Сложено е само ако сакаш да го направиш сложено. И не може податоци од пред само неколку години да го наречеш стари само заради тоа што не ти се допаѓаат.
Табелата дава точни податоци, и е добар показател што треба да очекуваме од општества каде има повеќе (или помалку) огнено оружје. Многу е извесно дека држава која има голема медиумска покриеност (како САД) да има и поголема медиумска изложеност на убиствата со огнено оружје.
Хондурас има скоро 7 пати повеќе смртни случаи заради огнено оружје од САД, иако во САД има 20 пати (!) повеќе парчиња огнено оружје по жител. И не се работи само за тие „две екстреми“, тука се и Венецуела, Ел Салвадор, Колумбија, итн, по релативно малку огнено оружје по жител, ама многу повеќе смртни случаи (заради огнено оружје). Или примери како Србија, каде има многу огнено оружје по жител (75 на 100 жители), ама има малку смртни случаи.