Редно време е Европскиве држави да се освестат и за почеток да престанат да примаат мигранти кои доаѓаат од доминантни муслимански земји
Ова не е религија ова е секта, исис идеологија чим за една ебена карикатура од измислен мухамед се спремни да се стрелаат..
Аха, така оди тоа.
А кој ќе црнчи после за ситни пари ?
Да не мислиш дека просечниот Германец ќе се фати да работи на каса во Мекдоналдс ?
А да не правиме муабет па за тие кои работат водовод и канализација или комунални услуги.
Од основањето на еврото со договорот од Мастрихт од 1992 година, па се до официјалното воведување на еврото како валута во 1999 година, државите членки на ЕУ беа свесни дека единствен начин ваков вештачки монетарен систем да преживее во разновидни економии кои не се конкурентни едни со други, е одржување на буџетските дефицити на ниски нивоа, а недостатокот да се надомести со евтина работна сила.
Дополнителен фактор е тоа што економскиот раст им нуди многу поголеми можности на младите, поради што младите се почесто бираат кариера наместо семејство, помалку се венчаат и се помалку сакаат да имаат деца, поради што населението старее и со тоа се намалува работната сила, а тоа на никаков начин не може да придонесе за економски раст и конкурентност кон економиите на САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, па дури и Индија.
Државите од поранешна Југославија и од поранешниот Варшавски Пакт се одлични извори на евтина работна сила, ама нивните граѓани знаат што е тоа сиромаштија и емигрираат не само во централна Европа и во западна Европа, туку и во Северна Америка - САД и Канада, како и во Австралија и Нов Зеланд. Истовремено и народите од поранешна Југославија и од државите од поранешниот Варшавски Пакт исто така не се нешто многу заинтересирани за венчање и размножување, што говори дека овие народи само привремено можат да бидат евтина работна сила за брисељаците.
Од друга страна, народите од блискиот исток и од северна Африка, не само што не се израснати и образовани во секуларни општества, туку и добар дел од нив се неписмени, односно воопшто не се образовани, додека истовремено се венчаат и се размножуваат како глувци, поради што претставуваат огромен извор на евтина работна сила на долг рок.
А тоа какви ќе станат малцинствата во иднина е веќе друга приказна, тоа ќе му ја мислат идните генерации - ваков е отприлика начинот на размислување на брисељаците.