Апсолутно никогаш не сум се гледал себеси со било каква тетоважа.
Мојот став околу тетовирањето отсекогаш бил - "онака... што знам, не би".
Не сум осеќал потреба од тетоважа со која би изгледал "покул", или преку која би нацртал нешто за себе НА СЕБЕ.
Не обожавам тетовирање од проста причина што можеби во иднина истата тетоважа тежински ќе изгуби на значење (доколку го имала, а често младинава и така се чкрта - без врска) и ќе посакаш да ја немаш.
Да бидам искрен не сум бил против оние кои се тетовирани или посакуваат да бидат, едноставно нивни живот - нивни одлуки јбг, но ќе си земам за право да кажам дека не ми се допаѓале одреден вид на тетоважи кои според мене биле "преагресивни", глупави tribal тетоважи, тетоважи за мускули и тетоважи кои се познава дека се направени онака, буквално колку да се се чкрта нешто.
Но во последно време ми се уклешти и мене некоја мисла за игла...
Ид-от знам ме тера да седнам на таа фотеља, но знам и дека тешко би си го убедил сопственото супер-его на ваков чекор
и знам дека ќе треба добро да се размисли ДАЛИ и ШТО?
И двата цртежи се со значење за мене, и покрај тоа што ги симболизираат маскотата и логото на мојот омилен бенд