Ти давам ЗБОР!

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Кога давам збор, значи даден е само проблемот е што никогаш не давам збор :pos:
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Има многу кои ветуваат, а малку кои исполнуваат тоа што ќе го ветат...
Сум сретнала многу... И баш поради тоа не верувам кога некој ќе ми каже така... Ми стана секојдневие некако да ми вети некој нешто и после да не го исполни... Ќе му поверувам на некој на зборот само доколку повеќе пати се докаже дека го исполнува тоа што го ветил, али сепак со резерва :)
Само една причина ми е логичка... Дека не му е гајле... Нити за тоа дали тебе стварно ти треба некоја услуга или било што, нити за тоа што ќе мислиш после за него, битно он во моментот испаднал добар човек.... Е сега, се случува стварно да заборави некој и тоа е нормално... Ама доколку тоа се случува секој пат пак се сведува дека не му е гајле па затоа и заборавил :)
Чаре... Или ќе го напнеш додека не си го одржи тоа што го ветил или нема да му веруваш, па ако си го одржи зборот супер, ако не ништо...

Јас кога ветувам правам се што можам да го исполнам, особено кога знам дека тоа на некој многу ќе му значи... Некогаш заборавам дека сум ветила нешто и после тоа ми иде да се убијам! :kesa: Ама многу заборавам... Треба да си запишувам :)
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
За жал не вреди многу. Се уште има луѓе кои си стојат на она што го кажале и ги исполнуваат ветувањата, но се се помалку и помалку. Жално... но тоа е :toe:.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
ретко давам збор некому.. чисто поради причини шо може да се десат дешафки па да утнам... ама кога ке дадам збор дадено е нема промашај
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
nikogas ne vetuvam nesto sto ne mozam da go ispolnam. Koga ke mi dadat zbor ocekuvam da go ispolnat samo pocesto se zaebuvam zasto retki se takvite luge sto si gi ispolnuvaat vetuvanjata.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
На збор им верувам само на неколку мои блиски личности што секогаш се покажувале фер и знам дека не би ме заебале.

Ама јас повеќе пати имам скршено ветување, што го мразам кај себе како особина, ама од пуста желба да се најдам на помош, некогаш давам збор за работи кои подоцна не сум во можност да ги остварам. Не дека не сакам, не можам, и иако сум го знаела тоа претходно, сепак сум го дала зборот. И ај сеа? :uvo:

А денес секако тешко некој да си го исполни зборот...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Искуства - на прсти се бројат луѓето кои ми одржале збор... мама, тато, бате, цеце ... стандард нели. Токму затоа се трудам да не барам ништо од никого, за да не се изнервирам од газење на зборот што ќе ми биде даден. А без да барам, секојдневно секој нешто ми ветува. И како никогаш не се случило да се оствари тоа ветување, мамата. Ќе ти даде збор некој дека ќе ти помогне за некоја работа, па ќе го снема кога ќе ти треба. Ќе ти даде збор некој дека ќе ти ги врати или даде парите кога ќе се договорите, па ќе го снема кога ќе дојде денот. Ќе ти даде збор некој дека ќе ти ја чува тајната која со солзи си му ја кажал, па ќе му текне другиот ден дека се заебавал. Луѓе де.
Причини - секој си го гледа својот пат и не му паѓа на крај на памет да си го одржи зборот што го дал, да ти помогне или да те заштити. Но во моментот му изгледа добро да се направи чесен, да ти се покаже како близок, да испадне човек, па ете мора да даде збор, не размислувајќи колку полоша постапка направил. Подобро е да не го дадеш ветувањето, отколку да го дадеш и да го погазиш.
Чаре - нема чаре. Т.е има. Да не се надеваме на ништо од другите. Ако некој некогаш сам ни се покаже, нека биде тоа само пријатно изненадување вредно за секоја почит.

А јас ... јас секогаш како смотана гледам прво за сите други, па потоа за себе. Ако нешто некому му ветам, нема шанси да го заборавам или да не го направам. Затоа и внимавам за што давам збор. Не си се преценувам и не сакам да давам лажна надеж никому. Но ако ветам - ветено е и сторено. Ама тоа јас ...:uvo:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Зборот вреди подеднакво со векови, односно вреди ич.

Сум дала, а не сум исполнила збор мал милион пати. Истото ми го направиле и на мене.
Некогаш оправдано, некогаш чисто онака, од невнимание.
Али мотивите се небитни.

Битно е да научиш да не се ослонуваш на било чиј збор. Дури ни на зборот кој си го даваш сам на себе.
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
вака
јас дадов збор пред две недели дека веќе нема да пушам, и засега го исполнувам
за понатаму ќе каже времето шо створење сум
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Jas sum glup izgleda...nikad ne sum prekrshil zbor daden :tapp:

Hmmm mozda ednash dva pati ponela me niska strast ... al sto da praam koga taa bese tolku privlecna sto nemozev se sopram :kesa:

Inace ne se sekavam da sum pogazil zbor ako kazam kazano e ne oti cenat lugeto toa ama ja pa se tripam deka sum nesto kao praveden :tv:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Зборот ништо не вреди. Може да вреди само човекот кој го дава, а ако човекот воопшто вреди, нема да даде збор, туку ќе даде дело.

Не ослонувајте се на зборови, туку на дела. Тоа е чарето.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.855
Поени од реакции
22.908
Зборот исто си вреди како и порано, ама не вредат луѓето што го даваат зборот.
Таквите луѓе што се "од збор", се се поретки и поретки, но сепак ги има.

Еве еден.

Добро речено:aplauz:
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
...ретко велам...абе ветуам..или давам збор..заш мн често забравам..и едноставно ќе испаднам човек кој не стои на својот збор..а мразам мн кога некој над милион пати нешто ќе ми вети и никогаш не го исполнува..ама доколку ја знам личноста и знам дека не исполнува ветеното или дадениот збор..едноставно како ветар да прошол низ моиве уши..не се надевам на нешто:toe:
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Не е ретко да кажам така. Секогаш и да му кажам на некој ќе биде, ти давам збор и од другине примери што ги наведовте сакам да ги исполнам и гледам да биде така. Сега од нив 80% ќе ги исполнам за другите најчесто се случува да наидам на некоја пречка па да се случи ветувањето со закаснување, но не големо. Ако знам дека ќе бидам презафатен и дека има шанси да не исполнам нешто кажувам ќе се обидам на време да го завршам и во зависност од проблемите. Сега да се префрлам на другите. Има такви како мене што гледаат да го извршат кажаното и затоа нејќам да генерализирам дека има многу такви што ти даваат збор, а не го исполнуваат.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
..Уживај го викам ама во друга смисла...ама за нешо шо знам дека ќе можам да го напрам ќе дадам збор...ако не пубо ќе му/и кажам дека неможам поради икс причини...подобро така отколку да ветувам нешо шо неможам да го исполнам..поголемо ќе биде разочарувањето
 

Kajgana Shop

На врв Bottom