Терористички напади во светот

Член од
24 април 2008
Мислења
11.096
Поени од реакции
12.664
Различна е работата. Овие што вадат блгарски пасоши тоа го прават од немајкаде, али тоа не значи дека веќе не се чувствуваат како Македонци. Кога одат во странство, живеат во Македонски гета, зборат македонски итн, тупат некоја патриотштина која што мене лично ми е троа лицемерна и кич, али јебига, ако така се осеќа, негово си е. Можеш да си ја сакаш државата и доколку не живееш во неа, сегде може да те однесе животот а Македонецот бил печалбар од памтивек.
За христијанинот нема ќар да се откаже од верата. Ветен му е вечен живот, мед и млеко, рај итн.

Инаку во книгата од Матеј, 10та глава, кога Исус ги подучува апостолите пред да ги испрати да проповедаат меѓу евреите, им раскажува дека неговите учења ќе доведат до раздор помеѓу најблиски како брат со брат и меѓудругото во 10:34 спомнува дека не е дојден да донесе мир, туку меч.

Ехе некоја ако отишла во Дубаи или Турција за пари таму од авион штом ќе излезе ќе ја забулат, ќе ја затворат во едно сопче дома да седи дур не и го исперат мозочето. Ако нејќе да пие киселина во фаца секако. Психолошка тортура низ брутален peer pressure. :love: Најсилното оружје на исламот.

Точно е дека денес црквите се празни, али поповите не се баш сиромашни. И тоа е мањебитно, бидејќи ко што реков, верата се пренесува од колено на колено, од семејство на семејство. 65% од населението во Македонија се декларираат како Христијани. Ако не друго, веруваат во Господ и Исус како спасител. Си излегуваат младите во кафичи и дискотеки, во црква идат само за божиќ и велигден па ипак прашај ги што мислат за абортус и хомосексуални бракови.
Е сега со последнава реченица ме насмеа, па тоа не важи само за Македонија, туку насекаде низ светот сите кои не се либерални левичари - или левичарски либерали, сеедно - ги осудуваат абортусот и браковите помеѓу истополови партнери, но сепак кога момата непланирано и/или неочекувано ќе забремени, наредната станица и` е најблиската клиника за абортус - секоја им чест на исклучоците - а кога синот ќе каже дека му се бендисуваат машки, или ќерката ќе каже дека и` се бендисуваат женски, мнозинството родители ќе си замолкнат и ќе кажат дека се` што сакаат e синот да е среќен/ќерката да е среќна, без разлика која личност ја одбрал(а) за свој(а) животен партнер/животна партнерка.

Точно, 65% од населението во Македонија се декларираат како христијани, но нивната религија еродира со секоја наредна генерација. Прашај ги тие 65% колкумина од нив го имаат прочитано Новиот Завет и колку од нив се држат до учењата на Исус Христос. Едно е тоа што пишува на хартија, а друго е тоа што се случува во пракса, можеби на последниот попис се декларирале како христијани, но во вистинскиот живот нема ни х од христијански живот во нивниот начин на живеење.

И да, како што новопечените татари од Македонија во странство тупат некаква лажна лицемерна и кич патриотштина, така и новопечените христијани во Македонија тупат лажно лицемерно и кич христијанство. Не е поентата само во тоа да се декларираат како христијани и да кажат дека веруваат во Исус, туку и да живеат според неговите начела, а тоа не се обидуваат ни да го одглумат, а камо ли па да го практикуваат во вистинскиот живот.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Е сега со последнава реченица ме насмеа, ова не важи само за Македонија, туку насекаде низ светот сите кои не се либерални левичари - или левичарски либерали, сеедно - ги осудуваат абортусот и браковите помеѓу истополови партнери, но сепак кога момата непланирано и/или неочекувано ќе забремени, наредната станица и` е најблиската клиника за абортус - секоја им чест на исклучоците - а кога синот ќе каже дека му се бендисуваат машки, или ќерката ќе каже дека и` се бендисуваат женски, мнозинството родители ќе си замолкнат и ќе кажат само дека сакаат синот да е среќен/ќерката да е среќна, без разлика која личност ја одбрал(а) за свој(а) животен партнер/животна партнерка.

Точно, 65% од населението во Македонија се декларираат како христијани, но нивната религија еродира со секоја наредна генерација. Прашај ги тие 65% колкумина од нив го имаат прочитано Новиот Завет и колку од нив се држат до учењата на Исус Христос. Едно е тоа што пишува на хартија, а друго е тоа што се случува во пракса, можеби на последниот попис се декларирале како христијани, но во вистинскиот живот нема ни х од христијански живот во нивниот начин на живеење.

И да, како што новопечените татари од Македонија во странство тупат некаква лажна лицемерна и кич патриотштина, така и новопечените христијани во Македонија тупат лажно лицемерно и кич христијанство. Не е поентата само во тоа да се декларираат како христијани и да кажат дека веруваат во Исус, туку и да живеат според неговите начела, а тоа не се обидуваат ни да го одглумат, а камо ли па да го практикуваат во вистинскиот живот.
А на што се базира осудувањето на абортус и хомосексуални бракови? На религија. Господ рекол дека абортусот е убиство. Господ рекол дека маж не смее да легне со маж.
Македонија има 2 милиони жители. Повеќето жители не поддржуваат ниту абортус ниту хомосексуални бракови. Се абортираат 4000, дупло повеќе па се венчаат.
Повеќето го немаат прочитано Новиот Завет, и ко што реков, повеќето ги следат поголемите правила, ги вршат поголемите обреди, венчавки, погреби, крштевки итн. Све е тоа дел од христијанството. Све тоа е дел од животот каков што го налага Христос.
Точно се знае што е потребно за да бидеш христијанин. Да го прифатиш Исус како спасител. Тоа подразбира прифаќање дека си грешен, и дека сите гревови освен богохулие против Светиот Дух се проштеваат доколку се покаеш. Све друго е optional.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.420
Поени од реакции
23.278
Finland stabbings: Man shot and held after Turku attacks

Ова го најдов на интернационален форум кај што сум активен, еден Фински член тврди дека татко на пријател бил сведок на нападот :
My father's friend was in Turku as he visits the city often from his home city of Vantaa to see his brother. He saw the stabbing and the man yelled Allahu Akubar.
Апдејт :
Turku university hospital reports having received 8 persons in relation to the attack. 1 deceased, 3 are being operated on.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.096
Поени од реакции
12.664
А на што се базира осудувањето на абортус и хомосексуални бракови? На религија. Господ рекол дека абортусот е убиство. Господ рекол дека маж не смее да легне со маж.
Македонија има 2 милиони жители. Повеќето жители не поддржуваат ниту абортус ниту хомосексуални бракови. Се абортираат 4000, дупло повеќе па се венчаат.
Повеќето го немаат прочитано Новиот Завет, и ко што реков, повеќето ги следат поголемите правила, ги вршат поголемите обреди, венчавки, погреби, крштевки итн. Све е тоа дел од христијанството. Све тоа е дел од животот каков што го налага Христос.
Точно се знае што е потребно за да бидеш христијанин. Да го прифатиш Исус како спасител. Тоа подразбира прифаќање дека си грешен, и дека сите гревови освен богохулие против Светиот Дух се проштеваат доколку се покаеш. Све друго е optional.
Е ова воопшто не ти држи вода, бидејќи има и други религии кои воопшто не ги осудуваат ниту абортусот, ниту хомосексуалноста, за кои исто така не помнам воопшто да се спомнати во Новиот Завет, но сепак има припадници на тие други религии кои се против абортусот и/или хомосексуалноста.

Има и атеисти и агностици кои се против абортусот и/или хомосексуалноста, само немој да велиш дека се израснати од родители верници, па затоа се против абортусот и/или хомосексуалноста, бидејќи има и луѓе кои се декларираат како христијани, а на кои воопшто не им пречат ниту абортусот, ниту хомосексуалноста - тоа се разбира, ги прави лицемери, а не христијани.

Но ги има и такви како мене кои веруваат дека човекот се размножува полово и дека по таа логика, за здраво размножување и здрав живот, животен партнер на мажот е жената, исто како што животен партнер на жената е мажот. Но сепак воопшто не ги осудувам хомосексуалците и воопшто не ме интересира кој со кого се плеска.

Абортусот го сметам за убиство бидејќи присилно го прекинува природниот развој на организам кој допрва треба да се роди, но истовремено сметам дека жената е таа која има право да одлучува дали ќе го убие тој сеуште неразвиен организам или не.

Можеби ти гледаш на прифаќање на Исус за спасител како декларација за христијанска религиска определба, но во Новиот Завет Исус ги повторува 10-те Божји заповеди од Стариот Завет, што значи дека освен прифаќањето на Исус како спасител, вистинскиот христијанин истовремено не смее да убива, не смее да краде, не смее да сведочи лажно, не смее да врши прељуба, треба да го слави Бога барем еднаш неделно, не смее да го спомнува името Божјо напразно - нешто што слободно можеме да го прогласиме за секојдневна норма кога велиме Боже Господе или Господе Боже или жими Господ, или кога американците извикуваат Oh my God.

И додека можеби тие 65% кои се декларирале како христијани претежно се држат со Божјите заповеди кои забрануваат убиство и кражба, во пракса останатите 8 Божји заповеди ги прекршуваат речиси секојдневно.

Ти ќе кажеш дека тоа е грев, јас ти велам дека тоа е нехристијански начин на живеење, и ако продолжи вака, до крајот на веков христијанството ќе еродира како религија, освен ако се случи некоја нова природна катастрофа за која научната заедница долго време нема да успее да најде решение, па тогаш и атеистот ќе се самопрогласи за верник, можеби не за христијанин, но сепак, тоа не значи дека станал верник само бидејќи преку ноќ се премислил и поверувал во Исус или некој друг спасител, доколку истовремено не живее според начелата и учењата на тој спасител.

За волја на вистината, Кина - која е втора најголема индустриска и економска сила во светот, а отворено и јавно се декларира како атеистичка држава, истовремено е и држава со најголем раст на христијанското население во светот, како и зошто ќе треба да ги прашаш кинеските христијани.
 
Хомосексуалноста се спомнува во Новиот Завет. Кај Римјаните и Коринтјаните. Се опишува како срамен акт, и во 1:27 кај Римјаните се спомнува дека истиот акт се казнува. Абортусот не се спомнува бидејќи не постои како концепт, но се смета за убиство бидејќи христијанството смета дека фетусот е личност од самиот зачеток.
Тоа што некои се про абортус и хомосексуалност а христијани ги прави грешници.

Здрав живот и здраво размножување не одат рака под рака. Не секој сака да има деца.
А ниту пак сексот служи само за размножување. А постојат и хетеро парови кои не можат да имаат деца па посвојуваат. Не е прашањето тука кој со кого се плеска. За бракови е муабетот. Дали треба да имаат бракови и зошто конзервативни партии ја бранат таа легислатива со цитирање на библијата дека бракот може да биде само меѓу маж и жена. Пошто така рекол Господ. Христијанските морални вредности доаѓаат од Господ, не од човекот. Христијаните сметаат дека моралот не би постоел без Господ.
Убиството подразбира човечко суштество кое има или некогаш имало когнитивни способности. Колку што знам, не знаеме точно кога фетус се здобива со овие способности.

Не станува збор за тоа како јас гледам на нормативот кај Христијанството. Ја ти кажувам што кажува библијата за тоа кој е христијанин и кој ќе биде спасен. Сите прекршуваат некоја заповед, сите грешат, све ова го пишува во библијата, и све ќе биде простено доколку го прифатиш Исус како спасител. Тоа е целата поента на неговото жртвување. Умира за да ги искупи гревовите на сите луѓе кои грешеле дотогаш, и сите луѓе кои ќе грешат до армагедон.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Уште еден пример дека религија и држава се опасни по живот. Што побрзо тие две срања ги снема толку подобро.
Уште еден пример дека прогресивците имаат нешто ептен кретенско во нивните гени.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.096
Поени од реакции
12.664
Хомосексуалноста се спомнува во Новиот Завет. Кај Римјаните и Коринтјаните. Се опишува како срамен акт, и во 1:27 кај Римјаните се спомнува дека истиот акт се казнува. Абортусот не се спомнува бидејќи не постои како концепт, но се смета за убиство бидејќи христијанството смета дека фетусот е личност од самиот зачеток.
Тоа што некои се про абортус и хомосексуалност а христијани ги прави грешници.

Здрав живот и здраво размножување не одат рака под рака. Не секој сака да има деца.
А ниту пак сексот служи само за размножување. А постојат и хетеро парови кои не можат да имаат деца па посвојуваат. Не е прашањето тука кој со кого се плеска. За бракови е муабетот. Дали треба да имаат бракови и зошто конзервативни партии ја бранат таа легислатива со цитирање на библијата дека бракот може да биде само меѓу маж и жена. Пошто така рекол Господ. Христијанските морални вредности доаѓаат од Господ, не од човекот. Христијаните сметаат дека моралот не би постоел без Господ.
Убиството подразбира човечко суштество кое има или некогаш имало когнитивни способности. Колку што знам, не знаеме точно кога фетус се здобива со овие способности.

Не станува збор за тоа како јас гледам на нормативот кај Христијанството. Ја ти кажувам што кажува библијата за тоа кој е христијанин и кој ќе биде спасен. Сите прекршуваат некоја заповед, сите грешат, све ова го пишува во библијата, и све ќе биде простено доколку го прифатиш Исус како спасител. Тоа е целата поента на неговото жртвување. Умира за да ги искупи гревовите на сите луѓе кои грешеле дотогаш, и сите луѓе кои ќе грешат до армагедон.
Очигледно ти подетално го толкуваш Новиот Завет, јас го толкувам единствено според 4-те Евангелија.

Кога сме кај политичките партии, секогаш ќе ги има такви кои ќе поддржуваат едни верувања и други кои ќе поддржуваат спротивни верувања, денес таканаречените конзервативци или моралисти се повикуваат на Библијата, утре ќе се повикуваат на нешто друго. Ете малиот Ацета Велики ја нападнал Персија за да ги одмазди грчките пагански храмови кои Персијците ги запалиле за време на нивната инвазија на Грција, ете кои вредности ги бранел малиот Аце.

И еве ги очигледните различни начини на размислувања за абортусот - ти велиш дека убиство е ако жртвата има когнитивни способности, јас велам дека убиство е ако жртвата е жив организам - од мојава гледна точка и веганите ќе почнат да гладуваат кога ќе откријат дека растенијата исто така се живи организми.

Но бидејќи веќе отидовме малку премногу оф-топик, ај да се согласиме дека во секуларните општества религијата повеќе е формалност отколку што е начин на живеење, наспроти теократските општества кои претежно произведуваат религиски фанатици кои вршат злосторства како вчерашниот терористички напад во Барселона.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.313
Поени од реакции
15.479
Finland stabbings: Man shot and held after Turku attacks

Ова го најдов на интернационален форум кај што сум активен, еден Фински член тврди дека татко на пријател бил сведок на нападот :

Апдејт :
Ova pomina nezabeležitelno poradi napadot vo Barselona. Ovoj "račno" rabotel......so nož
http://www.time.mk/c/2582569f43/finskata-policija-zastrela-covek-koj-probodi-nekolku-lugje-vo-turku.html
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.313
Поени од реакции
15.479
Не се тоа Македонци другар.
Policija otkriva:Zašto su teroristi na brzinu seli u kombi
Barselona -- Osimnjičeni za terorističke napade u Španiji planirali su napad još većih razmera, ali su sprečeni u svojim planovima zbog čega su bili prinuđeni da deluju brzo

To je saopštila španska policija, prenosi AFP.

Osumnjičeni su pripremali jedan ili nekoliko napada u Barseloni, a eksplozija u jednoj kući u Alkanaru, stotinak kilometara od prestonice, je sprečila njihove planove, jer nisu više imali materijala koji im je bio potreban za izvođenje napada većih razmera, saopštila je policija u Kataloniji.

Napadi u Španiji u kojima je živote izgubilo 14 osoba planirani su iz grada Alkanara, prenosi Rojters prema informacijama policije.

Eksplozija u jednoj kući u Alkanaru u sredu uveče u kojoj je jedna osoba poginula, posledica je pokušaja da se naprave eksplozivni uređaji, saopštila je policija.

Tri osobe uhapšene za napade u Španiji su Marokanci, dok je četvrta španske nacionalnosti, a niko od njih do sad nije bio sumnjičen za terorističke aktivnosti, prenosi Rojters.

Osumnjičeni imaju između 21 i 34 godina, a policija je saopštila da još uvek nije identifikovala vozača kombija koji je u Barseloni na trgu uleteo na šetalište. Katalonska policija potvrdila je da je vozač kombija koji je usmrtio 14 osoba u Barseloni jedan od petoro terorista koje je policija usmrtila u gradu Kambrils
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
Изгледа не ми ја разбра поентата. Со програмата на новата влада за населување мигранти без темелна проверка на нивниот идентитет, прашање на време е кога ќе почнат да се случуваат вакви работи.
а бомби ние ќе им даваме или они ќе си носат?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom