Тетоважи

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
118265519_3174480605920780_7608953850731800075_n.jpg
 
Апсолутно никогаш не сум се гледал себеси со било каква тетоважа.
Мојот став околу тетовирањето отсекогаш бил - "онака... што знам, не би".
Не сум осеќал потреба од тетоважа со која би изгледал "покул", или преку која би нацртал нешто за себе НА СЕБЕ.

Не обожавам тетовирање од проста причина што можеби во иднина истата тетоважа тежински ќе изгуби на значење (доколку го имала, а често младинава и така се чкрта - без врска) и ќе посакаш да ја немаш.
Да бидам искрен не сум бил против оние кои се тетовирани или посакуваат да бидат, едноставно нивни живот - нивни одлуки јбг, но ќе си земам за право да кажам дека не ми се допаѓале одреден вид на тетоважи кои според мене биле "преагресивни", глупави tribal тетоважи, тетоважи за мускули и тетоважи кои се познава дека се направени онака, буквално колку да се се чкрта нешто.

Но во последно време ми се уклешти и мене некоја мисла за игла... :tapp:

Ид-от знам ме тера да седнам на таа фотеља, но знам и дека тешко би си го убедил сопственото супер-его на ваков чекор :LOL: и знам дека ќе треба добро да се размисли ДАЛИ и ШТО?


Dbe15QdXcAEz1MI.jpg:large
71f394383be8bf31bd968f1bbb4010ae.jpg


И двата цртежи се со значење за мене, и покрај тоа што ги симболизираат маскотата и логото на мојот омилен бенд :roker:
 
Некој да има искуство со отстранување на тетоважи па да кажете препораки и искуства. Побарав по нетов и ги најдов само овие dermalux.mk во македонија па сакав да прашам дали има други ?
 
Може жена му ја истетовирал.
Шала на страна, маестрална изведба!
Актерката е Џуелз Вентура ))))
20201223_225213.jpg
Тату мастерот е Олег Шепеленко )))
 
Имам две тетоважи,на гради,на надворешната страна на десната подколеница.Изработена е од Љуба Голдина на една од европските тату конвенции,и има земено второ место )))))
Топ тетоважа,сигурно сте ја среќавале на интернет )))
За 2021 ќе ја покривам таа на гради,и ќе ставам мотив слика "Битката на Ножот"
na-nozot1 (1).jpg
 
Имам две тетоважи,на гради,на надворешната страна на десната подколеница.Изработена е од Љуба Голдина на една од европските тату конвенции,и има земено второ место )))))
Топ тетоважа,сигурно сте ја среќавале на интернет )))
За 2021 ќе ја покривам таа на гради,и ќе ставам мотив слика "Битката на Ножот"
Прегледај го приврзокот 278469
Е ова ке биде топ тетоважа, многу сакам кога ке видам домашно испирирана идеја за тетоважа, некако ми здосади постојано да сме препишувачи од други митологии и стилови :)
 
Е ова ке биде топ тетоважа, многу сакам кога ке видам домашно испирирана идеја за тетоважа, некако ми здосади постојано да сме препишувачи од други митологии и стилови :)
Прво доаѓање во Скопје ја правам,100% одамна е решено.Можам и тука да ја правам,али странец нема да ја почуствува.Треба наш мајстор,да го чуствува мотивот,тежината на моментот...))))
 
Знае ли некој да ми каже како оди дизајнирањето ракав? Досега сум ставала одделни тетоважи, имам и на рацете, ама сакам да се консултирам со некого што ќе знае да ги инкорпорира постоечките тетоважи во целосна слика. Јас можам да кажам само што сакам отприлика да ставам и како сакам отприлика да изгледа (бои, контраст), ама искрено сум тапа за се` останато што реално професионалец би можел да го знае и да го извлече од мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom