Трајна е најдобар избор за оние што се љубители на тетоважите. Јас имам на глуждот на ногата и многу е мала ама секогаш кога ќе ја погледнам на неа гледам не како на некој тренд туку како на нешто што го сакам , нешто што ми значи нешто што ми се допаѓа како ми стои. Многу ме болеше додека ми ја правеа , ама многу треба да се пази и кај кого се изработуваат трајни тетоважи, затоа што една моја другарка ,,закачи,, таква инфекција што буквално беше со ,,едната нога во гроб,,
Така да кој сака што сака нека прави, на кој му е ќејф нека си прави тетоважа, ама секогаш нека се грижи за себеси(правење и одржување потоа), не е тоа мала работа и сепак сноси одредени консеквенци (пр. можности од инфекции, исфрлање на бојата од страна на организмот доколку се создадат антигени т.е. некои тела не можат да поднесат одредени бои и нормално ризикот- ,,не ми се свиѓа веќе не ми е закон тетоважата,, итн.)