеш како им е на исклучените, не си им во кожинката. Штом е така, подобро МОЛЧИ! Немаш морално право да зборуваш во нивно име зашто не ти е местото во таа група.
Биди макар еднаш коректен кон нив. Или, кон самиот себе. Покажи почит кон нив, ама и малку самопочит кон себе.
И конечно, дај изјасни се - ЌЕ ГО ПРАВИШ ЕКСПЕРИМЕНТОТ ИЛИ НЕ?

За останатите овде присутни. Сфатете дека сите сме жртви на организиран криминал. И исклучените и приклучените. Првите зашто им наметнаа обврска да плаќаат фиктивна, измислена давачка. Вторите зашто плаќаат ОГРОМНИ месечни фактури. Зар сега, во време на историски најниската цена на нафтата да плаќате ОГРОМНИ месечни фактури. Дајте да се здружиме заедно против заедничкиот непријател, а не да си ги копаме очите меѓу себе. Наместо душмани да станеме сојузници.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.760
Поени од реакции
16.981
цената на парното е друг проблем и треба да се реши со мерење на потрошувачката, така е во ЕУ а и во регионот. Исклучување во колективна зграда не е никаде предвидено, АЈДЕ кажи каде има да се исклучиш. Не се работи за греење од соседите, во колективна зграда има заеднички простории кој се греат од вертикалите во ходникот. Кај мене во влезот е исклучен станот што е НАД постаницата и си нашол математика, го грее од долу подстаницата.
Инаку проблемот со заеднички простории е и осветлувањето, чистењето, лифт; во комшиска зграда еден од приземје не сакал да плаќа, демек не го користел ходникот, излегувал преку терасата. Но бидејќи ИМА влезна врата во ходникот, мора да плаќа. Локали и дуќани од приземје, што немаат врата спрема скалиштето, не плаќаат ништо за светло и чистење ( и лифт, кај има).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom