Тврдиш дека самоубиства и убиства ќе се намалат со со намалување на легално поседување на оружје. Но подолу велиш и дека во Македонија од 50 годишни убиства, ни 20 не се со огнено оружје... Што ти зборува тоа?
Едноставно е, убијците секако ќе извршат убиство. Ќе употребат ладно оружје, или разни алатки, отров, насилство... Или па ќе набават нелегално огнено оружје. Сето тоа јасно зборува дека забрана (или слично) за поседување на огнено оружје е неефикасен метод, всушност е контрапродуктивно за безбедноста на граѓаните.
Повторно за пример ќе го земам дедо Љубе. Дедо Љубе да ја немаше пушката, ќе беше убиен и тој и неговата сопруга.
Потребна е строга регулација, да. Но само од аспект на забрана за поседување на оружје на неподобните. Сите што ќе пројават потреба од оружје, и ги исполнуваат законските услови, треба да добијат дозвола за поседување оружје.
Еве интересни статистички податоци, од аспект на дискусијава:
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_firearm-related_death_rate
Подреди ја листава прво според „огнено оружје по жител“, а потоа според смрт од огнено оружје „Total“
Примери:
Хондурас има 6.2 „огнено оружје по жител“, а има смрт од огнено оружје „Total“: 67.18
Венецуела има 10.7 „огнено оружје по жител“, а има смрт од огнено оружје „Total“: 59.13
Ел Салвадор има 5.8 „огнено оружје по жител“, а има смрт од огнено оружје „Total“: 45.6
Ама во исто време:
САД има 112.6 „огнено оружје по жител“, а има смрт од огнено оружје „Total“: 10.54
Србија има 75.6 „огнено оружје по жител“, а има смрт од огнено оружје „Total“: 3.49
Сега што правиме?
Ние можеме секој да имаме различни мислења ама статистиката не лаже. Повеќе поседување легално оружје не значи и повеќе убиства и самоубиства.
Повеќе оружје значи и повеќе шанса граѓаните сами да се одбранат во ситуации кога полицијата не е на лице место да реагира. Држави како Чешка дури носат и закони со кои употеба на приватно оружје против терористи при терористички напади, се легализира и поддржува:
http://diepresse.com/home/ausland/welt/5242770/Tschechien-verankert-Recht-auf-Waffenbesitz-in-Verfassung?from=rss&utm_source=dlvr.it&utm_medium=twitter
http://www.breitbart.com/london/2017/06/29/czech-republic-passes-constitutional-right-to-bear-arms/
Czech Lawmakers have passed legislation in the lower parliament that would see the right to bear firearms enshrined in the country’s constitution in a move directed against tighter regulations from the European Union. The legislation was passed with 139 deputies agreeing to the amendment to the constitution with only nine deputies voting against.
Similar to the U.S. second amendment to the Constitution, which gives Americans the right to keep and bear arms, the Czech legislation reads: “Citizens of the Czech Republic have the right to acquire, retain and bear arms and ammunition.”
The amendment also notes that the right is there to ensure the safety of the country, similar to the provision of a “well-regulated militia” in the American amendment.