- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.096
- Поени од реакции
- 12.664
Е сега со последнава реченица ме насмеа, па тоа не важи само за Македонија, туку насекаде низ светот сите кои не се либерални левичари - или левичарски либерали, сеедно - ги осудуваат абортусот и браковите помеѓу истополови партнери, но сепак кога момата непланирано и/или неочекувано ќе забремени, наредната станица и` е најблиската клиника за абортус - секоја им чест на исклучоците - а кога синот ќе каже дека му се бендисуваат машки, или ќерката ќе каже дека и` се бендисуваат женски, мнозинството родители ќе си замолкнат и ќе кажат дека се` што сакаат e синот да е среќен/ќерката да е среќна, без разлика која личност ја одбрал(а) за свој(а) животен партнер/животна партнерка.Различна е работата. Овие што вадат блгарски пасоши тоа го прават од немајкаде, али тоа не значи дека веќе не се чувствуваат како Македонци. Кога одат во странство, живеат во Македонски гета, зборат македонски итн, тупат некоја патриотштина која што мене лично ми е троа лицемерна и кич, али јебига, ако така се осеќа, негово си е. Можеш да си ја сакаш државата и доколку не живееш во неа, сегде може да те однесе животот а Македонецот бил печалбар од памтивек.
За христијанинот нема ќар да се откаже од верата. Ветен му е вечен живот, мед и млеко, рај итн.
Инаку во книгата од Матеј, 10та глава, кога Исус ги подучува апостолите пред да ги испрати да проповедаат меѓу евреите, им раскажува дека неговите учења ќе доведат до раздор помеѓу најблиски како брат со брат и меѓудругото во 10:34 спомнува дека не е дојден да донесе мир, туку меч.
Ехе некоја ако отишла во Дубаи или Турција за пари таму од авион штом ќе излезе ќе ја забулат, ќе ја затворат во едно сопче дома да седи дур не и го исперат мозочето. Ако нејќе да пие киселина во фаца секако. Психолошка тортура низ брутален peer pressure.Најсилното оружје на исламот.
Точно е дека денес црквите се празни, али поповите не се баш сиромашни. И тоа е мањебитно, бидејќи ко што реков, верата се пренесува од колено на колено, од семејство на семејство. 65% од населението во Македонија се декларираат како Христијани. Ако не друго, веруваат во Господ и Исус како спасител. Си излегуваат младите во кафичи и дискотеки, во црква идат само за божиќ и велигден па ипак прашај ги што мислат за абортус и хомосексуални бракови.
Точно, 65% од населението во Македонија се декларираат како христијани, но нивната религија еродира со секоја наредна генерација. Прашај ги тие 65% колкумина од нив го имаат прочитано Новиот Завет и колку од нив се држат до учењата на Исус Христос. Едно е тоа што пишува на хартија, а друго е тоа што се случува во пракса, можеби на последниот попис се декларирале како христијани, но во вистинскиот живот нема ни х од христијански живот во нивниот начин на живеење.
И да, како што новопечените татари од Македонија во странство тупат некаква лажна лицемерна и кич патриотштина, така и новопечените христијани во Македонија тупат лажно лицемерно и кич христијанство. Не е поентата само во тоа да се декларираат како христијани и да кажат дека веруваат во Исус, туку и да живеат според неговите начела, а тоа не се обидуваат ни да го одглумат, а камо ли па да го практикуваат во вистинскиот живот.
Последно уредено: